По поразот од Ливерпул со 7:0 и ремито со Саутемптон вчера (0:0), Манчестер Ј. покажа сериозни осцилации во играта и резултатите во Премиерлигата. Голманот Де Хеа смета дека ваквите резултати се данок на напорниот распоред. „Апсолутно е лудо со многуте натпревари што ги играме. Тешко е. Изгледа едноставно, но многу е тешко да се игра секој втор или трет ден. Играчите трчаат многу. Немаме многу време за опоравување. Секој се труди и дава се од себе. Може да се види на секој натпревар како се бориме и се трудиме. Секако дека пропуштате некои натпревари како денешниот, играчите се заморуваат и…
Author: saso
Еден Азар откри дека неговото повлекување од репрезентацијата на Белгија не е поврзано со лошиот настап на „црвените ѓаволи“ на СП 2022. Белгијците не успеаја да ја поминат групната фаза во Катар, а веднаш потоа, Азар беше еден од играчите кои објавија дека ја завршуваат меѓународната кариера. „Мислам дека тоа беше неопходно. Веќе имав одлучено пред Светското првенство, но тажен сум што бевме елиминирани толку рано. Кога се појави веста за моето пензионирање, бев во Њујорк со моето семејство. За малку ќе заплачев, најмногу поради реакцијата на моите соиграчи. Ми го стоплија срцето“, сподели Азар. „Моето семејство веќе знаеше. И…
Цената на Џуд Белингем ова лето може да достигне и 140 милиони евра, пишува мадридски „Ас“. Англискиот играч за врска се смета за клучен играч на трансфер списокот на Реал (М) за следната сезона, но прашање е дали трансферот ќе се реализира поради високата цена која за него ќе ја бара Борусија (Д). Откако управата на Реал даде зелено светло за преговори со неговиот агент, неодамна преставник на клубот замина во Германија да се сретне со играчот и неговиот агент. Посетата на репрезентативецот на Англија имаше за цел одблиску да се запознае играчот, како и да му се презентираат предностите…
Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18:30 часот ќе го одигра вториот дуел против Португалија во овој циклус на квалификации за Европското првенство 2024. Селекторот Кирил Лазаров за оваа средба одбра 18 ракометари, а во пресрет на дуелот се реши да направи две измени во составот во однос на претходното соочување во Скопје. Шанса вечерва ќе добијат Михајло Младеновиќ и Михаил Аларов, кои ќе ги заземат местата на Цветан Кузманоски и Марко Мишевски.
Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје А. загуби на гостувањето кај Мега Баскет со 93-86 и го запиша 16-от пораз во АБА-лигата. Овој пораз го остава тимот на Драган Николиќ на последната позиција на табелата, на една победа зад најблискиот ривал во битката за опстанок во јадранската елита, Борац Чачак. Иако одигра одлично прво полувреме, МЗТ Скопје А. не успеа да продолжи во ист ритам и во вториот дел. Лошата одбрана и седумте тројки кои Мега Баскет ги постигна во третиот период го решија победникот. Никола Ѓуришиќ со 20 поени и Матеј Рудан со 19 поени беа предводници кај Мега Баскет,…
Светската боксерска асоцијација (ВБА) во саботата објави дека е постигнат договор околу борбата меѓу Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик, за апсолутен светски шампион во тешка категорија. Најавата на ВБА следи по долгите преговори за борбата на 29 април на Вембли, при што боксерите ги користат социјалните мрежи за да се рекламираат и да поставуваат услови. Шампионот на ВБЦ, Фјури, во петокот изјави дека Усик, шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО, треба да добие 30 отсто од заработката од борбата, со што битката е загрозена. Усик на социјалните мрежи во петокот вечерта изјави дека се согласува со понудата, но…
Легендарниот играч за врска на Ливерпул, Стивен Џерард, пристигна во Истанбул за да одржи состанок со раководството на локалниот шампион Трабзонспор. Клубот е во потрага по нов тренер, а поранешниот прв човек на Астон Вила е фаворит број еден за оваа функција. Во моментов ситуацијата во Трабзонспор не е лесна, бидејќи клубот е без претседател. Раководните функции во тимот ги извршува потпретседателот Ертурул Доган, а тој се обидува да го донесе Џерард во тимот. На крајот на март се очекува да биде избран новиот претседател на Трабзонспор.
Според шпанските портали, дефанзивецот на Реал (М), Начо е предмет на интерес на Интер. Шпанскиот дефанзивец би можел да го напушти Реал Мадрид како слободен играч во летниот преоден рок. „Нероаѕурите“ сакаат да го ангажираат фудбалерот со слободен трансфер, што би било добра зделка. Начо и покрај тоа што никогаш не беше прв избор на централен бек помина одлична кариера во Мадрид. 33-годишниот фудбалер е во Реал повеќе од две децении.
Италијански извори тврдат дека Милан прави се за ова лето да го обебзеди потписот на младиот 21-годишен фудбалер на Арсенал, Фоларин Балогун, кој годинава блеска како позајмен во француски Ремс. Италијанскиот гигант е еден од клубовите кои сакаат да разговараат за негова продажба или позајмица следната сезона. Балогун дојде низ младинските редови на „топчиите“, но не успеа да се пробие во првиот тим и беше предмет на бројни позајмици. Оваа сезона се најде во центарот на вниманието преку неговите настапи за Ремс. 21-годишниот играч има 18 гола на 27 натпревари за францускиот тим сезонава.
Вчера екипата на Челзи го победи Лестер со 3:1 на гостински терен, играјќи еден од своите подобри натпревари оваа сеозна. Ова беше трета последователна победа на „сините“, а менаџерот на тимот Греам Потер смета дека тимот се развива во добра насока. „Испраќаме една добра недела. Трите победи сведочат за тоа дека тимот се развива во добра насока. Не е лесно против Лестер и денеска не беше исклучок. Шанси имаше и противникот и моравме да бидеме трпеливи. Сепак, го заслуживме успехот и задоволни сме“, изјави Потер по победата. И покрај нивните неодамнешни добри резултати, Челзи останува на 10-тото место во табелата…
