Пилотот на Ред Бул и двократен и актуелен светски шампион, Макс Верстапен, вели дека Мерцедес и неговиот голем конкурент на патеката, Луис Хамилтон и оваа година ќе се борат за освојување на титулите во двете конкуренции.
„Не ги намалувам квалитетите на Луис и Мерцедес. Тие имаат поинаква филозофија и можеби ќе биде потребно малку повеќе време за да ја оживеат својата шампионска форма. Мораме да зборуваме за нови болиди, но сè уште не е јасно во која насока ќе одат работите“, вели Холанѓанецот.
Овој викенд со трката за Големата награда на Бахреин ќе се отвори новата сезона во Формула 1 шампионатот.