Канаѓанецот Џејмс Крафорд е изненадувачки освојувач на златниот медал на машкиот супервелеслалом на Светското првенство во Куршевел Мерибел. Тој денеска ја изненади конкуренцијата, откако на патеката L’Eclipse долга 1.857 метри оствари време од 1:07,22 минути, само една стотинка побрзо од Норвежанецот Александар Омод Килде, еден од фаворитите, кој на крајот се задоволи со сребрениот медал.
На третото место се најде домашниот фаворит Алексис Пинтуро. Французинот по триумфот во алпска комбинација се закити со уште еден медал на овој светски шампионат.
Изненадувачки, водечкиот во Светскиот куп, Швајцарецот Марко Одермат, остана без медал, откако на крајот заврши како четвртти.