Author: saso

Фудбалот го загуби својот крал. Најголемиот играч во историјата, Бразилецот Пеле почина денеска на 82-годишна возраст. Пеле имаше седум деца и беше во брак со Марсија Аоки. Од неговиот прв брак, со Роземери Чолби, се родија Кели Кристина, Едињо и Џенифер. Поранешниот играч е и татко на близнаците Џошуа и Селест, од врската со психологот Асирија Лемос. Покрај овие, Пеле има и две ќерки вонбрачно: Сандра Реџина, која доби признание за татковство од страна на Пеле, но која почина во 2006 година, и Флавија. Најдобриот фудбалер на сите времиња за националниот тим дебитираше во 1957 година на натпреварот од Копа…

Read More

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина на 82-годишна возраст откакоја загуби битката со ракот. „Кралот на фудбалот“ беше единствениот трикратен Светски шампион како играч. Претходно, роднините на фудбалерот почнаа да се збогуваат со него. Во Бразил веќе почнаа да се подготвуваат за погребот. Болеста беше откриена во 2021 година, по што 82-годишниот Бразилец беше подложен на хемотерапија, но потоа телото престана да реагира на неа. Погребот ќе биде во Сантос, но се уште се чека официјално соопштение од семејството.

Read More

Македонската ракометна федерација денеска на прес-конференција ги откри деталите за мечот на деценијата меѓу поранешните и сегашните репрезентативци. Спортскиот настан „Сите ѕвезди“ ќе се случи на 3 јануари во СЦ „Борис Трајковски“ истиот ќе биде од хуманитарен карактер, средствата собрани од продажба на билетите кои веќе одамна се во продажба ќе бидат донирани во СОС Детско село. Со овој спектакуларен натпревар, РФМ ќе им оддаде почит на сите оние големи ракометни имиња кои низ годините придонесуваа за среќните спортски репрезентативни денови. На денешната прес-конференција беа присутни Живко Мукаетов, Претседател на РФМ, Ванчо Димовски и Стојанче Стоилов – Претставници на ракометните…

Read More

Со денешните квалификации во Оберсдорф, најдобрите ски-скокачи во Германија и Австрија ги почнуваат настапите на годинашното издание на новогодишната турнеја „4 скокалници“. Полјакот Давид Кубачки ќе пристигне како прв фаворит, откако освои четири победи во Светскиот куп оваа сезона. Јапонецот Кобајаши минатата година за малку не успеа да стане првиот човек кој обезбедил две последователни победи на турнејата со триумфи на сите скокалници. Годинава очигледно конкуренцијата ќе биде поизразена и останува да видиме кој може да му се приклучи на Кубачки во трката за победата. Утре во Оберсдорф е првиот официјален натпревар, по што турнејата се сели на првиот ден…

Read More

Индија планира да се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри во 2036 година, изјави министерот за спорт на оваа земја, Анураг Такур. „Доколку Индија успее да го преземе претседавањето со Г20 во толку големи размери, сигурен сум дека владата ќе може да учествува во организацијата на Олимписките игри заедно со Индиската олимписка асоцијација. До 2032 година се е пополнето, но имаме надеж дека може да ги донесеме Игрите во Индија во 2036 година. Уверен сум дека Индија ќе биде подготвена за Олимпијадата“, рече Такур. Претходно меѓу кандидатите за домаќини на Олимпијадата во 2036 година беа именувани Мексико, Јужна Кореја,…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола објави дека клубот не планира да направи сериозна селекција на нови играчи во текот на јануарскиот преоден рок. Шпанскиот стручњак е задоволен од составот со кој располага и не разговарал со шефовите за купување на нови играчи во оваа фаза. „Не, не очекувам нови засилувања. Мислам дека со овој состав ќе ја завршиме сезоната“, призна Гвардиола.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, наводно, се стреми кон потпишување нов договор со клубот -и покрај стравувањата дека ќе замине како слободен играч на крајот на сезоната и ќе се пресели во САД во тамошната МЛС лига. Шпанецот во моментов е играч со најдолг стаж во тимот и капитен на клубот, но неговиот договор истекува на крајот од сезоната. Тој веќе го објави своето повлекување од репрезентацијата на Шпанија по Светското првенство, а некои луѓе во клубот сметаа дека тој најверојатно ќе си оди и од Барселона. Но, сега ситуацијата „радикално се промени“ по разговорите со неговиот…

Read More
NBA

По едно продолжение, Далас на домашен терен славеше против Њујорк Никс со 126:121, благодарение на неверојатната партија на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ. Во последните 33 секунди од регуларниот дел од натпреварот Њујорк влезе со девет поени разлика (112:103), за домашните во возбудлива завршница да стигнат до продолжение. Дончиќ отиде на линијата за слободни фрлања на 4,2 секунди до крајот, го погоди првиот шут, а потоа намерно го промаши вториот. Словенечкиот играч на секунда пред крајот успеа да дојде до топката и да постигне кош за реми, 115:115. Во продолжението Дончиќ со седум поени го предводеше својот тим до четвртата последователна…

Read More

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли се уште верува дека тимот може да ја одбрани титулата во Серија А и покрај тоа што има осум бода помалку од водечкиот Наполи. „Росонерите“минатата сезона го осбоија Скудетото за првпат од сезоната 2010/2011 година. „Мора да продолжиме да веруваме дека можеме да станеме шампиони оваа сезона, тоа е вистинскиот пат. Ако Наполи продолжи во исто темпо, тогаш може да стигне и до 100 бода и секако тогаш ќе им честитаме, но мора да размислуваме за освојување многу бодови во продолжението на сезоната. Минатата година ни требаа 86 за титула, можеби ќе треба повеќе оваа…

Read More

Дејан Кулушевски е прогласен за најдобар фудбалер во Шведска за 2022 година. Од јануари, 22-годишниот крилен напаѓач на Јувентус настапува за Тотенхем како позајмен до јуни 2023 година. Кулушевски во изминатата година одигра 7 натпревари за шведската репрезентација во квалификациите за Лигата на нации и СП 2022, при што постигна 1 гол и 3 асистенции. На 10 натпревари во Премиер лигата оваа сезона има 1 гол и 5 асистенции.

Read More