Македонската ракометна репрезентација денеска во Краков, го почнува настапот на 28. Светско првенство, кое заедно го организираат Полска и Шведска. Македонските ракометари вчера пристигнаа во полска и веќе одржаа тренинг во „Таурон Арена“, местото каде вечерва од 20:30 часот против Норвешка го играме воведниот натпревар во групната фаза. Во претходните пет дуели, македонската репрезентација има една победа и едно реми против Норвешка, која е апсолутен фаворит во групата. Претходно во рамките на истата група ќе играат Аргентина и Холандија од 18 часот.
Author: saso
Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру сака да го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 2025 година. Според италијанскиот новинар Николо Шира, раководството на Милан ќе се сретне со агентот на Жиру во следните неколку недели за да разговараат за продолжување на договорот. Двете страни се заинтересирани за продолжување на соработката. Платата на Французинот според новиот договор би можела да биде 4 милиони евра, а самиот француски напаѓач сакаше да потпише договор до 2025 година. Жиру (36) е во Милан од 2021 година и веќе постигна 23 гола и запиша девет асистенции на 60 натпревари за „росонерите“.
Густаво Алфаро го напушти селекторското место во репрезентацијата на Еквадор, соопшти тамошната Федерација. Еквадор испадна од групната фаза на Светското првенство по поразот од Сенегал со 2-1. Според локалните медиуми, Федерацијата изразила желба да го продолжи договорот со тренерот, но тој ја одбил понудата. „Разговорите меѓу федерацијата и Густаво Алфаро траеја неколку месеци. Донесовме заедничка одлука дека е време да ги разгледаме другите опции и да процениме дали има посоодветна личност за развој на националниот тим“, соопштија од ФЕФ.
Голманот на Порто, Диого Коста би можел да се пресели во Бундеслигата. Според новинарот Бруно Андраде, за играчот е заинтересиран Баерн, кој сака да се засили на голманската позиција во јануари, но е подготвен да почека и до лето доколку има потреба. Договорот на португалскиот репрезентативец со неговиот клуб е со важност до 2027 година, а сумата за раскинување на соработката е 75 милиони евра. На СП 2022 во Катар, Диого беше прв голман на Португалија и играше на сите 5 натпревари.
Се повеќе луѓе предлагаат некои модификации и промени за да се револуционизира фудбалската игра. Некои се целосно апсурдни, додека некои имаат смисла. Германскиот бундеслигашки судија Патрик Итрих ги сподели своите размислувања како да се подобри фудбалската игра со неколку модификации кои можат да им ја олеснат работата и на судиите. Според Итрих, првата промена треба да се однесува на тактички фаули на средината на теренот. Според судијата, во овие ситуации слободниот удар треба да биде на 17 метри од голот, што би значело многу помалку вакви прекршоци во фазата на градење на нападите. Според него, во случај на три паѓања…
Формула 1 тимовите почнаа да ги објавуваат датумите за презентација на новите болиди за сезоната 2023 година. Во моментов четири од десетте екипи објавија кога ќе ги промовираат своите нови болиди со кои ќе се борат за што подобар пласман во новата Ф1 сезона. Прв на листата е тимот на Алфа Таури кој промоцијата на болидот АТ04 ја закажа за 11 февруари. Два дена подоцна пред новинарите ќе се појави и Астон мартин со моделот АМР23, а на 14 февруари промоција закажа Ферари. Новиот болид на Алпин. Моделот А523 ќе го видиме на 16 февруари. Предсезонските тестирања ќе се одржат…
32-годишниот холандски репрезентативец Дејли Блинд е блиску до изненадувачка преселба во Баерн Минхен. Холандскиот весник „Телеграф“ денеска пишува дека Блинд е веќе договорен со Баерн (М), само останува да се финализираат некои детали од соработката и тоа треба да се случи денеска или најдоцна викендов. По Мундијалот, германскиот шампион бара алтернатива на позицијата лев бек, затоа што Лукас Ернандез беше сериозно повреден и се очекува да биде надвор од теренот долго време. Блинд кој изненадувачки доби раскин на договорот со Ајакс кон крајот на минатата година, како слободен играч се сели на „Алијанц Арена“.
Македонската ракометна репрезентација денеска отпатува за Хрватска, каде во следните два дена ќе ги одигра последните две пријателски средби пред стартот на Светското првенство. Без Филип Талески, Никола Митревски и Цветан Кузманоски кои останаа во Скопје и ќе работат индивидуално, Лазаров ќе се обиде да извлече максимум од последните две контроли со Хрватска и Израел. Утре од 20.15 часот играме со Хрватска, додека ден подоцна во истиот термин ќе ги одмериме силите и со Израел. По овие два меча, Македонија се враќа во Скопје, каде ќе остане уште неколку дена, по што на 11 јануари заминува за Краков.
Џек Батланд во вториот дел од сезоната ќе игра за Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се договориле со Кристал Палас за трансферот на 29-годишниот англиски голман. Станува збор за позајмица без можност за купување. Батланд денеска би можел да ги има медицинските прегледи во Јунајтед. Оваа сезона голманот на Палас нема одиграно ниту еден натпревар во Премиер лигата.
Корејскиот фудбалски прволигаш Јеонбук Хјундаи Моторс денеска го промовираше некогашниот менаџер на Челзи, Роберто Ди Матео, за нов технички советник во јужнокорејскиот клуб. Последното место на работа за 52-годишниот Италијанец беше местото главен тренер на Астон Вила, на чие чело беше во 2016 година. Оттогаш тој се повлече од активната тренерска работа и чекаше нов предизвик, кој сега го доби во Ј. Кореја. Ди Матео е познат и по работата со Шалке, Вест Бромвич и Челзи, кој чие негово водство ги освои Лигата на шампионите и ФА Купот во 2012 година.
