Британски „Тајмс“ пишува дека екипата на Челзи ризикува да ги прекрши правилата на финансискиот фер-плеј, доколку клубот не успее да избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Со други зборови, парите кои беа лабаво потрошени од новиот сопственик на лондонскиот клуб, Тод Боли, мора некако да бидат оправдани со нов финансиски плус. Огромните инвестиции на трансер пазарот можат да го доведат Челзи во проблеми во однос на финансискиот фер-плеј на УЕФА. Според „Тајмс“, Челзи ќе биде во голема опасност да ги прекрши правилата, а исто така клубот веќе е ставен меѓу 19-те европски клубови врз кои ќе биде направен…
Author: saso
Јувентус размислува да го раскине договорот со Пол Погба поради разочарувачкото враќање на Французинот во клубот. „Старата Дама“ е незадоволна од целата ситуација со Погба, кој поради повредите никако не успеа да се врати во тимот. Јувентус веќе ги разгледува и можностите за продажба на Погба ова лето, но ако тоа не успее, клубот исто така е подготвен да го прекине договорот со Французинот. Погба во моментов има опција за преселба во МЛС лигата, но и за тоа треба да помине една рунда преговори со заинтересираните тимови. Во моментов, договорот на Погба е до летото 2026 година.
Денвер и Далас остварија нови победи во НБА лигата синоќа, но ѕвездата на Маверикс, Лука Дончиќ се повреди и предвреме го заврши мечот. Далас на домашен терен славеше над Њу Орлеанс со 111:106 и им го нанесе 10-от последователен пораз на „пеликаните“. Тимот од Тексас водеше со 84:56 во средината на третиот период, кога теренот го напушти словенечкиот играч Лука Дончиќ поради повреда на петицата. Дончиќ постигна 31 поен за домашниот тим, заедно со осум скока и четири асистенции, а Спенсер Динвиди постигна 21 поен. Кошаркарите на Денвер во дербито на вечерта славеа над шампионот Голден Стејт со 134:117. Српскиот…
Милан го очекува двомечот со Тотенхем во осминафиналето на Лигата на шампионите, но без Златан Ибрахимовиќ. 41-годишниот Швеѓанец не е дел од составот што Милан го пријави за нокаут фазата на престижниот турнир, што значи дека Ибра нема да игра во продолжението од ЛШ за „росонерите“. Златан Ибрахимовиќ имаше операција на коленото минатата година и наводно се ближи до кам-бек, но Милан очигледно оцени дека се уште е рано да го очекува неговото враќање во првиот тим. Милан и Тотенхем се среќаваат во Милано на 14 февруари, пред реваншот во Лондон на 8 март.
Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате се соочува со две до три недели пауза од фудбалските терени поради повреда на тетивата. Францускиот репрезентативец (23) се пожали на непријатност по поразот од Брајтон во ФА Купот во неделата и скенирањето последователно го потврди обемот на штетата. Тоа е голем удар за Јирген Клоп, кој веќе е без Вирџил ван Дијк. Холанѓанецот, кој ги пропушти последните пет натпревари поради проблем со тетивата, се очекува да биде фит до средината на февруари.
По целата тортура низ која помина минатата година, Новак Ѓоковиќ оваа година ќе може да игра на УС Опен, четвртиот Грен слем во сезоната. Американските власти одлучија да ја укинат забраната за влез во Соединетите Американски Држави за лицата кои не биле вакцинирани против вирусот КОВИД-19. Тоа значи дека за разлика од лани, оваа година на УС Опен ќе можеме да го гледаме првиот светски рекет кој пред два дена по десеттипат го освои Австралија опен. Единствени Грен слем турнири на кои Србинот можеше да учествува лани беа Ролан Гарос и Вимблдон, а титулата ја освои во Велика Британија.
Лоши вести за навивачите на Манчестер Јунајтед. Данскиот играч за врска Кристијан Ериксен го чека долга пауза. Поради повреда на скочниот зглоб, Данецот најверојатно ќе отсуствува од терените до почетокот на мај, пренесуваат англиските медиуми. Тоа практично значи дека во голема мера актуелната сезона за Данецот е завршена. Тоа ќе биде голем проблем за тренерот Тен Хаг, кој во Ериксен имаше сигурен стартер оваа сезона.
Мароканскиот репрезентативец Софијан Амрабат е решен да ја напушти Фиорентина во последниот ден од зимскиот преоден рок откако Барселона му испрати официјална понуда. Тој е подготвен на се за да ја продолжи кариерата во каталонскиот клуб. Вчера се појави информација дека Барселона сака да го ангажира Амрабат кој ги воодушеви сите со настапите во дресот на Мароко на Светското првенство во Катар. Барселона е подготвена да го доведе Амрабат на позајмица до крајот на сезоната со опција да го откупи неговиот договор на лето доколку ги оправда очекувањата, но челниците на Фиорентина не се премногу ентузијасти за таквата понуда. Фиорентина…
Жоао Кансело од Манчестер Сити и официјално се пресели во Баерн Минхен. 28-годишниот фудбалер му се приклучи на минхенскиот клуб на позајмица со опција за откуп, соопшти прес-службата на „граѓаните“. Претходно стана јасно дека Баерн ќе може да го купи играчот на лето за 70 милиони евра. Во германскиот клуб Кансело ќе игра со дресот со број 22. Португалецот оваа сезона во сите натпреварувања постигна 2 гола и 4 асистенции на 26 настапи за Манчестер Сити. Последните три натпревари на „граѓаните“ ги помина на клупата.
Ракометарите на Е. Пелистер попладнево гостуваат во Нови Сад кај Војводина во првиот меч од новата сезона на СЕХА лигата. Војводина веќе одигра еден меч и успеа да слави, па битолскиот тим сега е пред голем предизвик да обезбеди победа на воведниот сезонски дуел. „Тешко е да се подготват овие два натпревари, бидејќи немаме брзина во нозете. Практично ова ни се први натпревари годинава. Суси не е најподготвен, Велковски исто така, па двајцата ќе останат во Битола. Ќе патуваме со здравите ракометари и ќе видиме како ќе одиграме. Репрезентативците се вратија и изгледа дека ќе бидат спремни да играат. Го…
