Телото на фудбалерот Кристијан Атсу е пронајдено во урнатините на турскиот град Антакија дванаесет дена по силните земјотреси, пишуваат турските медиуми, повикувајќи се на соопштението на менаџерот Мурат Узунмехмет. Атсу имаше 31 година и беше играч на турскиот прволигаш Хатајспор. Иако неколку часа по земјотресот беше објавено дека е пронајден и хоспитализиран, оваа информација два дена подоцна беше демантирана. Ден пред земјотресот, фудбалерот од Гана беше единствениот стрелец во победата на Хатајспор.
Author: saso
Манчестер Јунајтед доби втора официјална понуда за купување на акциите на клубот, објавија британските медиуми. Откако катарскиот принц, шеикот Јасим бин Мохамед ал-Тани во петокот објави дека дал конкретна понуда за купување на „црвените ѓаволи“, доцна синоќа истото го направи и најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф. 70-годишниот бизнисмен, кој е сопственик на хемиската компанија „Инеос“, долго време има интерес за акциите на клубот, кои од 2003 година се под контрола на американското семејство Глејзер.
Рафаел Надал, освојувачот на 22 Грен слем титули, се уште не е опоравен од повредата на колкот. Шпанскиот тенисер беше поразен во второто коло на Австралија опен, а оттогаш го нема на теренот. Надал неодамна мораше да ги откаже турнирите во Доха и Дубаи, а како што стојат работите под знак прашалник е и неговиот настап на Мастерсот во Индијан Велс. „Многу сум тажен што нема да можам да дојдам во Лас Вегас и да го играм овој голем настан со Карлос во MGM Grand Garden Arena. За жал, мојот процес на опоравување е таков што не е можно да…
Поранешниот шпански фудбалер, Фернандо Љоренте, реши да стави крај на кариерата на 37 години. Љоренте ја започна својата кариера во Атлетик Билбао, каде одигра 262 натпревари и постигна 84 гола во девет сезони. Потоа се пресели во Торино, а во Јувентус за кој настапуваше две сезони, по што се врати во Шпанија. По една сезона помината во Севиља, тој дојде на ред да замине во Англија, а прво го облече дресот на Свонси, а потоа заигра за Тотенхем. По една епизода во Премиер лигата, шпанскиот напаѓач кариерата ја продолжи во Италија. Таму прво настапуваше за Наполи, а потоа и за…
Македонската скијачка Јана Атанасовска не успеа да ја заврши првата велеслаломска трка на Светското првенство во Куршевел, Франција. Атанасовска утрово се појави на патеката во францускиот зимски центар на првата трка од женскиот велеслалом со стартен број 66, но по успешно минатиот прв сектор во вториот направи грешка и не успеа да ја заврши трката. Во машка конкуренција наши преставници на СП се Мирко Лазаревски, Виктор Петков, Јаков Добрески и Борјан Стрезовски кои ќе настапат на квалификациската трка во велеслалом.
Вечерва се враќаат и возбудувањата во Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА и тоа со т.н. плеј-оф коло за место во осминафиналето. И во двете натпреварувања има неколку интересни пресметки. Во фокусот на европската фудбалска јавност во вториот по квалитет турнир на УЕФА ќе биде пресметката на „Камп Ноу“ каде ќе се судрат европските гиганти Барселона и Манчестер Ј. Двата тима важат за фаворити на турнирот, но ждрепката сакаше тие уште во оваа фаза да ги одмерат силите, по што еден тим ќе мора да се збогува од натпреварувањето. Италијански Јувентус, пак, по сите турбуленции денеска го пречекува…
Еден од најдобрите ракометари во светот во последната деценија, Никола Карабатиќ мора да направи нова 3-месечна пауза поради повреда. Како што објавија медиумите од Франција, Карабатиќ и покрај тоа што штотуку го продолжи договорот со ПСЖ, нема да му биде на располагање на тренерот во следните 3 месеци, откако стана јасно дека има посериозна повреда на десната нога. Тоа е огромен удар за играчот и парискиот клуб бидејќи се ближат завршните дуели во Лигата на шампионите и националното првенство.
НБА лигата ги објави имињата на кошаркарите, кои ќе учествуваат на натпреварите за шутирање „тројки“, натпреварот во забивање и „натпреварот во вештини“ за време на Ол-стар натпреварот во Солт Лејк Сити кој е на програмата овој викенд. Сите три настани се закажани за сабота, 18 февруари. Во конкуренција за „најдобри тројкаши“ ќе бидат: Тајрис Халибартон (Индијана), Тајлер Хиро (Мајами), Бади Хилд (Индијана), Кевин Вертер (Сакраменто), Демијан Лилард (Портланд), Лаури Марканен (Јута), Анферни Симонс ( Портланд) и Џејсон Тејтум (Бостон). За титулата „најдобар забивач“ ќе се натпреваруваат Деричо Симс (Њујорк), Треј Марфи (Њу Орлеанс), Мек Мекланг (Филаделфија) и Кеј Џи Мартин…
Лионел Меси е се поблиску до откажување од нов договор со ПСЖ. Актуелниот договор на напаѓачот со парижаните е до летото 2023 година. Според „L’Équipe“, во средата имало средба помеѓу Хорхе Меси, таткото на фудбалерот, и раководните лица на ПСЖ. Како резултат на тоа, страните не успеале да постигнат договор. Аргентинецот не прифаќа нов договор за период од 1 година, што во моментов е најголема пречка. Во наредните денови се очекува да има уште една средба меѓу Меси и ПСЖ, но вестите не се оптимистички. ПСЖ велат дека Меси игра на време. Од почетокот на јануари страните не разговараат за…
Точно на пладне во СРЦ „Кале“ почнува тридневното натпреварување во кошаркарскиот куп на Македонија кој го носи името на легендата на нашата кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур. Скопскиот состав ТФТ ја има улогата на бранител на трофејот откако тимот од Тафталиџе лани со извонредни три натпревари успеа да дојде до својот прв куп-трофеј. Денеска бранителот на трофејот против Работнички ќе се бори за место во полуфиналето. Шампионот МЗТ Скопје А. прв стартува со меч против екипата на Кожув. „Штрковите“ важат за прв фаворит и оваа година, но тоа треба да го потврдат на паркетот во следните три дена. Своја шанса…
