Новак Ѓоковиќ доминираше во четвртфиналето на Австралија Опен и лесно во три сета го совлада рускиот тенисер Андреј Рубљев со 6:1, 6:2, 6:4. Ова беше 26-ти последователен триумф на Новак на овој турнир, тој го собори сопствениот рекорд и уште еднаш покажа зошто ова му е најуспешен Грен слем турнир. Ѓоковиќ одигра совршен сет за почеток на мечот и та беше знак дека мечот ќе наликува на оној од осминафиналната рунда. Ривал на Србинот во полуфиналето ќе биде 25-годишниот Американец Томи Пол.
Author: saso
УЕФА денеска со ждрепка ги одреди двојките за т.н. Ф4 турнир од Лигата на нации. Оваа година на завршницата ќе играат репрезентациите на Хрватска, Италија, Шпанија и Холандија, а ждрепката сакаше во полуфиналната рунда на 14 јуни да се сретнат Хрватска и Холандија, додека ден подоцна ќе играат Шпанија и Италија. Во третата сезона од Лигата на нации, Хрватска стигна до фајналфорот и е единствениот дебитант на овој завршен турнир. Ф4 турнирот ќе се организира во Холандија во Ротердам и Еншеде. Финалето и мечот за 3. место се на 18 јуни.
Ракометната репрезентација на Македонија денес ќе го одигра последниот натпревар на Светското првенство во Полска и Шведска. Избраниците на Лазаров откако не ја минаа групната фаза, остварија две победи на трите меча во т.н. Президент Куп, па денеска против Јужна Кореја ќе играат за 27. место на Мундијалот. Селекцијата од Азија на дел од натпреварите на шампионатот покажа квалитет, па така избраниците на Кире Лазаров ќе треба максимално да влезат во натпреварот за да остварат поволен резултат. Освен дуелите за пласман од 25 до 32 место, денеска почнува и нокаут-фазата во битка за медалите. Во четврфиналните дуели се 7 европски…
Германскиот напаѓач Каи Хаверц би можел да го напушти Челзи ова лето. Според „Скај Германија“, клубот веќе ја одредил цената за играчот за која се наведува дека е 60 милиони евра. Челзи бара да собере средства преку трансфери за да ги балансира своите резерви по неодамнешното трошење пари со купување на скапи засилувања. Германецот се мачеше да напредува на „Стемфорд Бриџ“ откако се пресели од Баер Леверкузен. Во трката за 23-годишниот фудбалер треба да влезат ПСЖ и Јувентус, но Баерн (М) е и натаму прв фаворит.
Аријан Адеми има отворена понуда да заигра во турскиот прволигаш Адана Демирспор. Според хрватските медиуми, капитенот на Динамо (З) добил конкретна понуда од моментно шестопласираниот тим во тамошната Суперлига, но Динамо (З) не сака да остане без својот капитен. Тренерот на турскиот тим, Винченцо Монтела инсистирал да се обезбеди потписот на Адеми, кој во интервју најави дека би размислил за заминување од Загреб.
Полјачката Магда Линет и Белорусинката Арина Сабаленка се последните полуфиналистки на Австралија опен во Мелбурн. Линет ја елиминира чешката тенисерка Каролина Плишкова со 6:3, 7:5, додека Сабаленка ја победи хрватската тенисерка Дона Векиќ со 6:3 и 6:2. За Линет ова е прво полуфинале на Грен слем турнир и тоа откако ја победи поранешната светска тенисерка број еден Плишкова за еден час и 27 минути игра. „Преплавена сум со емоции. Не можам да поверувам. Ова е остварување на сонот“, изјави Линет по најголемата победа во кариерата. Во второто женско полуфинале ќе се сретнат Викторија Азаренка и Казахстанката Јелена Рибакина.
Сопственикот на Евертон, Фархад Мошири ја демантираше информацијата дека сака да го продаде клубот. „Клубот не е на продажба. Точно е дека разговарав со водечки инвеститори кои можат да му помогнат на клубот. Главната задача сега е да се привлечат врвни инвеститори. Блиску сме до договор. Ова не е продажба на клубот. Ова ќе помогне да се стекне повеќе искуство во областа на спонзорството и комерцијалниот развој, бидејќи многу специјализирани спортски инвеститори го имаат овој сет на знаење“, изјавил Мошири. Евертон е во тешка ситуација и бара начи како да остане во Премиерлигата.
35-от светски рекет Томи Пол од САД успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен откако утрово го победи својот 20-годишен сонародник Бен Шелтон со резултат 7:6 (6), 6:3, 5:7, 6:4. 25-годишниот Американец за првпат се пласираше во полуфинале на Грен слем турнир и сега го чека подобриот од пресметката меѓу Андреј Рубљев и Новак Ѓоковиќ.
Легендарниот холандски фудбалер Марк Овермарс (49) кој доживеа срцев удар во последните денови од минатата година, три недели подоцна доживеал и исклучително тежок мозочен удар. Според медиумите, спортскиот директор на белгиски Антверпен бил примен во болница на 30 декември, а сега е пуштен на домашно лекување. Состојбата му се стабилизира, иако срцето му работи со капацитет од 30 проценти! Срцевиот мускул на поранешниот крилен напаѓач престана да работи и неговата способност да пумпа крв во телото е намалена за 70 проценти. Прогнозите се дека ќе му треба најмалку една година да закрепне, а до крајот на животот ќе мора да…
Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен, откако денеска го декласираше локалниот фаворит Алекс Де Минаур со 3:0 во осминафиналето, по сетови 6:2, 6:1, 6:2. Новак денеска немаше видливи проблеми од повредата и брзо и ефектно го реши противникот. Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе му биде шестопласираниот Русин, Андреј Рубљев, кој утрово во вистинска драма го совлада Данецот Холгер Руне со 3:2 во сетови.
