Кошаркарите на Бруклин го победија Кливленд со 125:117 и ја постигнаа деветтата последователна победа во НБА лигата. Нетси ги предводеа Кевин Дурент со 32 поени, девет скока и пет асистенции и Кајри Ирвинг со 32 поени, пет асистенции и четири скока. Ирвинг постигна седум тројки и две клучни слободни фрлања на 41,1 секунда до крајот. За Бруклин ова беше 13-та победа во последните 14 натпревари, а Дурент го помина Тим Данкан (26.496) на 15-тото место на вечната листа на најдобри стрелци во НБА историјата.
Лос Анџелес Клиперс го победија Детроит со 142:131 по продолжение, откако постигна 14 поени во последните три минути од продолжението. Пол Џорџ беше најефикасен во победничкиот тим со 32 поени и 11 асистенции.
Мајами – Минесота 113:110
Њу Орлеанс – Индијана 113:93
Сан Антонио – Јута 126:122
Чикаго – Хјустон 118:133
Портланд – Шарлот 124:113
Детроит – ЛА Клиперс 131:142 по продолжение
Кливленд – Бруклин 117:125