Author: saso

Ракометарките на ЖРК Вардар останаа без европската титула, па мала утеха по синоќешното финале во Будимпешта добија во изборот за најдобра ракометарка на Ф4 турнирот. Признанието отиде во рацете на неверојатната голманка на „црвено-црните“ дами, Амандин Лејно, која брилјираше и на двата меча за нашиот шампион. Французинката против Ростов Дон во полуфиналето имаше 14 одбрани, додека во финалниот меч против Ѓер забележа дури 17 интервенции. Тоа беше доволно од страна на ЕХФ да ја добие престижната награда.

Read More

Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, кој за некој ден го напушта тимот од Париз, е прогласен за најдобар тренер на француската Лига 1. Во изборот ан најдобрите оваа сезона во Франција, титулата за најдобар млад фудбалер му припадна на напаѓачот на ПСЖ, Килиан Мбапе, кој постигна 13 гола и имаше осум асистенции на 28 натпревари за парижани.

Read More

Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево ќе играат во ново финале во женската Лига на шампиони. На завршниот турнир во Будимпешта, денеска „вардарки“ ќе се обидат да им се реваншираат на Унгарките од Ѓер кои минатата година беа подобри од нашиот првак во финалниот меч. Синоќа во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Будимпешта, ЖРК Вардар славепе над рускиот тим Ростов Дон со убедливи 25:19 и закажаа пресметка во финалето со бранителот на титулата, унгарски Ѓер. Лани во финалето Ѓер по продолженија славеше со 31:30 и дојде до европската круна.

Read More

По Жељко Бувач кој си замина од асистентската позиција во екипата на Ливерпул, сега и Мурињо останува без својот помошник. Како што објавија англиските медиуми, Руи Фарија, десната рака на Мурињо на кормилото во Манчестер Ј. заминува од клубот. „По многу размислување и со тешко срце одлучив дека е време да тргнам понатаму“, изјавил Фарија. Руи е дел од менаџерскиот тим на Мурињо од 2001 година и заедно сменија дури 6 клубови и освоија 25 трофеи. Се претпоставува дека Фaрија е еден од кандидатите за наследник на Венгер на кормилото на Арсенал.

Read More

Шпанските медиуми вчера лансираа информација дека Бразилецот Нејмар се поздравил со своите соиграчи од ПСЖ и им порачал дека повеќе нема да игра за францускиот клуб. Денеска, веднаш стигна демант на информацијата и тоа директно од првиот човек на клубот, Насер Ал-Келаифи. „Тој ќе биде во ПСЖ и следната сезона. Тоа можам да го гарантирам 2000%. Сигурен сум дека и тој тоа го сака“, изјавил претседателот на ПСЖ. Бразилецот минатото лето стигна во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра од екипата на Барселона

Read More

Зенит и Роберто Манчини постигнаа договор за предвремено раскинување на договорот. Договорот е прекинат со заедничка согласност на странките без плаќање на дополнителни надоместоци. Манчини го предводеше Зенит само оваа сезона, а под негово раководство клубот имаше очајна сезона во која не само што не успеа д се бори за титулата, туку остана и без настап во Лигата на шампионите. Во првата половина на сезоната „сино-белите“ по 11 круга беа во водство во руското првенство, но на крајот не успеаја да се квалификуваат за Лигата на шампионите. Според согласноста, Манчини од утре и официјално повеќе не е тренер на Зенит…

Read More

Жоргињо од Наполи и Марез од Лестер се главните трансфер цели на Пеп Гвардиола за летниот трансфер пазар. Како што се шпекулира во англиските медиуми, пеп и неговите соработници веќе почнале со активност околу обезбедување добра позиција во преговорите за двајцата фудбалери. Според пишувањата, раководството на „граѓаните“ е подготвено да извади околу 110 милиони фунти за ангажман на двајцата фудбалери, но останува да се види каква цена за нив ќе побараат нивните сегашни клубови. Претпоставките велат дека цената на Жоргињо не би требала да биде поголема од 60 милиони евра, додека за алжирскиот голгетер Лестер ќе бара околу 70 милиони…

Read More

На посебна свеченост, денеска беа доделени признанија по повод големиот јубилеј 50 години карате спорт на територијата на општината Ѓорче Петров. Во пригодна атмосфера, голем дел од најзаслужните за опстојувањето накаратето во општината во овој половина век, беа наградени со специјални признанија. На манифестацијата беше промовирана и монографија која раскажува за историјата на настанот. Општината Ѓорче Петров може да се пофали со една од најдолгите истории на карате спортот во нашава земја.

Read More

Ракометарките на ЖРК Вардар, денеска во Будимпешта ќе се обидат во својот петти настап да обезбедат уште едно финале на Ф4 турнирот од Лигата на шампионките. Во својата последна сезона во дресот на ЖРК Вардар, овие ракометарки под водство на Ирина Дибирова ќе се обидат да го остварат сонот и да ја вратат женската клупска ракометна круна во Скопје. За пласман во финалето денеска „вардарки“ треба да го совладаат рускиот првак и дебитант Ф4 турнирит во ЛШ, Ростов Дон, а потоа и победникот од првото полуфинале, каде што силите ќе ги одмерат првакот за 2016 година, романски Букурешт и трикратниот…

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, најверојатно, ќе го пропушти натпреварот од 38. коло во Премиер лигата против Брајтон. Средбата на Анфилд е во недела во 17 часот. Според „Ливерпул Ехо“, Сенегалецот го пропуштил последниот тренинг оваа недела поради повреда заработена на мечот со Челзи. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, изјави дека се уште не знае дали Мане може да го одигра клучниот меч со Брајтон од кој зависи пласманот во Лигата на шампионите.

Read More