Author: saso

NBA

Супер-ѕвездата на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, заработи казна вредна 50.000 долари. Причината е во тоа што Ирвинг ги прекршил протоколите кои ги донесе раководството на НБА по повод пандемијата со Ковид-19. Имено, кошаркарот бил на организирана забава на која не носел заштитна маска. На таа роденденска забава присуствувале над 15 луѓе. Тој ќе биде карантин пет дена, по што ќе мора да биде ќе тестиран. Ако биде позитивен јасно е дека нема да игра натпревари за својот тим во периодот на изолација.

Read More

Екипата на Милан ќе се обиде да го ангажира фудбалерот на Челзи, Фикајо Томори со опција за купување на лето. Англискиот репрезентативец скоро нема шанси да се појави во тимот на лондончани оваа сезона, со оглед на тоа што има четири настапи на сите турнири. Менаџерот на сините, Френк Лампард неодамна изјави дека Томори може да биде продаден, а „росонерите“ во моментов се први кандидати за неговиот потпис. Сепак, лидерот во Серија А сака да го задржи Томори на долг рок и се надева дека ќе преговара за опција за купување на централниот дефанзивец во вредност од околу 30 милиони…

Read More

Македонската ракометна репрезентација со пораз го почна настапот на Светското првенство во Египет. Во мечот од групата „Г“ вечерва во Каиро, избраниците на Данило Брестовац загубија со високи, 32:20. Македонија пред само два дена дозна дека ќе игра на Мундијалот, откако Чешка во последен момент го откажа настапот поради голем број позитивни тестови за коронавирус во репрезентацијата. Селекторот Данило Брестовац поведе значително подмладена селекција, но очигледно се уште недоволно воиграна за настап на премиерниот меч на Мундијалот. За нас шанса за поправен има веќе за два дена на средбата со Египет.

Read More

Во уште едно извонредно издание, македонската одбојкарска репрезентација ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина со 3:0 и ја обезбеди втората победа во квалификациите за ЕП 2021. Денеска во СЦ „Борис Трајковски“ избраниците на селекторот Матијашевиќ не и оставија простор на Босна да се понадева науспех. Единствено во вториот дел на вториот сет оадна концентрацијата, но добро е што на крајот се освестивме и регистриравме освојување на сетот, кој практично значеше и победа, откако Босанците во третиот сет комплетно се предадоа. Сега пред нашата селекција е одлучувачкиот меч за 1. место против Турција во сабота.

Read More

По откажувањето на Чешка, со соопштение попладнево се огласи и ИХФ. Во истото се вели: „Како резултат на неколку позитивни резултати по задолжителните тестови за Ковид-19 пред заминувањето во Египет, Чешка официјално го повлече учеството на 27-то Светско првенство за мажи што ќе се одржи од 13 до 31 јануари 2021 година во Египет. Според регулативите поврзани со Ковид-19 за Светското првенство за мажи во 2021 година првата нација како замена е Македонија, која е поканета да учествува. Македонија е номинирана за прва нација како замена поради 15-тото место на ЕХФ ЕУРО 2020 во машка конкуренција.

Read More

Како што објавија чешките медиуми попладнево, чешката ракометна репрезентација и официјално го откажа патувањето и учеството на Светското првенство во Египет. Сериозноста на случаите на заразени со Ковид-19 во тамошната репрезентација, очигледно не остави простор за Чешка да замине на Мундијалот. Тоа значи дека ИХФ треба сега да ја покани нашата ракометна репрезентација како резервен учесник на Светското првенство.

Read More

За македонскиот фудбал и активностите кои се превземаат за унапредување на условите и квалитетот на фудбалската игра кои се одвиваат во националните натпреварување, Фудбалската федерација на Македонија за првата половина од натпреварувачката сезона 2020/21 целосно ги подмири трошоците за патувања на екипите од сите младински лиги во рамки на ФФМ, Првата и Втората футсал лига и лигата во женска конкуренција. Исто така, Фудбалската федерација на Македонија продолжи да ги покрива целосните трошоци за официјалните лица на натпреварите во сите категории. – Во изминатиот период еден од главните приоритети на нашата федерација, согласно стратешкиот план беше вложувањето во фудбалската инфраструктура и целосна…

Read More

Симболичен состав на најскапите играчи под 21 година објави специјализираниот веб-портал за трансфери, Transfermarkt. Според направениот избор, вкупната вредност на 11-те најскапи млади фудбалери во светот ве дури 800 милиони евра. Најскап и веројатно највисокооценет е голгетерот на Борусија (Д), Ерлинг Халанд. Голман: Џанлуиџи Донарума (Милан, 60 милиони) Дефанзивци: Матијас де Лихт (Јувентус, 75 милиони), Алесандро Бастони (Интер, 50 милиони), Рис Џејмс (Челзи, 35 милиони), Алфонсо Дејвис (Баерн, 80 милиони) Играчи за врска: Едуардо Камавинга (Рен, 60 милиони), Фил Фоден (Манчестер Сити, 60 милиони), Жоао Феликс (Атлетико Мадрид, 100 милиони) Напаѓачи: Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд, 100 милиони), Ансу Фати (Барселона,…

Read More

Одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва (18 ч.) со натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина ги почнува квалификациите во Скопје за пласман на европското првенство 2021. Како домаќини ќе се соочиме со БиХ и Турција во борбата за едно од двете места кои водат на завршницата на континенталниот собир. По контролните средби со селекција на Бугарија, избраниците на Никола Матијашевиќ денеска излегуваат на мегдан со селекцијата на Босна и Херцеговина. Според најавите, Босанците имаат прилично непознат тим, но тие остануваат наша најголема шанса за пат на ЕП. „Босна и Херцеговина изгледа навистина добро, но првата линија ја знам и сметам…

Read More

Светското првенство во ракомет кое стартува за два дена во Египет, ќе се игра пред празни трибини. Ова е дефинитивната одлука на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), која мораше да попушти пред притисокот кој го направија играчите. Ракометарите од скоро сите репрезентации изјавија дека е нелогично тие да седат во карантини, а да играат пред полни трибини во салите во Египет. Прв и најгласен во реакциите беше ракометарот на Данска, Микел Хансен, кој се закани со неиграње ако има публика на трибините.

Read More