Најголемата ѕвезда на данскиот ракомет, Микел Хансен, синоќа изгледаше малку надвор од форма во првото полувреме на финалето на СП против Франција, а данските медиуми денеска открија и која е причината. Хансен имал проблеми со коленото, поради што ќе мора на прегледи. „Да, не беше баш добро. Имав прекумерно истегнување што предизвика појава на течност во коленото. Играв под инјекции, ама не можев 100%“, објасни тој по мечот. Микел Хансен беше заменет во второто полувреме со Расмус Лауге, кој постигна десет гола и со тоа беше главен фактор кој придонесе Данска да го освои СП третпат по ред.
Author: saso
Англиски Брајтон не сака да се раздели со својата ѕвезда Мојзес Каиседо оваа зима и натаму ги одбива сите понуди за него. „Галебите“ ја одбиле и втората понуда од Арсенал која изнесува импресивни 70 милиони фунти, само за да го задржат Каиседо во тимот до крајот на сезоната. Првичната понуда на „топчиите“ беше во износ од 60 милиони фунти, но и тогаш веднаш беше одбиена. Во текот на викендот, Арсенал испратил нова понуда вредна 65 милиони фунти, плус 5 милиони фунти во вид на бонуси. Но, и втората понуда била веднаш одбиена.
Бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино е блиску до продолжување на договорот со Ливерпул. Според новинарот Николо Шира, преговорите за нов договор се во завршна фаза. Фирмино ќе го продолжи договорот до 2025 година, со опција за уште една година. Актуелниот договор на напаѓачот со Ливерпул е до летото 2023 година. Беше објавено дека Интер сакал да го ангажира Фирмино бесплатно во текот на летото за да го замени белгискиот напаѓач Ромел Лукаку, но тоа нема да се реализира доколку „црвените“ и Бразилецот се договорат во наредните денови. Фирмино оваа сезона постигна седум гола и имаше три асистенции на 13 натпревари во…
Откако се одиграа сите 112 натпревари на СП во Полска/Шведска, синоќа беше избран и Ол-стар тимот на 28-то Светско првенство во ракомет. Пет тима се претставени во Ол-стар тимот на првенството, а од нив по двајца играчи има од Данска, Шпанија, Германија и Франција, додека Шведска има само еден член во најдобриот тим на шампионатот. Гидсел стана само вториот играч на Данска во историјата кој ја освоил наградата МВП на Светското првенство, откако тоа претходно го има направено неговиот сонародник и соиграч Микел Хансен, кој го доби ова признание трипати: во Шпанија 2013, во Данска/Германија 2019 и во Египет 2021…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по победата на Австралија опен повторно стана прв светски рекет. Ѓоковиќ си го врати првото место на АТП ранкингот кој го загуби минатата година, кога не му беше дозволено да настапи на голем број турнири, поради тоа што одби да се вакцинира против Ковид-19. Скок на АТП листата имаше и финалистот на Австралија опен, Циципас, кој сега е трет, зад Карлос Алкараз го се спушти на второто место. Голем пад имаше Рафаел Надал кој рано се прости со првиот Грен Слем оваа сезона и падна на 6. место на листата. АТП рејтинг. 30 јануари 1 (5).…
Ракометарите на Данска испишаа историја откако ја освоија третата последователна светска шампионска титула. Тоа е резултат кој досега не успеала да го оствари ниту една репрезентација во историјата на светските првенства. Серијата ја започнаа во 2019 година во Данска и Германија, две години подоцна победија во Египет, а сега на Светското првенство во Шведска и Полска. Севкупно, тоа за Данска е седми медал на светските првенства. Покрај три злата, имаат и три сребра и една бронза. Избраниците на Николај Јакобсен до златото стигнаа со осум победи и едно реми, она против Хрватска. Франција остана со шест злата од Мундијалите, на…
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети по победата против Рома и зголемувањето на предноста на врвот на табелата во Серија А на 13 бода пред второпласираниот Интер изјави: „Можете да ги добиете овие натпревари само ако покажете волја за победа од персоналот до оние на клупата. Ваквите натпревари се тешки, но оние кои влегоа како замена докажаа дека уште на клупата веќе беа во игра. И ова е главниот квалитет на нашиот тим. Ако за време на толку долги, интензивни сезони, во секојдневната работа, не се сите на иста бранова должина и повеќе претпочитаат да го земат местото на соиграчот, а…
Кошаркарите на Милвоки на свој терен го победија Њу Орлеанс со 135:110 и со тоа ја забележаа четвртата последователна победа во НБА лигата. Бакс до победата ги предводеше Јанис Адетокунпо кој постигна 50 поени со 13 скока. Мемфис победи против Индијана со 112:110 на домашен терен и ја прекина серијата од пет порази. Најзаслужен за тоа беше Џа Морант, кој забележа трипл-дабл од 27 поени, 15 асистенции и десет скока. Кошаркарите на Кливленд на свој терен го победија Лос Анџелес Клиперс со 122:99. Рекордни 29 поени во кариерата имаше охриѓанецот Чеди Осман, додека Дариус Гарланд додаде 16 поени и 10…
Единствените две непоразени селекции ќе се судрат вечерва во финалето на 28-то Светско првенство. „Тешкашите“ Франција и Данска се стремат кон уште еден трофеј во онака импресивното портфолио кое го имаат од големите натпреварувања. Данска би можела да стане првата селекција која освоила три светски титули во низа, а Франција се стреми кон рекордната седма титула во 28 изданија на ИХФ мундијалите. Ова е втор пат двете селекции да се судрат во финалето на Светскиот шампионат, откако пред 12 години во Шведска 2011 година, одиграа финале за паметење со продолженија по кои Франција го освои трофејот победувајќи со 37:35. Од…
Најдобриот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски не успеа да дојде до нова титула во ИТФ категорија. Тој на денешното финале на ИТФ турнирот во Монастир (Тунис) загуби од домашниот тенисер Моез Ешраги со 1:2 во сетови. Првиот сет Ивановски го доби со 6:3, потоа вторриот го загуби со 3:6, додека третиот, се играше во тај-брејк кој му припадна на Тунижанецот.
