Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжува да реди победи во 2023 година. Денеска со 2-0 во сетови го победи францускиот тенисер Пол Инчауспе и се пласира во осминафиналето на ИТФ турнирот во Тулуз, Франција.Нашиот тенисер може да се каже рутински до доби дуелот, првиот сет го доби со 6-2, а вториот со 6-4 и со тоа избори место понатаму.Во наредната рунда Ивановски ќе игра со подобриот од Наполитано (Италија) и Венделкен (Британија).
Author: saso
Кошаркарот на Чикаго, Лонзо Бол, беше опериран во понеделникот за да му биде пресадена ‘рскавица на левото колено. Според главниот тренер на Булс, Били Донован, оваа ретка процедура ќе му даде на Бол добри шанси да ја продолжи кариерата. Ниту еден НБА играч досега немал трансплантација на ‘рскавица. „Фокусиран сум да се вратам на теренот со моите соиграчи. Тоа беше непријатен процес, но сигурен сум дека следните чекори се најдобриот пат за мене. Поддршката од семејството, пријателите, навивачите и медицинскиот персонал во текот на процесот на опоравување ме одржува да одам напред“, рече Бол. Бол имаше три операции на коленото…
Франција на четворица свои поранешни репрезентативци ќе им искаже почит за време на квалификацискиот меч против Холандија, кој е закажан за 24 март. Пред натпреварот на теренот ќе излезат Рафаел Варан, Хуго Лорис, Стив Манданда и Блес Матуиди кои ја завршија кариерата во репрезентацијата. Тренерот Дидие Дешамп во интервју за „Ле Паризиен“ призна дека покана била упатена и до освојувачот на „Златната топка“, Карим Бензема, но тој одбил да присуствува на свеченоста, само поради лошиот однос со селекторот.
Раководството на Манчестер Јунајтед очигедно ја почитува работата на менаџерот Ерик тен Хаг, па затоа ќе му понуди нов договор. Иако во моментов на „Олд Трафорд“ се занимаваат со промената на сопственичката структура, што и да се случи, тоа по се изгледа нема да има влијае на иднината на менаџерот. Под водство на Холанѓанецот, Манчестер Јунајтед по шест години го крена првиот пехар, а се уште се натпреваруваат за трофеи и во ФА Купот и Лигата на Европа.
Македонската фудбалска репрезентација попладнево од 17 часот ќе го има официјалниот собир на стартот од подготовките за првиот меч од новиот квалификациски циклус за Европското првенство во 2024 година. Според планот на селекторот Благоја Милевски, повиканите фудбалери треба да се појават денеска во 17 часот во хотелот „Хилтон“ во Скопје, по што веќе два часа подоцна треба да одржат и првиот заеднички тренинг. Македонија стартува со подготовките за првиот квалификациски меч од циклусот за Евро 2024 кој в четврток на домашен терен го играме против селекцијата на Малта. На првиот собир најверојатно ќе недостасуваат неколкумина интернационалци кои треба да го…
По неверојатната сезона со Наполи, ПСЖ е подготвен да плати неверојатни 180 милиони евра за 22-годишниот Квича Кварацхелија од екипата на Наполи. Ако ваков трансфер се случи, тоа ќе биде вториот најскап фудбалер во светот, а Наполи тешко дека би одбил ваква сума на пари. Грузискиот фудбалер пристигна во Наполи од Динамо Батуми за 11.5 милиони евра откако две сезони играше во руската лига, а оваа година во партнерство со Виктор Осимен ги однесе Наполи на врвот на италијанската Серија А и многу блиску до Скудетото.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез нема да присуствува на денешното „Ел Класико“ на Камп Ноу. Оваа одлука е донесена поради зголемената тензија меѓу двата клуба. Нетрпението меѓу двата клуба се зголеми откако Реал Мадрид зазеде страна во истрагата од висок профил за случајот „Негреира“ и ја поддржа правната постапка против Барселона, во која каталонскиот гигант беше обвинет за поткуп на судии заради услуга. Како резултат на овие акции, откажана е традиционалната вечера меѓу претседателите на двата клуба, Флорентино Перез и Жоан Лапорта, која се одржува пред натпреварите на Ел Класико, бидејќи претседателот на Реал Мадрид не отпатува за Барселона.…
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, денеска на прес-конференција го објави списокот на повикани фудбалери за престојниот натпревар со Малта од стартот на квалификациите за ЕП 2024. На листата се најдоа 28 фудбалери, меѓу кои има и неколку нови имиња. На списокот ги нема Николов и Спировски поради лоша форма, како и повредените Серафимов, Дориев и Костадинов. „Што се однесува до репрезентацијата на Малта се знае дека аутсајдери не постојат во денесен фудбал. Ние нашиот квалитет мора да го покажеме на терен. Ме радува што се очекува од нас победа и ќе напраиме се што е во наша можност…
Шпанскиот фудбалер Марко Асенсио е предмет на интерес на Челзи. 27-годишниот фудбалер ќе стане слободен играч во летниот преоден рок бидејќи му истекува договорот со Реал Мадрид. Челзи ќе се натпреварува со Арсенал и другите клубови заинтересирани за неговиот потпис. Марко Асенсио некогаш беше голема надеж на Реал Мадрид, откако му се приклучи на тимот во летото 2015. Сепак, по тешката повреда пред почетокот на сезоната 2019/20, формата на Асенсио падна. Оваа сезона Асенсио започна само 10 од 41 натпревар за Реал. Неговата иднина на „Бернабеу“ е неизвесна, откако влезе во последните месеци од договорот. Во битката за Асенсио, Челзи…
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, им се закани со санкции на клубовите и нивните градови кои одбиваат да ги угостат навивачите на противничките клубови. Реакцијата на Чеферин стигна откако реваншот од осминафиналето меѓу Наполи и Ајнтрахт во Неапол ќе се одигра без германски навивачи, бидејќи локалните власти одлучија да не им продаваат билети поради страв од нереди. Првиот човек на УЕФА, говорејќи за германската телевизија, оваа забрана ја оцени како „лоша одлука“ и посочи дека може да се воведе правило клубовите да не играат во своите градови доколку властите забранат доаѓање на гостински навивачи.
