Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го сподели своето мислење по ремито 1:1 на „кралевите“ со Атлетико Мадрид. „Ситуацијата во Ла Лига е комплицирана. Така беше и пред натпреварот, но сега е уште покомплицирано. Сепак, ќе се бориме до последното коло“, изјави Анчелоти. „Ни недостигаше психолошка свежина, повеќе отколку физичка свежина. Примивме гол, па потоа ни требаа десет минути за да се вратиме на нозе“, објасни италијанскиот специјалист. Реал веќе заостанува 7 бода зад лидерот Барселона, а Каталонците имаат и натпревар помалку.
Author: saso
Францускиот играч од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, би можел да се врати на терените вече во вторник на мечот со Торино. Искусниот играч за врска се чини дека конечно ќе се врати на терените откако ја санираше повредата. Информациите од италијанските медиуми говорат дека францускиот репрезентативец ќе му биде на располагање на тренерот Масимилијано Алегри за дербито против Торино.
Иван Тричковски и АЕК Ларнака ќе се сретнат со екипата на Вест Хем во осминафиналето на Конференциската лига. Со денешната ждрепка во Нион, беа одредени и останатите двојки од оваа рунда. Во оваа фаза од натпреварувањето интересно ќе биде на две пресметки: Лацио против АЗ_ Алкмар, како и на дуелот меѓу Андерлехт и Виљареал, каде веројатно ќе се бараат и тимовите кои се претенденти за место во финалето. АЕК Ларнака – Вест Хем Лацио – АЗ Алкмар Лех – Ѓургарден Базел – Слован Братислава Шериф – Ница Андерлехт – Виљареал Гент – И. Башакшехир
Денешната со ждрепка во Нион беа одредени двојките од осминафиналето на Лигата на Европа. По одличниот двомеч меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона во оваа фаза нема да гледаме нов дуел на гиганти. Интересно е што ќе гледаме пресметка меѓу две екипи кои заедно беа во групната фаза на натпреварувањето, а тоа се Унион Берлин и белгиски Унион Ст. Жилои. Севиља во оваа фаза ќе игра со Фенербахче, додека Арсенал за противник ќе го има Спортинг (Л). Манчестер Ј. го очекува силен двомеч со шпански Бетис. Севиља – Фенербахче Јувентус – Фрајбург Баер Леверкузен – Ференцварош Спортинг Лисабон – Арсенал Манчестер…
Голманот на Андерлехт, Барт Вербруген, влезе во историјата на европските купови, како првиот голман во последните 35 години, кој успеал да ја зачува мрежата на својот гол празна, дури и по изведувањето на пенали. Синоќа Андерлехт се пласираше во осминафиналето на Конференциската лига откако го победи Лудогорец во пенал рулетот. Токму во оваа пенал-лотарија, белгискиот голман Вербруген успеа да ги одбрани сите три пенали на фудбалерите на Лудогорец и со тоа да му овозможи на својот тим пласман во следната рунда.
Серхио Рамос го потврди своето повлекување од репрезентацијата на Шпанија, откако селекторот Луис де ла Фуенте му соопшти дека повеќе нема да биде повикуван за националниот тим. Дефанзивецот забележа 180 настапи за шпанската репрезентација, освојувајќи две европски првенства и еден Светски куп на ФИФА. „Утрово ми се јави актуелниот селектор кој ме извести дека не сум и нема да бидам дел од неговите планови, без разлика како настапувам. Со тешко срце ќе кажам дека тоа е крајот на патот за кој се надевав дека ќе се протега и понатаму и кој ќе заврши со подобар вкус во устата. Искрено верувам…
Македонската кошаркарска репрезентација синоќа го претпре првиот пораз во претквалификациите за Евробаскетот 2025. На гостувањето во словачка загубивме од домаќинот, па сега во последниот дуел со Норвешка ќе се бориме за потврда на пласманот во следната фаза. Бојан Крстевски одигра сосема добар натпревар во Левице, но неговите, и напорите на другите наши репрезентативци не се покажаа како доволни да се продолжи победничката серија. „Штета за поразот, имавме добри моменти на натпреварот во Левице. Пред се на почетокот на третата четвртина, кога имавме отворени ситуации за шут, меѓутоа не ги реализиравме. Од друга страна противникот имаше одличен шутерски ден, заокружен со…
Жерар Пике, поранешниот дефанзивец на Барселона, кој ја заврши својата кариера на почетокот на сезоната, го следеше натпреварот и беше во живо на една од социјалните платформи каде го коментираше натпреварот. Откако коментираше за некои од своите соиграчи, тој во преносот во живо призна: „Беше хаос“. По поразот на Олд Трафорд, Каталонците немаат повеќе европски фудбал и можат целосно да се фокусираат на Ла Лига и Купот на Кралот.
Менаџерот на Манчестер Ј., Ерик тен Хаг ги сподели емоциите по победата над Барселона и пласманот во осминафиналето на Лигата на Европа. Тој вели дека оваа победа значи дека неговиот тим може да победи против кој било друг тим. „Ако можете да ја победите Барселона, еден од најдобрите тимови во Европа во моментов, вашата верба расте и чувствувате дека можете да победите секого. Победивме многу силен тим. Имаме потенцијал да победиме во натпревари против кој било друг тим. Веќе имавме добри победи – против Ливерпул и Арсенал на домашен терен. Ова се победи кои се паметат“, вели Тен Хаг.
Кошаркарот на Фенербахче, Марко Гудуриќ, остана во Белград по натпреварот од Евролигата против Партизан и ќе игра за репрезентацијата на Србија на средбата со Велика Британија од квалификациите за СП 2023 година. Србите ќе се соочат со Грција во Атина на 24 февруари, па потоа на домашен натпревар со Велика Британија на 27 февруари. На Србија и е потребна една победа за да се пласира на Светското првенство. Доколку загуби од Грција, тогаш Гудуриќ ќе ја засили репрезентацијата на мечот со Британците. Тој доби дозвола од главниот тренер на Фенер, Димитрис Итудис.
