Пилотот на Ред Бул и двократен и актуелен светски шампион, Макс Верстапен, вели дека Мерцедес и неговиот голем конкурент на патеката, Луис Хамилтон и оваа година ќе се борат за освојување на титулите во двете конкуренции. „Не ги намалувам квалитетите на Луис и Мерцедес. Тие имаат поинаква филозофија и можеби ќе биде потребно малку повеќе време за да ја оживеат својата шампионска форма. Мораме да зборуваме за нови болиди, но сè уште не е јасно во која насока ќе одат работите“, вели Холанѓанецот. Овој викенд со трката за Големата награда на Бахреин ќе се отвори новата сезона во Формула 1…
Author: saso
Дефанзивецот на Барселона, Серхи Роберто ќе го продолжи договорот со клубот денеска или најдоцна утре. Според информациите на шпанските медиуми, актуелниот договор на шпанскиот фудбалер со Барселона истекува на крајот од сезоната, но веќе се е договорено за новата соработка. Денеска Роберто треба да дојде во попладневните часови на состанок во канцеларијата на клубот на кој ќе биде и официјалното потпишување на новиот договор. 31-годишниот дефанзивец е дете на Барселона. Тој е во тимот од 2006 година.
Иако има понуда од Саудиска Арабија, Серхио Рамос најверојатно ќе остане и следната сезона во дресот на француски ПСЖ. Според француски „Л’Екип“, Рамос е во напредни преговори со ПСЖ и доколку нема непредвидени ситуации, Рамос ќе остане во ПСЖ и следната сезона. Според информациите, агентот на Серхио Рамос се надева на нов договор за да може престојот во Париз да продолжи и по оваа сезона. Во ПСЖ се расположени да му понудат нова едногодишна соработка, која веројатно ќе се случи во скоро време.
Македонската атлетичарка Дрита Ислами денеска се појави во квалификациите на 400 метри на Европското првенство во сала кое се одржува во Истанбул. Во првата квалификациска трка таа го освои петтото место во конкуренција на шест атлетичарки со време 55,86 секунди, што е за педесетина стотинки послабо време од нејзиниот најдобар резултат поставен пред две години на Кипар (55,32). Во вкупниот пласман во квалификациите Ислами заврши на 25. место во конкуренција на 27 атлетичарки. Утре на трката на 3000 метри треба да настапи Дарио Ивановски.
Фантастично издние на двете големи ѕвезди на Далас, Дончиќ и Ирвинг на синоќешното дерби со Филаделфија, каде тексашаните ја прекинаа серијата од два порази и славеа со 133:126. Лука Дончиќ заврши со 42 поени, 12 асистенции и четири скока, додека Кајри Ирвинг постигна 40 поени, со шест асистенции, четири скока и три украдени топки. Во второто дерби на вечерта, кошаркарите на Голден Стејт славеа над Лос Анџелес Клиперс со 115:91 и ја постигнаа четвртата последователна победа. Актуелниот шампион го предводеше Џордан Пул со 34 поени, а Клеј Томпсон постигна 19 поени со 11 скока. Во тимот од Клиперс најефикасен беше…
Лука Модриќ жали за поразот од Барселона во првиот полуфинален меч од Копа дел Реј. По синоќешната пресметка и поразот на домашен терен од 1:0, Модриќ вели дека истиот е незаслужен. „Штета, затоа што игравме навистина добро, дури и ако ни недостасуваше острина во нападот. Создадовме неколку шанси од кои не успеавме да постигнеме гол, но мислам дека одигравме прилично добар натпревар. Не размислуваме за нивните повредени играчи, бидејќи Барселона е секогаш силен тим, без разлика дали има повреди или не. Создадовме доволно шанси а да постигнеме гол, но не успеавме. Тие постигнаа среќен гол и го добија натпреварот, но…
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез вели дека е задоволен од резултатот, но не и од играта на неговиот тим во победата од 1-0 над Реал Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Купот на Кралот. Единствениот гол на „Бернабеу“ го постигна Едер Милитао, кој го погоди сопствениот гол. „Ги минимизиравме шансите на Реал Мадрид, но не успеавме да ја контролираме топката. Веќе некое време демонстрираме дека знаеме да се играме тешки натпревари и да ги добиеме. Ова е тест против противник од високо ниво. Задоволен сум од резултатот, не толку од играта”, изјави Шпанецот по мечот. Тој вели дека без разлика…
Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денеска го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари против репрезентацијата на Португалија во рамките на втората фаза од квалификациите за ЕП 2024. На списокот се најдоа 22. ракометари, меѓу кои и повратникот, средниот бек на Е. Пелистер, Марио Танкоски. Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024. Сениорите во рамките на ЕХФ неделата ќе одиграат квалификациски натпревари против селекцијата на Португалија на 9 март со почеток во 19:00 часот на домашен…
Вечерва Реал (М0 и Барселона од 21 часот ќе го одиграатпрвиот меч во рамките на второто полуфинале од кралскиот куп на Шпанија. Во пресрет на денешната средба, Реал влегува полн со оптимизам, откако Барселона загуби од Алмерија во последното коло од Ла Лига, а Реал блескаше во ЛШ против Ливерпул,. Барселона се соочува со многу повреди и јасно е дека вечерва Чави ќе мора да истрча без неколку главни играчи како Роберт Левандовски, Педри, Усман Дембеле,… Тоа само дополнително ги мотивира домашните да тргнат во јуриш уште од првата минута. Менди поради повреда на бутот нема да игра и вечерва,…
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа утрово во рамките на осминафиналето на ИТФ турнирот во Астана, Казахстан, во три сета успеа да ја совлада белоруската тенисерка Ирина Шиманович со 7:5, 1:6 и 6:2 и да се пласира во следната рунда. Утре во четвртфиналето нашата тенисерка ќе има пресметка со Русинката Тихонова, која моментно е рангирана на 179. место на ВТА листата. ИТФ турнирот во Астана се игра за награден фонд вреден 40.000 долари.
