Author: saso

Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во финалето на ИТФ фјучерсот во Монастир. Во полуфиналето против Италијанецот Јанаконе, Ивановски загуби во два сета (6:2, 6:4) иако почна солидно до 2:2 во гејмови, но откако го загуби првиот гејм на свој сервис, Италијанецот стигна експресно до 6:2. Во вториот сет Јанаконе, јој беше седми носител, продолжи одлично. Успеа брзо да направи предност од 5:2, по што следуваа два гејма во полза на нашиот тенисер, но тоа не беше доволно за кам-бек. Јанаконе се избори за гејм на свој сервис и успеа да го затвори мечот со 6:4.…

Read More

Англиски Манчестер Јунајтед веќе крои планови за летниот трансфер период. Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Манчестер Ј. сака да го ангажира крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати, кој годинава не се наигра во тимот на Чави. 20-годишниот фудбалер постигна три гола на 19 натпревари во Ла Лига досега оваа сезона. Во осминафиналето на Лига Европа ќе се сретнат Барселона и Манчестер Јунајтед. Првиот натпревар е на 16 февруари на стадионот „Камп Ноу“.

Read More

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија овој месец ќе ги затвори квалификациите за пласман на Евробаскетот кој во наредната година ќе се одржи во Израел и во Словенија. За дуелите кои следуваат, на 9. февруари, против БиХ на гостински терен, и три дена подоцна во Скопје против Белгија, селекторот Александар Ашаданов планираше 17. кошаркарки. Но, извесно е дека на првиот тренинг, предвиден за недела од 18 часот, во салата на СЦ „Кале“ во Скопје, ќе мора да ги менува плановите, кои ги прават повредите на неколку кошаркарки, кои беа дел од тимот во ноемврискиот квалификациски „прозорец“. Она што го радува…

Read More

Дани Себаљос може да го продолжи договорот со Реал Мадрид. Според El Debate, претставници на играчот од средниот ред му кажале на клубот дека Дани сака да остане во Мадрид. Реал Мадрид се согласува да ја продолжи соработката и ќе му понуди на играчот договор на 4 години. Платата на играчот ќе биде зголемена. Се истакнува дека доколку предложените услови останат непроменети, договорот ќе биде потпишан во блиска иднина.

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп одговори на критиките кон Мохамед Салах. „Ставот и таквите работи никогаш нема да бидат проблем за Мо. Мо е спортист од светска класа, па влегува прв, излегува последен, тренира напорно и сето тоа. Сега не дава голови, но мислам дека има луѓе кои мислат: Зошто му дадоа нов договор на Клоп? Така стојат работите во нашиот свет, ова е сосема нормално. Ако не успееме, има критика. Можете да го доведете во прашање неговиот карактер, неговото знаење, неговата способност, имате право да го направите сето тоа, но не можете да постигнете толку голови колку што постигна…

Read More

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје денеска доби нов генерален спонзор. Се работи за големиот поддржувач на македонскиот спорт, компанијата Моцарт Македонија. Клубот од Тафталиџе парафира соработка со оваа компанија која ќе важи до крајот на следната сезона. ТФТ Скопје иако е нов клуб, бележи одлични резултати во мак-кошарката.

Read More

Е. Пелистер вчера беше поразен и во вториот настап во новата сезона од СЕХА лигата. Тренерот на тимот, Ларс Валтер, вели дека дека повредите се причина за слабиот старт на сезоната во регионалната конкуренција „Сакам да му честитам на домашниот тим за победата и добриот меч. Видливо е дека ние имаме проблеми со повреди. Клучниот момент беше кога добивме две исклучувања. А едноставно не можеш да преживееш така против одличен тим како Нексе. Среќен сум што се враќавме во мечот во два наврати. Имаме долго патување пред нас, а потоа следат два дена одмор кои ќе ги искористиме за анализа…

Read More

Ред Бул и Форд ќе ја објават својата соработка на претставувањето на новиот болид на австрискиот тим. Според The ​​Race, Ред Бул и Форд ќе работат заедно на изградба на мотор за сезоната 2026 година, кога Формула 1 ќе ги промени прописите за моторите. Веќе некое време Форд бара опција за влез во Формула 1 како снабдувач на мотори, а опцијата за соработка со Ред Бул се покажа како најпрофитабилна, вклучително и од економска гледна точка. Партнерството се очекува да биде објавено денеска.

Read More

Легендарниот Лино Червар беше разрешен од позицијата координатор на сениорската репрезентација со одлука на сојузот, кој му врачи отказ и на досегашниот селектор Хорват.За медиумите, Червар разочаран, ја кометираше одлуката: „Гобац ме отстрани затоа што мисли дека е татко на ракометот! Мислеше дека сум му опасност, но не сум опасност за никого. Јас се занимавам со ракометот, немам никакви амбиции“, изјавил лутиот Червар, кој се чини дека ја завршува својата ера во хрватскиот ракомет. Червар е еден од најтрофејните тренери во Европа и дефинитивно очекуваше сосема поинаков третман од Хрватскиот сојуз.

Read More

Младиот напаѓач на Арсенал, Габриел Мартинели потпишал нов договор со „топчиите“. Бразилецот се согласил на нов четири и пол годишен договор кој ќе го задржи на „Емирати“ до летото 2027 година. Претходниот договор на крилниот напаѓач требаше да истече на крајот на следната сезона, иако клубот имаше опција да го продолжи за уште две години.

Read More