Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ направи уште едно историско достигнување во НБА лигата. На последните два натпревари постигна 95 поени, забележа 33 скока и 23 асистенции. Претходно ниту еден НБА играч не успеал да постигне вакви статистички показатели на две средби по ред.
Синоќа Далас играше со Хјустон Рокетс и славеше со резултат 129:114. Дончиќ постигна 35 поени, 12 скока и 13 асистенции. Претходно на натпреварот против Њујорк Никс (126:121) постигна 60 поени, а забележа и 21 скок и 10 асистенции.