Author: saso

NBA

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс го повредил стапалото на десната нога и очигледно ќе мора да паузира неколку недели. Најдобриот стрелец во историјата на НБА оваа недела ќе ги помине медицинските тестови со цел да се дознае степенот на повредата. Сепак, се претпоставува дека Леброн ќе отсуствува од паркетот неколку недели, со оглед на првата реакција на лекарите.

Read More

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денеска против Мотор Запорожје на домашен терен, бара потврда на пласманот во осминафиналето од ЕХФ Европската лига. Битолчани со победа, но и со нерешен резултат, ќе продолжат во следната фаза од Лига на Европа и ќе играат во осминафиналето. Акоз агубат, за ракометарите на Ларс Валтер завршува европската авантура за оваа сезона. Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мотор Запорожје ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“. Инаку, украинскиот шампион кој поради војната игра во втората Бундеслига на Германија, викендов славеше во дерби дуелот против Рошток со 31:30.

Read More

Голманот на Брентфорд, Давид Раја, кого извесно време го следат Манчестер Јунајтед и Тотенхем, одби две понуди за промена на клупската средина. Шпанскиот голман е во врвна форма оваа сеозна и е еден од најдобрите поединци кај популарните „пчели“. „Одбив две понуди, една минатата година и една овој јануари. Тоа не беа понуди кои би ги прифатил. Можам само да го кажам ова. Сакам да се фокусирам на натпреварите и да не размислувам премногу за мојата иднина. Имам договор тука, па подготвен сум да го исполнам, но никогаш не се знае што ќе се случи на лето“, изјави чуварот на…

Read More

Милан наводно тргна во поход на потписот на Данецот Јеспер Линдстром, кој го носи дреот на германски Ајнтрахт (Ф). Италијански Calciomercato пишува дека спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини внимателно го следи Линдстром на настапите во Лигата на шампионите и во него гледа голем потенцијал за Милан следната сезона. Медиумите пишуваат и дека клубот ги истражува можностите летово да го ангажира Линдстром, но преговорите би почнале по завршувањето на сезоната.

Read More

Мароканскиот репрезентативец и член на ПСЖ, Ашраф Хакими, вчера беше избран за дел од најдобриот тим на годината според ФИФА, но на церемонијата на доделување на наградите пристигна под сериозни обвинувања за силување. Минатиот викенд во полициска станица пристигнала непозната девојка која го пријавила Хакими за силување. Тој ја повикал девојката во станот бидејќи неговата сопруга и децата биле на одмор во Дубаи, а работите наводно брзо излегле од контрола. Хакими почнал да ја бакнува и соблекува девојката, а потоа ја силувал, тврди таа. Откако некако успеала да се извлече, со нозете го оттурнала фудбалерот и побегнала. Таа повикала пријател,…

Read More

По завршените квалификации, синоќа и официјално се потврдени сите учесници на следното Светско кошаркарско првенство кое ќе се одржи оваа година во периодот од 25 август до 10 септември во Јапонија, Индонезија и Филипините. На завршниот турнир ќе учествуваат 32 селекции од кои: 12 од Европа, 8 од Азија, 7 од Северна и Јужна Америка и 5 од Африка. Европа: Грција, Латвија, Финска, Германија, Словенија, Литванија, Франција, Шпанија, Италија, Грузија, Црна Гора, Србија. Азија: Австралија, Кина, Јапонија, Иран, Либан, Нов Зеланд, Филипини, Јордан. Америка: Канада, САД, Доминиканска Република, Порторико, Бразил, Венецуела, Мексико. Африка: Брегот на Слоновата Коска, Ангола, Јужен Судан,…

Read More

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси синоќа во Париз е прогласен за најдобар играч во 2022 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Меси оваа награда ја заслужи освојувајќи ја титулата на неодамнешното Светско првенство во Катар. Напаѓачот на ПСЖ беше најдобар играч и во 2019 година, а последните двапати најдобар играч беше прогласуван Полјакот Роберт Левандовски. За најдобра фудбалерка е прогласена Алексија Путелас, која со Барселона играше во финалето на Лигата на шампионите. Најдобар тренер во машкиот фудбал е селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, кој ја предводеше јужноамериканската репрезентација до третата светска шампионска титула. Во женска конкуренција наградата ја…

Read More

Суспендиран од играње и тренинзи, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд го одржа својот прв состанок лице в лице со раководството на клубот откако против него беше отфрлена кривичната пријава за силување и напад. Пред околу три недели, кралското обвинителство ги отфрли сите обвиненија против Гринвуд. Останува да се види дали 21-годишниот фудбалер ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, бидејќи се уште не игра, ниту тренира со тимот. Откако обвиненијата беа отфрлени, клубот објави дека напаѓачот ќе остане суспендиран во очекување на внатрешна истрага. Гринвуд и неговите претставници, наводно, се сретнале со високи функционери на клубот како дел од…

Read More

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, вечерва во Осло (18.00 ќ.), го игра последниот шестти натпревар од вториот претквалификациски круг за пласман на Евробаскетот 2025 година. Противник на нашите најдобри кошаркари во обидот да го одбраниме првото место во групата „Д“ и да обезбедиме пласман во следниот квалификациски круг е селекцијата на Норвешка. Норвежаните пред неколку дена загубија на гостувањето кај Данска и со тој пораз ги загубија и теоретските шанси во битката за првото место кое директно води во квалификациите. Македонија беше подобра од Норвешка на мечот во Гевгелија, а ако го повториме тоа издание победата денеска нема да…

Read More

Арман Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап прескокнувајќи ја границата од 6,22 метри на натпреварувањето во сала одржано вчера во Клермон-Феран, Франција. Швеѓанецот синоќа го подобри за еден сантиметар својот најдобар резултат од минатогодишното Светско првенство на отворено во Јуџин, САД. Олимпискиот шампион од Токио, скокна 6,22 метри во својот трет обид на Ол-стар митингот во Клермон-Феран, организиран од ѕвездата во скок со стап, Рено Лавилиен и ги импресионираше над 4.000 присутни гледачи во салата.

Read More