Author: saso

Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации денеска ќе ги доделат наградите за најдобрите спортисти во Македонија во 2022 година. Традиционално, ќе бидат прогласени најдобрите спортисти во сениорска и младинска конкуренција, најуспешниот машки и женски национален тим, најуспешниот тренер или селектор, како и најуспешната национална спортска федерација.            

Read More

На синоќешното доделување на наградите на најдобрите во македонскат акошарка за 2022 година, без поголема конкуренција, титулата з анајдобар кошаркар му припадна на Војдан Стојановски. Капитенот на нашиот национален тим, и лидер на МЗТ Скопје во изминатата сезона, ја прими наградата и истакна дека е горд што уште еднаш добива вакво признание. „Многу сум горд. Некако знаев дека пред крајот на кариерата ќе се вратам да играм во Македонија. Многу ми е мерак и многу ми е мило што бележиме успеси со МЗТ Скопје и со репрезентацијата што ја претставуваме Македонија во АБА. Се надевам дека ќе ги оствариме тие…

Read More

Манчестер Сити продолжува да бара опција за ангажирање на напаѓачот на Милан, Рафаел Леао. Англискиот клуб е подготвен да го понуди своето крило Џек Грилиш во замена за Португалецот, информираат извори од Италија. Според информациите, Милан прифаќа размена за Грилиш, но ќе бара и дополнителен кеш за Леао. Според раководството на „Росонерите“, платата на Грилиш во Сити е надуена, а Рафаел Леао има огромен потенцијал за раст поради неговата возраст. Сега на потег се двете раководства кои треба да најдат модус за комплетирање на размената.

Read More
NBA

Кошаркарите на Бруклин го победија Кливленд со 125:117 и ја постигнаа деветтата последователна победа во НБА лигата. Нетси ги предводеа Кевин Дурент со 32 поени, девет скока и пет асистенции и Кајри Ирвинг со 32 поени, пет асистенции и четири скока. Ирвинг постигна седум тројки и две клучни слободни фрлања на 41,1 секунда до крајот. За Бруклин ова беше 13-та победа во последните 14 натпревари, а Дурент го помина Тим Данкан (26.496) на 15-тото место на вечната листа на најдобри стрелци во НБА историјата. Лос Анџелес Клиперс го победија Детроит со 142:131 по продолжение, откако постигна 14 поени во последните…

Read More

Атлетико Мадрид е заинтересиран за продолжување на соработката со играчот од средниот ред Аксел Витсел и има намера да го активира условот за продолжување на договорот до летото 2024 година. Витсел му се приклучи на шпанскиот клуб во летото 2022 година како слободен фудалер. На 28 натпревари, белгискиот играч за врска има постигнато еден гол и една асистенција.

Read More

Напаѓачот на ПСВ Ајндховен, Коди Гакпо, кариерата ќе ја продолжи во Ливерпул, соопшти и официјално холандскиот клуб. Преселбата ќе се случи по отворањето на зимскиот преоден рок во Англија. Веќе денеска или најдоцна утре 23-годишниот фудбалер ќе отпатува во Англија за да потпише документи и да ги помине потребните процедури пред трансферот. Деталите од зделката не се откриени, но ПСВ објави дека ова ќе биде рекорден трансфер за нив.

Read More

Суперѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс најверојатно ќе се појави на паркетот вечерва за божиќниот натпревар против Далас. Четирикратниот шампион во НБА, кој следната недела наполни 38 години, има проблеми со левиот зглоб. Ако Џејмс излезе на теренот, ќе го собори рекордот на Коби Брајант за најмногу одиграни натпревари на Божиќ. За него овој божиќен меч би можел да биде 17-ти во кариерата.

Read More
NBA

Суперѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс најверојатно ќе се појави на паркетот вечерва за божиќниот натпревар против Далас. Четирикратниот шампион во НБА, кој следната недела наполни 38 години, има проблеми со левиот зглоб. Ако Џејмс излезе на теренот, ќе го собори рекордот на Коби Брајант за најмногу одиграни натпревари на Божиќ. За него овој божиќен меч би можел да биде 17-ти во кариерата.

Read More

Атлетико е подготвен да го позајми Жоао Феликс до крајот на сезоната без право на откуп. Клубот од Мадрид сака да добие 9 милиони евра како исплата за позајмица со што сигурно ќе успее да покрие дел од минусите во клупската каса. Дополнително, „јорганџиите“ сакаат клубот кој ќе потпише со Феликс да ја преземе неговата плата во целост. Манчестер Јунајтед и Арсенал засега имаат најголеми шанси да го ангажираат португалски репрезентативец. Оваа сезона Жоао постигна 4 гола и реализираше 3 асистенции на 18 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања.

Read More

Тренерот на Барселона Чави ќе се обиде да го убеди Серхио Бускетс да остане во Барселона и следната сезона. Шпански „АС“ тврди дека главниот тренер на Барселона ќе се сретне со играчот од средниот ред во следните неколку дена за да дознае какви се неговите планови за во иднина. Сите во клубот, од играчи до директори, чувствуваат дека Бускетс сака да си замине на лето кога ќе му истече актуелниот договор со Барса. Чави ќе се обиде да влијае на одлуката и да го убеди дека за него има сигурно место во тимот.

Read More