Ковчегот со телото на легендарниот бразилски фудбалер Пеле беше донесен од болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло на стадионот на Сантос. Пеле почина во четвртокот, на 82 години, по долга борба со ракот на дебелото црево. Според информациите кои ги објави Сантос, ковчегот ќе биде поставен во централниот круг на тревникот на стадионот „Урбано Калдеира“, попознат како „Вила Белмиро“. Навивачите ќе можат да поминат покрај ковчегот на растојание од околу пет метри. Според најавите, новоизбраниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва ќе дојде да му оддаде почит на фудбалскиот великан. Погребот ќе биде утре на Меморијалните гробишта „Екуменика“.
Author: saso
И во новата година ви посакуваме многу здравје, љубов и успех на сите полиња. Слушајте го срцето и вашето Спортско радио. Среќна нова 2023 година!
Во воведниот натпревар од петочниот распоред на АБА-лигата, македонскиот првак МЗТ Скопје ќе биде гостин кај Цибона во арена „Дражен Петровиќ“ во Загреб. Ова ќе биде дуел на два тима кои се обидуваат да ја поправат формата по лошиот почеток на сезоната. Додека Цибона врза две победи во низа и дојде до 5 триумфа во 12 одиграни меча, МЗТ Скопје е во серија од 4 последователни порази. Аеродромци се моментално осамени на самото дно на табелата со само две победи и очајно посакуваат да ја прекинат серијата порази со цел бекство од опасната зона на табелата. Новиот предводник на „штрковите“,…
Арсенал најверојатно ќе испрати нова понуда за трансфер на Михаило Мудрик од Шахтјор. Според „Тајмс“, откако Шахтјор одби да го продаде 21-годишниот крилен напаѓач за 45 милиони фунти (околу 50 милиони евра), лондонскиот клуб размислува да испрати подобрена понуда за него. Шахтјор е подготвен да го продаде Мудрик во јануари, но само за цената од околу 80 милиони фунти (околу 90 милиони евра). Арсенал не сака да ја плати целата сума, па новата подобрена понуда веројатно ќе биде околу 60 милиони евра. Вчера продолжија преговорите меѓу двата тима.
Кристијано Роналдо се врати во Мадрид, пренесуваат медиумите во Шпанија. Португалската ѕвезда, кој остана без тим по разделбата со Манчестер Јунајтед по неговото скандалозно интервју, е забележан на улиците на Мадрид. Тој возел по улиците на шпанската престолнина со Ролс Ројс, што предизвика сериозни полемики на социјалните мрежи. И натаму останува неизвесно дали Роналдо и официјално ќе му се приклучи на Ал Наср во Саудиска Арабија, по сите најави за негов трансфер во оваа земја.
Погребната церемонија на легендарниот бразилски напаѓач Пеле ќе се одржи на 2 јануари. Ова го соопшти прес-службата на Сантос, матичниот клуб на „кралот на фудбалот“. Телото на Пеле ќе биде однесено од болницата на стадионот „Вила Белмиро“ во понеделник на 2 јануари во утринските часови. Ковчегот ќе биде поставен на центарот на теренот. Масовните настани ќе започнат во 10 часот по локално време, а прошталната церемонија ќе трае до 10 часот следниот ден. Навивачите кои ќе дојдат да се простат од Пеле нема да можат да се приближат до ковчегот за да го допрат. На погребот ќе има различно ниво…
Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ направи уште едно историско достигнување во НБА лигата. На последните два натпревари постигна 95 поени, забележа 33 скока и 23 асистенции. Претходно ниту еден НБА играч не успеал да постигне вакви статистички показатели на две средби по ред. Синоќа Далас играше со Хјустон Рокетс и славеше со резултат 129:114. Дончиќ постигна 35 поени, 12 скока и 13 асистенции. Претходно на натпреварот против Њујорк Никс (126:121) постигна 60 поени, а забележа и 21 скок и 10 асистенции.
Челзи засилено работи на трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика. Ккао што соопшти новинарот Фабрицио Романо, лондонскиот клуб сега е во директни преговори со Бенфика за ангажирање на 21-годишниот играч од средниот ред. Наместо да плати ослободителна клаузула, Челзи е подготвен да понуди „огромна сума“ за играчот, но Бенфика, како и досега, продолжува да инсистира целосно да се плати клаузулата од 120 милиони евра. Фернандез веќе се согласи за преселба во Челзи. Ливерпул и Манчестер Јунајтед се уште немаат дадено понуда за Енцо иако се зборуваше дека се заинтересирани за Аргентинецот.
Адриен Рабио е подготвен да го продолжи договорот со Јувентус, но само под услов да му се зголеми платата. Моментално, 27-годишниот играч за врска на француската репрезентација заработува 7 милиони евра годишно плус 2 милиони бонуси, додека неговата мајка и агент бараат зголемување на платата на 10 милиони по сезона. На крајот на оваа сезона Рабио може да стане слободен агент. Два клуба од Премиер лигата веќе изразија интерес да го ангажираат бесплатно во летото 2023 година, па Јувентус бара начин како да го задржи во тимот со нов договор.
Бразил прогласи тридневна жалост поради смртта на Пеле. Соодветниот декрет, кој стапува на сила на 29 декември, го издаде претседателот Жаир Болсонаро. Трикратниот светски шампион Пеле почина вчера на 82-годишна возраст. Пеле е единствениот играч во историјата кој го освоил Светското првенство трипати како играч (во 1958, 1962 и 1970 година).
