Францускиот весник „Ле Паризиен“ пишува дека неуспешната серија која ПСЖ ја има оваа 2023 година сериозно ја ослабна позицијата на тренерот Галтие. Четвртиот пораз во низа ќе биде голем проблем за катарските сопственици да му дадат доверба и голема е веројатноста тој наскоро да биде сменет. Раководството на ПСЖ е сериозно незадоволно не само резултатите, туку и од играта на тимот. Првото полувреме од мечот со Баерн беше оценето како „очајно“. Дел од раководтвото на тимот дури почна и да му посочува на Галтие дел од играчите кои треба да играаѕ, како Витиња. Тоа сигурно нема да му се допадне…
Author: saso
Салернитана и официјално го отпушти тренерот Давиде Никола. По лошите резултати во последно време, а особено последниот пораз од Верона, управата се одлучи да се раздели со Никола, кој пред само еден месец чудно успеа да го преживее поразот од Аталанта со 8:2, иако и тогаш беше најавена негова смена. Овој пат заминувањето е официјално потврдено, а Салернитана денеска треба да го назначи Португалецот Пауло Соуса за свој нов тренер. Тој се појави како главен кандидат откако клубот првично започна разговори со Бепе Јакини.Соуса ќе потпише петмесечен договор со опција за продолжување на две години.
Јапонецот Такехиро Томијасу за жал беше еден од трагичарите на Арсенал на синоќешното дерби со Манчестер Сити и поразот на домашен терен од 3:1. Јапонецот направи очајно додавање кон голманот Арон Рамсдејл, кое потоа Кевин Де Бруин лесно го претвори во гол за водство на гостите. Грешката сериозно го налути менаџерот на Арсенал, Микел Артета. „Никогаш не сум го видел Томијасу да направи такво додавање во последните седум години, но тој го направи тоа денес кога најмалку требаше. Тие знаеја како да не казнат. Сите играчи се тажни бидејќи знаат дека можевме да направиме многу подобар резултат. Не одигравме како…
На официјалната веб-страница на УЕФА се појави информација дека новото засилување на Манчестер Јунајтед, Марсел Сабицер нема да може да му помогне на својот нов тим на првиот натпревар од 1/16-финалето на Лигата на Европа против Барселона, кој е закажан за в четврток. Сабицер доби трет жолт картон на последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите со Баерн и требаше да го пропушти првиот плеј-оф меч со ПСЖ, но по позајмица во Манчестер Јунајтед, суспензијата му е префрлена во Лигата на Европа. Сепак, Касемиро ќе може да игра за Јунајтед против Барселона. Црвениот картон што го доби на…
Раководството на Челзи е свесно дека играчот од средниот ред Мејсон Маунт нема да потпише нов договор со клубот. 24-годишниот англиски репрезентативец летово ќе влезе во последните 12 месеци од актуелниот договор со „сините“. Тој беше поврзуван со Ливерпул на крајот на сезоната, доколку Челзи не успее да го поврзе на долгорочен договор и според Телеграф лондонскиот клуб на тој начин ќе биде принуден да донесе одлука што ќе прави со Маунт на лето. Се вели дека дел од управата на „Стемфорд Бриџ“ се помири со фактот дека Маунт ќе си замине, па веќе се подготвуваат за добри понуди во…
Меѓународниот олимписки комитет е во исклучително деликатна позиција во последните недели поради зголемениот притисок од Западот и Украина да им се забрани на руските и белоруските натпреварувачи да учествуваат на Олимписките игри во Париз следната година. На неодамнешниот состанок во Каунас, Литванија, 35 земји кои учествуваа на состанокот на чело со најголемите сили, се согласија дека поради руската инвазија на Украина, руските и белоруските спортисти ќе мора да добијатз абрана за учеството на најголемиот спортски настан. ИОК, сепак, не сака да донесе одлука под притисок, сака само преговори кои би довеле до најдобро решение, а најдобро решение може да биде…
УЕФА ги објави имињата на судиите кои ќе ја делат правдата на првите два осминафинални натпревари од Лигата на шампионите закажани за утре. Мечот меѓу ПСЖ и Баерн (М) ќе го суди Мајкл Оливер од Англија, кому ќе му помагаат Стјуарт Берт, Сајмон Бенет и четвртиот судија Енди Медли (сите од Англија). ВАР судија ќе биде Томаш Квјатковски (Полска). Натпреварот меѓу Милан и Тотенхем ќе го суди швајцарскиот судија Сандро Шерер, а помошници ќе му бидат Стефан Де Алмеида, Беким Зогај и Лукас Фендрих. Во ВАР собата ќе суди Марко Фриц (Германија).
Навивачите на Валенсија не престануваат со протестите против сопственикот на клубот. Фановите на тимот од „Местаља“ се обидуваат да го урнат раководството на чело со сингапурскиот бизнисмен Питер Лим. Пред мечот со Атлетик во кој Валенсија беше повторно поразена со 2:1, илјадници навивачи одржаа голем протест во близина на стадионот. Тие извикуваа: „Лим, оди си дома“, а истата порака беше на бројни транспаренти кои ги носеа со себе. Лим стана сопственик на Валенсија во 2014 година. Оттогаш, клубот од стабилен учесник во европските натпреварувања стана аутсајдер во Ла Лига. Сега тимот е на 18. место, па Валенсија веќе може да…
На проблемите во Ливерпул им нема крај, бидејќи тимот најверојатно ќе остане и без Тиаго Алкантара неколку недели. Шпанецот се повреди на тренинг и според „Телеграф“ нема да игра околу еден месец. Играчот од средниот ред ќе го пропушти дербито против Евертон денеск и неколку натпревари потоа. Тиаго се мачеше со повреди во текот на целата сезона, пропуштајќи 6 натпревари на почетокот. „Црвените“, пак, генерално имаат потешкотии на средината на теренот, а сега губат важна фигура токму на овој простор. Шпанецот им се придружи на Вирџил ван Дијк, Луис Дијаз, Диого Жота, Ибрахима Конате и Роберто Фирмино кои веќе некое…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна својата 376-та недела на врвот на АТП листата. Ѓоковиќ продолжи да го зголемува сопствениот рекорд во машкиот тенис по бројот на недели поминати на врвот на светскиот тенис. Тој се врати на првото место пред две недели, откако ја освои десеттата титула на Австралија опен и во исто време стигна до својот 22. Грен слем трофеј. Новак следниот понеделник ќе го израмни апсолутниот рекорд по број на недели на првото место, кој го држи поранешната германска тенисерка Штефи Граф со 377 недели на чело на ВТА листата. Јасно е и дека Србинот за…
