Саудиска Арабија има огромна понуда за купување на Формула 1. Веста ја обелодено претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА); Мохамед Бен Сулејем, кој јасно предупреди на последиците од таков акт.
Наводно станува збор за понуда вредна милијарди евра која е стигната до сопствениците на Формула 1, Либерти Медиа. Претседателот на ФИА предупреди на можните последици од овој финансиски нереален договор.
„Како чувар на мотоспортот, ФИА, како непрофитна организација, е внимателна кога станува збор за наводно надуени цени од 20 милијарди американски долари за Формула 1“, предупреди Мохамед Бен Сулејем (61) на социјалните мрежи.
„На секој потенцијален купувач му советуваме да користи здрав разум, да ги има на ум најдобрите интереси на спортот и да смисли јасен, одржлив план, а а не само многу пари“, вели тој.
Според медиумскиот извештај, државниот фонд на Саудиска Арабија сима доставено понуда за преземање на Формула 1, која според некои шпекулации е тешка повеќе од 20 милијарди американски долари.