Author: saso

Саудиска Арабија има огромна понуда за купување на Формула 1. Веста ја обелодено претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА); Мохамед Бен Сулејем, кој јасно предупреди на последиците од таков акт. Наводно станува збор за понуда вредна милијарди евра која е стигната до сопствениците на Формула 1, Либерти Медиа. Претседателот на ФИА предупреди на можните последици од овој финансиски нереален договор. „Како чувар на мотоспортот, ФИА, како непрофитна организација, е внимателна кога станува збор за наводно надуени цени од 20 милијарди американски долари за Формула 1“, предупреди Мохамед Бен Сулејем (61) на социјалните мрежи. „На секој потенцијален купувач му советуваме да…

Read More

Нејмар може да го напушти ПСЖ по завршувањето на тековната сезона. Според Le Parisien, раководството на парижаните повторно ја разгледува можноста да го продаде Бразилецот на лето. Во мај 2022 година, беше објавено дека ПСЖ сака да се раздели со Нејмар во случај на интересна понуда. Подоцна објавено дека Бразилецот нема да замине. 31-годишниот напаѓач има 17 гола и 15 асистенции на 27 натпревари оваа сезона за ПСЖ. Од Светското првенство во 2022 година, тој постигна 2 гола и даде 3 асистенции на 6 натпревари за клубот, но јасно е дека во соблекувалната на ПСЖ, Нејмар не е омилен.

Read More

Тимот на Канзас Сити Чифс ја освои титулата во Националната фудбалска лига (НФЛ), откако утрово во Глендејл, Аризона, ги совлада Филаделфија Иглс со 38:35 во 57. Супербол. Чифси ја своија втората титула во последните четири години, вкупно трета во историјата предводена од бекот Партик Махомес, кој по наградата за најдобар играч на сезоната беше избран и за МВП на финалето. Махомес, кој по вторпат во кариерата го крена трофејот Ломбарди, го скрши и таканареченото „проклетство на МВП“. Имено, тој стана првиот МВП во сезоната кој играше во Супербол и стигна до трофејот уште од легендарниот Курт Ворнер во 1999 година.…

Read More

Некогашниот српски фудбалер Немања Видиќ ги информира медиумите дека поднел кандидатура за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија. Видиќ испрати мејл до претставниците на медиумите во кој вели дека неговите мотиви за кандидатура се чисто патриотски и дека се надева оти делегатите кои го поддржале „нема да подлегнат на притисокот со кој се соочуваат“. „Би сакал да ја искористам оваа прилика да ја информирам јавноста во Србија, пред се фудбалската јавност, дека откако дознав дека се распишани изборите за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, донесов одлука дека сакам да се кандидирам, со оглед на тоа што го исполнив условот…

Read More

Тренерот на Барселона, Чави, откри дека клубот е блиску до потпишување нов договор со играчот од средниот ред Серхи Роберто. Актуелниот договор со шпанскиот играч истекува на крајот од сезоната. „Тој е многу важен за тимот, може да игра на различни позиции. Многу пати инсистирав да остане. Многу сме блиску до потпишување на нов договор со Серхи“, изјавил Чави за „Мундо Депортиво“.

Read More

Милан е сериозно заинтересиран да го ангажира играчот од средниот ред на Ливерпул, Наби Кеита и тоа како слободен играч во текот на летото. „Росонерите“ во Кеита гледаат идеална опција за засилување на средината на теренот. Претходно стана јасно дека играчот од средниот ред на Ливерпул ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, кога ќе му истече договорот со „црвените“. 27-годишниот Наби Кеита беше купен од Ливерпул од РБ Лајпциг во летото 2018 година за 60 милиони евра.

Read More

Поголем број од фудбалерите на ПСЖ имаат симптоми на вирусна инфекција, јавија француските медиуми. Според информациите, на неколку играчи на главниот тим на парижани утрово им била дијагностицирана цревна болест. Симптомите на вирусот се повраќање, абдоминална болка и замор. Во моментов не е познат степенот на заразите, но се забележува дека тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие може да направи неколку промени во тимот за днеешниот дуел со Монако. ПСЖ поради повреди денеска нема да смена и на Меси и Мбапе.

Read More

29-годишната Швајцарка Јасмин Флури е новата светска шампионка во спуст. Таа патеката „Рок де Фер“ во Мерибел ја мина за 1:28,03 минути и успеа да направи големо изненадување. Подеднакво големо изненадување беше и 26-годишната Австријка Нина Ортлиб, која го освои среброто со заостанување од само четири стотинки зад победничката во своето деби на големите натпреварувања. Швајцарката Корин Зутер успеа да го оправда статусот на фаворит за медал и на крајот со заостанување од 12 стотинки ја освои бронзата.

Read More

Ракометарите на Вардар му се реваншираа на Татран Прешов за премиерниот пораз во новата сезона од СЕХА лигата, совладувајќи го донеска во Скопје со 29:24 (15:10). Избраниците на Владо Недановски освен во првите десетина минути од мечот во кои се обидуваа да го „скршат“ противникот, во остатокот на мечот имаа комплетна доминација. „Црвено-црните“ одиграа одличен меч и успеаја да дојдат до висока победа, која може да им го донесе и првото место во групата на крајот од групната фаза. Чувара постигна 5 гола и беше најефикасен кај Вардар, каде со по 4 гола се истакнаа и Моралес, Георгиевски и Дутра…

Read More

Канаѓанецот Џејмс Крафорд е изненадувачки освојувач на златниот медал на машкиот супервелеслалом на Светското првенство во Куршевел Мерибел. Тој денеска ја изненади конкуренцијата, откако на патеката L’Eclipse долга 1.857 метри оствари време од 1:07,22 минути, само една стотинка побрзо од Норвежанецот Александар Омод Килде, еден од фаворитите, кој на крајот се задоволи со сребрениот медал. На третото место се најде домашниот фаворит Алексис Пинтуро. Французинот по триумфот во алпска комбинација се закити со уште еден медал на овој светски шампионат. Изненадувачки, водечкиот во Светскиот куп, Швајцарецот Марко Одермат, остана без медал, откако на крајот заврши како четвртти.

Read More