Author: saso

Еден месец по незаборавното финале на Светското првенство во Катар меѓу Аргентина и Франција, ФИФА ги објави бројките поврзани со ова натпреварување. Финалето, кое Аргентина го доби на пенали, го следеа 88.966 гледачи на стадионот Лусаил во Катар, а покрај нив и уште 1,5 милијарди луѓе ширум светот. Според американска компанија за информации, податоци и мерење пазарот „Нилсен“, Светското првенство го следеле пет милијарди луѓе на различни платформи. Натпреварите на стадионите во Катар ги следеа 3,4 милиони луѓе, повеќе отколку првенството во Русија во 2018 година кое го следеа три милиони гледачи. Во Катар беа постигнати рекордни 172 гола, додека…

Read More

Трансферот на Мемфис Депај од Барселона во Атлетико е блиску до комплетирање. Последните информации утрово велат дека фудбалерот денеска во 8 часот по локално време со приватен лет заминал за Мадрид за да ги помине медицинските прегледи во базата на Атлетико Мадрид. Според инсајдерот Фабрицио Романо, Барселона за напаѓачот ќе добие 3 до 4 милиони евра. Депај ќе потпише договор со Атлетико до јуни 2025 година. Оваа сезона Депај постигна 1 гол на 4 натпревари за Барселона во сите натпреварувања.

Read More

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше исклучително задоволен од играта на неговата екипа во победата од 3:0 над Милан во финалето на италијанскиот Суперкуп во Ријад. „Момците имаа совршен пристап, бевме остри и цврсти во текот на целиот меч. Нашата прва цел сезонава беше да се квалификуваме во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а втората беше овој трофеј. Сега да уживаме во Суперкупот бидејќи да се добие вакво финале против Милан е едноставно прекрасно. Од утре можеме да размислуваме за следните натпревари“, порача Инзаги.

Read More

Македонската ракометна репрезентација доживеа нов дебакл на Светското првенство, откако и во третиот настап во групната фаза доживеа убедлив пораз, овој пат од Аргентина со 35-26. По двата убедливи порази од Норвешка и Холандија, избраниците на Лазаров одиграа уште еден срамен меч и доживеаја вистински нокаут. Најефикасен во составот на Македонија беше Талески со пет голови, Кузмановски и Пешевски постигнаа по четири. За Македонија сегоа останува само да се обиде да го поправи впечатокот на дуелите од т.н. Президент Куп во Плоцк, каде не очекуваат Алжир, Тунис и Мароко за противници во разигрувањето за пласман од 25. до 32. место.

Read More

Селекторот на нашата кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, си замина од позицијата тренер во косовска Трепча. По натпреварот со Сигал Приштина кој Трепча го загуби со 53:88, Јончевски поднесе неотповиклива оставка. „Кошаркарскиот клуб Трепча му се заблагодарува на Јончевски за одличната работа што ја направи на чело на тимот и му посакува големи успеси во текот на кариерата. Јончевски требаше да остане до крајот на првенството, но поради резултатите почувствува морална обврска да поднесе оставка. Клубот ја цени работата што ја направи со тимот, професионалното ниво и максималната посветеност“, се вели во клупското соопштение.

Read More

Австралискиот тенисер Ник Кирјос денеска соопшто дека се повлекува од настапите на Австралија опен поради повреда на коленото. „Ова е еден од најважните турнири во мојата кариера и воопшто не беше лесно да се донесам одлука за повлекување“, изјави 27-годишниот Кирјос на прес-конференцијата. „Целосно сум уништен. Лош тајминг, но тоа е животот. Повредите се дел од спортот. Не се сомневам дека ќе се вратам уште посилен“, додаде тој. Кирјос во првото коло требаше да игра против Русинот Роман Сафиулин, а во ждрепката ќе биде заменет со Американецот Денис Кудла.

Read More

Барселона и Интер се пред реализација на размена на фудбалери, тврдат шпански извори. Според новинарот Жерар Ромеро, клубовите се многу блиску до размена на Мемфис Депај и Хоакин Кореја. Договорот ќе биде затворен само доколку напаѓачот на Барселона даде зелено светло за заминување во Милано. Претходно беше објавено дека каталонскиот клуб е во преговори со Атлетико Мадрид за 28-годишниот напаѓач, кој инсистира да остане во Шпанија. Сепак, Барса и Интер се обидуваат да склучат некоја зделка за размена на играчи кои се непотребни во двата тима, па очигледно Депај и Кореја се на добар пат да реализираат една од нив.

Read More

Тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти не го смета за понижувачки поразот на Реал Мадрид од Барселона (1:3). Синоќа „кралевите“ загубија од Барса во финалето на шпанскиот Суперкуп. „Натпреварот не беше добар за никого. Зборувањето за понижување ми изгледа како непочитување. Барселона беше подобра и тоа е тоа. Ова не е критичен, туку тежок момент. Ова секогаш се случува во текот на сезоната. Тоа беше познато од самиот почеток. Тоа може да се поправи преку посветеност и правилен став кон работите. Играчите треба да разберат дека таквите грешки може лесно да се избегнат. И двете екипи има шанса. На вакви…

Read More

Предводникот на Барселона, Чави, ја коментираше победата во финалето на шпанскиот Суперкуп над Реал Мадрид (3:1) со која дојде до својот прв трофеј на клупата на Каталонците. „Мојот прв трофеј со Барселона? Среќен сум. Имам чувство на душевен мир. Морам да продолжам да му помагам на тимот да освојува трофеи, да ја водам Барселона до нив. Ако победивме во финалето против Реал Мадрид, можеме да го направиме тоа против секого. Задоволен сум. Се надевам дека овој трофеј нема да биде и последен“, вели Чави. Барселона на Чави ги задржува шансите да освои уште три трофеи оваа сезона. Каталонците продолжуваат да…

Read More

По поразот од Холандија со 24:34, разочарувањето кај нашите ракметари е големо,но и реални се во своите изјави дека не поправиле ништо во однос на мечот со Норвешка и дека се повторуваат истите грешки. Жарко Пешевски вели дека и покрај поразот се надеваат да исполнување на нашата цел, а тоа е пласман во главната рунда. „Се подготвувавме и знаевме како игра Холандија. Бевме спремни, но веројатно притисокот си го направи своето. Промашивме зицери, направивме технички грешки, игравме мртво и во одбрана и во напад. Имаше некои убави моменти кога се враќавме во игра, посебно во второто полувреме, но имаше повторно…

Read More