Тимот на Канзас Сити Чифс ја освои титулата во Националната фудбалска лига (НФЛ), откако утрово во Глендејл, Аризона, ги совлада Филаделфија Иглс со 38:35 во 57. Супербол. Чифси ја своија втората титула во последните четири години, вкупно трета во историјата предводена од бекот Партик Махомес, кој по наградата за најдобар играч на сезоната беше избран и за МВП на финалето.
Махомес, кој по вторпат во кариерата го крена трофејот Ломбарди, го скрши и таканареченото „проклетство на МВП“. Имено, тој стана првиот МВП во сезоната кој играше во Супербол и стигна до трофејот уште од легендарниот Курт Ворнер во 1999 година.
Од друга страна, и покрај одличната игра на квотербекот Џејлен Хертс, „орлите“ не успеаја вторпат да го подигнат трофејот Ломбарди во своето четврто финале.
Настап на полувремето имаше поп-ѕвездата Ријана, која испеа некои од нејзините најголеми хитови. Ова беше нејзин прв настап во живо по седум години.