Author: saso

Португалија денеска ќе му гостува на Лихтенштајн во првиот квалификациски натпревар за Европското фудбалско првенство 2024 година. 38-годишната суперѕвезда н апортугалскиот фудбал, Роналдо, доколку добие шанса да игра против Лихтенштајн, ќе остане запишан во историјата како играч кој одиграл најмногу репрезентативни натпревари, достигнувајќи бројка од вкупно 197 со националниот тим на Португалија. Роналдо засега го дели овој рекорд со најдобриот стрелец на Кувајт, Бадер Ал-Мутава со 196 настапи. Роналдо дебитираше за португалската репрезентација на пријателски натпревар против Казахстан во 2003 година. Минатиот септември Роналдо го престигна Иранецот Али Даеи на листата на репрезентативци со најмногу постигнати голови со 109 гола.

Read More

Првиот човек на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, во Краков, Полска е член на Координативната комисија за Европски игри (ЕИ) Краков 2023 на Европските олимписки комитети. На состанокот се разговара за теми како што се условите за учество на спортистите, сместувањето, транспортот, квалификационите системи, поврзаноста на овие игри со квалификациониот систем за учество на ОИ Париз 2024 и многу други теми кои се од голема важност за организацијата на ЕИ. Димевски ја искористи оваа прилика, со членовите на Меѓународниот олимписки комитет како и со Европските олимписки комитети да договори нови програми за унапредување на македонскиот спорт како и да лобира…

Read More

За утрешниот меч со Малта, македонската фудбалска репрезентација ќе биде без еден од напаѓачите кои се во одлична форма во изминатиов период, Доријан Бабунски. Според селекторот Милевски, Доријан поради повреда отпаѓа од комбинација за настап. „За жал, Доријан има повреда на бутот која ја здобил на последниот првенствен меч и после снимките завчера и вчера, нема да може да се стави во функција за овој меч. Ќе мора да почекаме на следниот собир за да го имаме во тимот. Сите останати се здрави“, рече селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција.

Read More
NBA

Ѕвездата на ЛА Клиперс, Пол Џорџ тешко го повреди коленото на десната нога на натпреварот против Оклахома Сити Тандер. Засега нема официјални информации за тежината на повредата, но некои американски медиуми пишуваат дека сезоната за Џорџ е завршена. Ако тоа се покаже како точна информација, тогаш со оваа повреда на Џорџ завршува и сонот на Клиперс за битка за титула оваа сезона. Оваа сезона Пол Џорџ со просек од 23,9 поени, 6,1 скока и 5,1 асистенции по натпревар беше најдобриот кошаркар на Клиперс.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација утре (20.45 ч.) на Националната арена во Скопје ги почнува квалификациите за ЕП 2024. На денешната официјална прес-конференција, селекторот Благоја Милевски и капитенот Стефан Ристовски ги искажаа своите очекувања од дуелот. „Малта има нов селектор. Станува збор за квалитетна селекција против која имаме максимален респект. Се што ќе се случува утре зависи само од нас. Од првиот ден како селектор создаваме тим за овие квалификации. Полека момците се вклопуваат, особено оние кои се нови. Мора да покажеме на терен дека сме на високо ниво. Македонија е подобра во моментов од Малта. Ние елиминиравме репрезентација како Италија. Но…

Read More

Долго најавуваната борба меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик по се изгледа нема да се случи. Планирана за 29 април на Вембли, борбата како што сега стојат работите нема шанси да се одржи. Егис Климас, менаџерот на Александар Усик, истакна дека неговиот тим ги прифатил сите услови, но дека постојано се бара нешто ново од него. „Колку и да попуштаме, тие бараат повеќе. Се договоривме да ги поделиме парите 70:30 во корист на Фјури, се договоривме дека нема клаузула за реванш, но тоа очигледно не е доволно и Фјури бара начини да ја избегне борбата“, изјави Климас. Како што истакнува…

Read More

Баерн има намера да го задржи Жоао Кансело и следната сезона, но има еден услов кој сака да биде исполнет. Во моментов Португалецот игра како позајмен од тимот на Манчестер Сити, но договорот му истекува на крајот од сезоната. „Баварците“ се подготвени да му понудат на играчот перманентен договор, но за ова Манчестер Сити мора да ги намали финансиските побарувања. Во договорот меѓу Баерн и Сити пишува дека Кансело може да се пресели на „Алијанц“ со траен договор за сума од 70 милиони евра. Баерн вели дека во ваква ситуација со Кансело не е подготвен да плати толкава сума. Тие…

Read More

Поранешниот дефанзивец на Тотенхем, Мет Доерти, изјави дека клубот треба да се обиде да го задржи италијанскиот менаџер Антонио Конте што е можно подолго и покрај шпекулациите дека двете страни ќе се разделат многу брзо. „Тој е неверојатен тренер, неверојатен менаџер“, изјави Доерти пред европските квалификации на Ирска против Летонија и Франција. „Тој нема да каже ништо пред новинарите што нема да им го каже на своите играчи. Тој е апсолутно искрен, има страст кон клубот. Се надевам дека Тотенхем ќе го задржи што е можно подолго. Тој е еден од најдобрите менаџери на сите времиња“, смета Доерти.

Read More

Кевин Де Бруин е новиот капитен на белгиската репрезентација. Тој ја презема капитенската лента од Еден Азар, кој ја заврши репрезентативната кариера по завршувањето на Светското првенство во Катар. Белгискиот фудбалски сојуз информира и дека голманот Тибо Куртоа и напаѓачот Ромелу Лукаку се новите заменици капитени во националниот тим. Белгија ги започнува квалификациите за Европското првенство во петок со меч против Шведска на „Френдс арената“ во Стокхолм.

Read More

Претседателот на Косовскиот фудбалски сојуз, Агим Адеми, е уапсен во главниот град Приштина и одведен на информативен разговор, објавија локалните медиуми. Засега не за познати причините за задржувањето на Адеми, но и во минатото тој имаше проблеми со полицијата. Обвинителите во Косово го испитуваа Адеми за економски криминал, злоупотреба на средства и затајување данок. Минатата недела Адеми беше прогласен за невин за обвинението што му беше покренато во 2012 година, за што првично беше осуден на девет месеци затвор.

Read More