Author: saso

Марко Одермат е победник на саботниот велеслалом во Крањска Гора, откако беше прв по првото возење, а истото го направи и во второто. Фантастиниот Швајцарец потврди дека е во извонредна форма во финишот на сезоната. Одермат оствари време од 2:16.65 минути, оставајќи го зад себе Французинот Алексис Пинтуро, кој беше петти по првото возење, но потоа стигна до подиумот со фантастично второ возење. На крајот заостануваше 23 стотинки зад Швајцарецот. Норвежанецот Хенрик Кристоферсен беше трет, како и по првото возење, со аостанување од 37 стотинки. Утре ќе се вози нова трка во Крањска Гора.

Read More

Атлетико Мадрид летово би можел да остане без напаѓачот Жоао Феликс, според последните извештаи на медиумите. Наводно, Феликс во моментов е задоволен од престојот во Челзи и не би имал ништо против лондонскиот клуб да го купи на крајот од сезоната. Феликс дојде од Атлетико во Челзи на позајмица до крајот на оваа сезона. „Португалецот е среќен во Челзи и Атлетико мора да биде подготвен за сериозни разговори ова лето“, велат медиумите на островот. Наводно Тод Боли ќе започне преговори со мадрижани за некој ден. Неговата моментална цена е 50 милиони евра, а дел од шпанските медиуми шпекулираат дека мадридскиот…

Read More

Македонската ракометна репрезентација утрово замина за Португалија, каде утре во 18:30 часот го игра реваншот со оваа селекција во рамките на квалификациите за ЕП 2024 година. Селекторот, Кирил Лазаров за оваа средба поведе 18 ракометари меѓу кои не се најдоа Марко Кизиќ и Ален Ќосевски. Двајцата играчи не беа на списокот и за првата средба во Скопје. Ова е составот со кој Македонија ќе се обиде да ја изненаду Португалија на реваншот: Митревски, Велковски, Ц.Кузманоски, Ѓорѓиев, Митев, Томовски, Маркоски, Кузмановски, Костески, Јагуриноски, Џонов, Стојковиќ, Пе.Атанасијевиќ, Серафимов, Петров, Мишевски, Младеновиќ и Аларов.

Read More

Жозе Мурињо го загуби спорот по жалбата против неговата суспензија од два натпревари во Серија А поради неговите отворени реакции кога беше исклучен во изненадувачкиот пораз од Кремонезе со 2-1 на крајот на февруари. Италијанскиот спортски апелационен суд вчера потврди дека неговата жалба е одбиена. Мурињо, кој беше исклучен од судијата Марко Пичинини на почетокот на вториот дел, исто така беше казнет со 10.000 евра. Тој ќе ги пропушти натпреварите на Рома против Сасуоло во недела и дербито на Рим со Лацио на 19 март.

Read More

Вест Хем размислува за летна позајмица на дефанзивецот на „црвените ѓаволи“, Хари Мегваер. „Чеканите“ годинава се далеку под очекувањата и ќе се борат за опстанок во елитата на преостанатите натпревари од сезоната. Доколку останат во Премиер лигата, клубот сигурно ќе го освежи составот, а еден од таргетираните играчи е 30-годишниот англиски репрезентативец. Мегваер е заборавен од Ерик тен Хаг, и голема е веројатноста ова лето да биде или продаден или позајмен. До денес, дефанзивецот одигра 21 натпревар во сите натпреварувања и не е дел од долгорочните планови на холандскиот стретег.

Read More

Машката ракометна репрезентација на Македонија загуби од Португалија со 29-23 во дуел од третото коло од квалификациите за Европското првенство 2024 година. Иако Македонија имаше свои моменти на овој натпревар, а во вториот дел дури успеавме и да поведеме, искусните гости го приведоа мечот до висок и убедлив триумф. Португалија првото полувреме го заврши со предност од три гола 914:11), додека на стартот на вториот дел успеваше да одржи постојна предност од 2-3 гола. Со покомпактна игра во дефанзивата се изборивме за неизвесност кон средината на вториот дел кога стигнавме на 19:19, а потоа со еден гол на Кузмановски и…

Read More

Вечерва ќе се одиграат уште два реванш дуели од осминафиналето на Лигата на шампионите. По Челзи и Бенфика, останува да видиме кои два тима по денешните пресметки ќе обезбедат пласман меѓу осумте најдобро во Европа оваа сезона. Баерн (Минхен) е домаќин на Пари Сен Жермен на „Алијанц Арена“ во еден од највозбудливите реванш натпревари од 1/8-финалната фаза од Лигата на шампионите. Баварците вечерва почнуваат со предност од 1:0 по одличниот  настап на првиот меч во Париз, предност која може да биде и пресудна на патот кон четвртфиналето. Од сезоната 2010/11, Баерн не е елиминиран од нокаут-фазата во Лигата на шампионите,…

Read More
NBA

ЛА Лејкерс синоќа на полувремето на мечот со Мемфис на посебна свеченост го повлекоа дресот со број 16 кој го носеше легендарниот Шпанец, Пау Гасол. Гасол играше за Лејкерс од 2008 до 2014 година, а со тимот од Калифорнија двапати стана шампион во НБА (2009, 2010). „Еднаш си дете кое игра кошарка на училиште со своите другари, а потоа, додека трепнеш, одеднаш го остваруваш твојот сон. Но, денешниот настан навистина ги надминува сите мои очекувања и соништа, ми значи многу“, рече Шпанецот, придружуван од неговите родители, браќата, сопругата и децата, заедно со сопственичката на Лејкерс, Џини Бас, генералниот менаџер на…

Read More

Искусниот играч од средниот ред на Бенфика, Жоао Марио реализираше пенал во реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Клуб Бриж (5:1). Тој постигна гол на петтата средба во низа од Лигата на шампионите и успеа да израмни рекорд на својот далеку пославен сонародник, Еузебио. Последен пат кому тоа му успеало со Бенфика, беше легендарниот Еузебио во сезоната 1963/64.

Read More

Францускиот прволигаш Анжер на својата официјална веб-страница објави дека Абделазис Буазама повеќе не е тренер на тимот. 54-годишниот специјалист беше на оваа позиција од 28 ноември 2022 година. Тој го предводеше Анжер на 11 натпревари во Лига 1 на кои не успеа да победи. Имаше само две ремија и дури 9 порази. Тој претходно беше тренер на младинскиот тим на Анжер, а од 2013 година работи на други позиции во клубот.

Read More