ФИФА го прифати барањето на Фудбалскиот сојуз на Турција за продолжување на преодниот рок во земјата поради катастрофата од земјотресот. Вчера требаше да се затвори преодниот рок на Турција, но Фудбалскиот сојуз на земјата во понеделникот поднесе барање до ФИФА за продолжување на истиот поради катастрофата од земјотресот која ги зафати Турција и Сирија. ФИФА го прифати барањето, откако Фудбалскиот сојуз на Турција истакна дека земјата е во национална жалост и дека во 10 провинции има вонредна состојба. Сега преодниот рок во Турција ќе се затвори дури на 18 февруари.
Author: saso
Европската Суперлига се уште е жива, а има и нови планови кои меѓу другото значат дека ниту една екипа нема да има загарантирано учество. Ова отворено го најави Бернд Рајхарт, директор на А22, компанија која е одговорна за обезбедување спонзори и помагање во создавањето на Супер лигата. Тој за германскиот весник „Ди Велт“ вели дека во секоја сезона од Суперлигата можат да учествуваат и до 80 екипи. Тој исто така вели дека од октомври минатата година биле консултирани повеќе од 50 европски клубови, што ја поставило основата за новите планови. Ниту еден клуб нема да има загарантирано место на турнирот,…
Од денеска до 12 февруари во Ријека, Хрватска, македонските куглари ќе имаат настап на Светскиот куп во поединечна конкуренција, за јуниори и сениори. Македонија во У-23 конкуренција ќе ја преставуваат Андреа Вељаноска (ЖКК Пелистер Пин) и Александар Младеновско (КК Макпетрол Б), а во сениорска Стефанија Алексовска (ЖКК Пелистер Пин) и Младен Донковски (КК Макпетрол А). Вчера нашите куглари имаа тренинг-натпревар на кугланата во Ковачица, Србија. Светскиот куп во Ријека ќе се одржува во кугланата “СРЦ Млака”.
Тренерот на норвешки Бодо/Глимт, Кјетил Кнутсен е галван фаворит за испразнетото место на клупата на англиски Лидс Ј. Кјетил Кнутсен е на листата на желби на Англичаните, кои се во потрага по нов тренер откако му врачија отказ на Џеси Марш. 54-годишниот Кнутсен е меѓу имињата на кои клубот моментално се фокусира, откако тренерот на Вест Бромвич Карлос Корберан и тренерот на Рајо Ваљекано Андони Ираола ја одбија работата. Во комбинација останува и актуелниот тренер на холандски Феенорд, Арне Слот.
Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва го игра петтиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2023 година во Израел и во Словенија. Во 20 часот во салата „Сабит Хаџиќ“ во Сараево, нашите кошаркарки за противник ја имаат селекцијата на БиХ По четири одиграни натпревари селекцијата која ја предводи селекторот Александар Ашаданов е без победа. Босанките беа подобри од нас и на ланскиот дуел одигран во СРЦ „Кале“ (64:80), во кој доминираше една од најдобрите кошаркарки во светот, Џенкиел Џонс. Но вечерва во Сараево ќе биде сосема поинаку, Џонс нема да биде во тимот на БиХ, но и во нашите редови…
Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, е нов кошаркар на Феникс Санс. Утрово еден од најрелевантните извори во НБА лигата, Андреј Војнаровски го потврди трејдот во кој за Дурент, Бруклин ќе ги добие Микал Бриџис, Кам Џонсон и четворица кошаркари од драфтот од првата рунда. Вреди да се напомене дека ова е втор голем трејд кој годинава го прави Бруклин Нетс, кој претходно го трејдуваше Кајри Ирвинг во Далас Маверикс. Кевин Дурент побара трејд во текот на летната вонсезона, но тогаш немаше тим подготвен да ги исполни условите на Бруклин и самиот играч, по што Кевин го повлече барањето.
По вчерашниот пораз од Олимпик (М) и елиминацијата во Купот на Франција, дефанзивецот на парижани, Маркињос изјави дека сега е време да замолчат и да се фатат за работа. „Знаевме дека сакаат да не притиснат високо, но не успеавме да се разиграме преку нивните слободни простори. Направивме многу грешки, што скапо не чинеше. Ова е пораз кој навистина боли, бидејќи е куп натпревар и против еден од нашите големи ривали. Има некои работи кои јасно треба да ги исправиме. Време е да замолчиме и да се собереме ако сакаме да ги постигнеме нашите цели оваа сезона“, вели Маркињос.
Кошаркарите на Далас го победија Лос Анџелес Клиперс на гости со 110:104 и ја остварија втората последователна победа. Новајлијата во дресот на Мавски, Кајри Ирвинг беше најефикасен, откако во своето деби постигна 24 поени. Тој на почетокот на оваа недела се пресели од Бруклин во Далас, а за 37 минути на паркетот имаше и пет асистенции и четири скока. Тим Хардавеј во победата учествуваше со 19 поени, шест асистенции и пет скока, а Реџи Булок со 18 поени и шест асистенции. НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Детроит 113:85 Вашингтон – Шарлот 118:104 Бостон – Филаделфија 106:99 Мајами – Индијана 116:111 Торонто…
Според привремениот менаџер на Лидс Ј., Мајкл Скубала, неговата екипа синоќа требаше да го победи Манчестер Јунајтед. Лидс мораше да се задоволи со еден бод иако имаше предност од 2:0 на гостувањето на „Олд Трафорд“ во меч кој на крајот заврши 2:2. „Тешко е да се игра против Манчестер Јунајтед на гостински терен. Тие се многу добар тим. Горд сум на настапот на играчите. Тие работеа напорно и мислам дека направивме доволно за да кажеме дека требаше да го добиеме натпреварот“, вели Скубала. Лидс моментално е на 16. место во Премиер лигата.
Марта Басино, 26-годишната италијанска скијачка, го освои златниот медал во супервелеслалом на Светското првенство што се одржува во Куршевел Мерибел. Басино не беше меѓу најголемите фаворити, но патеката ја помина со најмалку грешки, бидејќи најдобро се снајде во завршниот дел од патеката, каде многу од фаворитите грешеа и завршија без медали. Басино постигна победничко време од 1:28.06, што беше за 11 стотинки подобро од Американката, Микаела Шифрин која го освои среброто. Бронзениот медал го поделија Австријката Корнелија Хутер и Норвежанката Кајса Викоф Лие, кои заостанаа 33 стотинки зад Басино.
