29-годишната Швајцарка Јасмин Флури е новата светска шампионка во спуст. Таа патеката „Рок де Фер“ во Мерибел ја мина за 1:28,03 минути и успеа да направи големо изненадување.
Подеднакво големо изненадување беше и 26-годишната Австријка Нина Ортлиб, која го освои среброто со заостанување од само четири стотинки зад победничката во своето деби на големите натпреварувања.
Швајцарката Корин Зутер успеа да го оправда статусот на фаворит за медал и на крајот со заостанување од 12 стотинки ја освои бронзата.