Зинедин Зидан и Луис Енрике се кандидати за селектор на португалската репрезентација, тврди весникот „А Бола“. По одбивањето на Жозе Мурињо да работи со португалската репрезентација, главни кандидати за оваа функција се Зинедин Зидан, кој претходно работеше со Реал Мадрид и Луис Енрике, кој ја напушти шпанската репрезентација по Мундијалот во Катар.
Author: saso
Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте навести дека на утрешниот натпревар против Брентфорд на традиционалниот англиски „Боксинг деј“ ќе користи само играчи кои не играле на Светското првенство во Катар. Премиер лигата продолжува во понеделник, само осум дена по одигрувањето на финалето во Катар. Французинот Уго Лорис и Аргентинецот Кристијан Ромеро сигурно нема да играат, а веројатно и повеќето играчи кои настапија на турнирот. „Јас не сум среќен. Всушност, од една страна, среќен сум затоа што клубот имаше 12 играчи на Светското првенство, но нема да биде лесно бидејќи беше во текот на сезоната и физички не можат да бидат на…
Адвокат од Оман е подготвен да издвои милион евра за проѕирната традиционална арапска мантија, бишта, во која најдобриот фудбалер на последното Светско првенство, Лионел Меси, го крена пехарот на светскиот шампионат во Катар. „Мој пријателу Меси, честитки за победата. Ти нудам еден милион евра за биштата“, напиша Ахмед Ал Барвани на својот Твитер профил. Како што нагласи адвокатот во интервју за оманскиот медиум The National, биштата, која обично ја носат само членовите на кралското семејство, достоинствениците или се користи во свечени прилики, заслужува посебно место во историјата на арапскиот свет.
Анхел Ди Марија ќе продолжи да игра за репрезентацијата на Аргентина. Според TyC Sports, 34-годишниот играч од средниот ред на Јувентус нема да ја заврши кариерата во националниот тим. Лионел Меси исто така сакал Ди Марија да продолжи да игра за Аргентина. Анхел претходно изјави дека Светското првенство во Катар во 2022 година може да биде неговиот последен турнир во репрезентацијата.
Кристијано Роналдо слета во Ријад во Саудиска Арабија, каде најверојатно ќе го финализира трансферот во екипата на Ал Наср. Тој изминатиов период тренираше во Мадрид со Реал Мадрид, но крајната дестинација ќе му биде С. Арабија, од каде ја доби единствената понуда за продолжување на кариерата со големи финансиски придобивки. Денеска тој е „уловен“ од камери на аеродромот во Ријад во Саудиска Арабија, па наскоро се очекуваат и официјално вести за евентуалниот трансфер.
Денес во хотел Парк се одржа Форумот на спортисти, 2022 година во чии рамки се разговараше околу застапеноста на спортистите во процесите на одлучување и креирање на спортски политики. Искусни спортисти и спортистки, претставници на националните спортски федерации и експерти дискутираа околу унапредување на работата на Комисијата за спортисти и клучната улога во застапување на интересите на спортистите. Дел од заклучоците и следни чекори 1. Формирање на Комисија за спортисти во сите национални спортски федерации 2. Поголема информираност и едукација околу правата на спортистите 3. Проактивна работа и креирање на програма на Комисијата за спортисти при МОК за 2023 Спортистите…
Селекторот Лазаров на денешниот прв собир со ракометарите, изнесе и дел од своите очекувања за СП. „Ова е почеток на подготовките. Имавме тешка задача да се пласираме на ова СП. За првпат имавме два баражи против екстра квалитетни репрезентации, но ние успеавме во нашата цел. Успеавме во еден процес каде имаме комплетна промена на репрезентацијата и навостина сум горд што успеавме да го задржиме континуитетот на настапи на СП. Сега е нов предизвик. Имаме многу подмладена репрезентација. Имаме талентиран тим, малку неисусен за вакво натпреварување, но имаме време за подготовки. Ќе бидеме комплети, само Митревски доаѓа на 23 декември и…
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино сака Светското првенство да се одржува на секои три години како дел од долгорочниот план за револуција во меѓународниот фудбал. Инфантино е убеден дека организирањето на Светското првенство среде зима во Европа се покажало како добра промена на играта. И покрај стравувањата од исцрпеност на играчите и масовни повреди во Катар, фудбалот обезбеди привлечен спектакл, при што генерираше и рекордни приходи од 6,2 милијарди фунти, што е зголемување од 840 милиони фунти во однос на Светското првенство во Русија во 2018 година. Долгорочната амбиција на Инфантино е да воспостави нов турнирски циклус, во кој Светското…
По болниот пораз од Аргентина во финалето на Светското првенство во 2022 година, селекторот Дидие Дешамп одби да ја коментира својата иднина. Неговиот договор со Француската фудбалска федерација истекува на крајот на годината, а претседателот Ноел Ле Грае сака да се обнови договорот. Според „Л’Екип“, Дешамп ќе се согласи, но ќе инсистира да ја води селекцијата на Светското првенство во 2026 година, а не само на Евро 2024 година. Во наредните денови се очекува средба меѓу стратегот и Ле Грае на која ќе се разговара за деталите од новиот договор.
Фудбалскиот свет е загрижен за Џанлука Вијали. Десната рака на селекторот на Италија Роберто Манчини е хоспитализиран во Лондон поради влошување на неговата здравствена состојба. Неговата мајка Марија Тереза заминала од Кремона за Англија. Поранешниот фудбалер веќе пет години се бори со рак на панкреасот, а сега се наоѓа на клиниката каде што веќе беше подложен на два циклуса на хемотерапија за ракот откриен во 2017 година. Пред неколку дена поранешниот напаѓач на Сампдорија, Јувентус и Челзи најави пауза од националниот тим за целосно да се посвети на лекувањето. Она на што никој не се надеваше е дека болеста се…
