Кошаркарите на Милвоки на свој терен го победија Њу Орлеанс со 135:110 и со тоа ја забележаа четвртата последователна победа во НБА лигата. Бакс до победата ги предводеше Јанис Адетокунпо кој постигна 50 поени со 13 скока.
Мемфис победи против Индијана со 112:110 на домашен терен и ја прекина серијата од пет порази. Најзаслужен за тоа беше Џа Морант, кој забележа трипл-дабл од 27 поени, 15 асистенции и десет скока.
Кошаркарите на Кливленд на свој терен го победија Лос Анџелес Клиперс со 122:99. Рекордни 29 поени во кариерата имаше охриѓанецот Чеди Осман, додека Дариус Гарланд додаде 16 поени и 10 асистенции.
Претходно синоќа Шарлот на домашен терен го совлада Мајами со 122:117.