Најдобриот судиски пар од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, се делегирани да ја делат правдата во големото финале меѓу Франција и Данска на СП во Шведска. Македонскиот судиски пар е во „кремот“ на ракометните судии, влегуваат во тесната група најдобри, а вечерва ќе го судат првото мундијалско финале. Досега во својата кариера Начевски и Николов суделе многу натпревари, меѓу нив и финалињата на Европското првенство во 2020 година, како и финалниот натпревар на Олимписките игри во Токио.
Author: saso
Повредата на Никола Карабатиќ е санирана и ветеранот кој доби поштеда и не играше во полуфиналето, сега ќе биде дел на вечерашното финале со неприкосновената Данска. „Тоа што не играв во петокот ми даде уште два дена да закрепнам. Тоа беше совршено сценарио, бидејќи немаше потреба од мене. Се обидувам да им помогнам на соиграчите најдобро што можам, со тоа што ќе им кажам што гледам на теренот“, изјави Карабатиќ.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои својот десетти трофеј на Австралија опен победувајќи го Гркот Стефанос Циципас со 6:3, 7:6, 7:6 во финалето во Мелбурн, со што стигна до 22. Грен слем титула во кариерата и се израмни на вечната листа со Рафаел Надал на првото место. Исто така, Ѓоковиќ од понеделник повторно ќе биде тенисер број еден во светот на АТП ранг листата. За српскиот ас ова беше негова 93-та титула севкупно. Во својата кариера освои десет трофеи на Австралија Опен, два на Ролан Гарос, седум на Вимблдони и три на УС Опен. Циципас го загуби второто Грен слем…
Играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, е вклучен во тимот на Јувентус за денешниот натпревар од Серија А против екипата на Монца. 29-годишниот француски фудбалер оваа сезона нема ниту еден меч за Старата Дама поради повреда на менискусот и операцијата која мораше да ја направи. Погба подоцна се здоби со повреда и на мускулот на бутот. Сепак, тој очигледно е фит и денеска му се става на располагање на тренерот Алегри.
Капитенот на шведската ракометна репрезентација, Џим Готфридсон, повеќе нема да игра на СП. Тој се повреди вчера во четвртфиналето против Египет и нема да биде на располагање за полуфиналето на Шведска против Франција во петок и натпреварот за медал во недела. Готфридсон ја повреди левата рака и мораше да го напушти теренот веќе во првото полувреме против Египет и беше однесен во болница за да биде прегледан. Рендгенските снимки покажале дека раката е скршена, а тој нема да игра ракомет во наредните два месеци.
На состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Нион се донесени одлуки и за големи промени во Лигата на нации кои ќе стапат на сила во септември 2024 година. Лигата на нации ќе биде проширена со нокаут рунда која ќе се игра во март, со што ќе се создаде континуитет меѓу групната фаза која завршува во ноември и завршниот турнир кој се игра во јуни. Според досегашниот формат на Лигата на нации, победниците на групите од А дивизијата се пласираа на фајнл-форот. Сепак, од следното издание на Лигата на нации 2024/25 ќе се воведе четвртфинале во кое победниците и второпласираните…
Еден од главните протагонисти на вчерашниот неверојатен дуел меѓу Шпанија и Норвешка кој заврши по две продолженија,шпанскиот голман Гонзало Перез де Варгас велид ека ова е еден од најлудите натпревари кои ги има одиграно во кариерата. „Се чувствувавме поразени, но победивме во продолженијата. Мислам дека Норвешка згреши во последниот напад од 60-те минути бидејќи ако го завршеше, дури и без да постигне гол, ние ќе немавме време да напад. Кога имаш 60 минути играње на ова ниво, главите не работат најдобро. Сигурен сум ова беше една од најлудите средби кои штп сум ги одиграл“, призна Перез де Варгас.
Луис Хамилтон е подготвен да потпише нов договор со тимот на Мерцедес пред почетокот на сезоната 2023 година, но само откако ќе ги види перформансите на новиот болид. Според „Лондон Инсајдер“, Хамилтон најпрвин сака да го види новиот болид W14 на дело и дури потоа ќе донесе конечна одлука дали ќе продолжи со Мерцедес и следната година. Претходно беше објавено дека Мерцедес му понуди на Хамилтон договор до крајот на 2025 година со плата од 49 милиони долари. Актуелниот договор на Хамилтон со тимот е до крајот на 2023 година.
Тотенхем и официјално го потврди доаѓањето на позајмица на Арнаут Данџума од Виљареал. Се очекуваше 25-годишниот играч да му се приклучи на Евертон претходно во текот на месецот, но Тотенхем се нафати да го обезбеди неговиот потпис во што успеа во последните денови. Во клупското соопштение се вели: „Среќни сме што можеме да го објавиме потписот на Арнаут Данџума на позајмица од Виљареал до крајот на сезоната 2022/23, што е предмет на меѓународна дозвола“.
Напаѓачот на Рома, Елдор Шомуродов наскоро може да го смени клубот. 27-годишниот репрезентативец на Узбекистан е интересен за Торино, Кремонезе и Лил, а во трка за него влегуваат и Баер (Л) и Специја. Рома е подготвена да го продаде Шомуродов или да го изнајми со задолжителен откуп до крајот на сезоната. Последните шест натпревари Шомуродов ги мина на клупата за резерви и немаше голема доверба кај тренерот Мурињо.
