Ѕвездата на ЛА Клиперс, Пол Џорџ тешко го повреди коленото на десната нога на натпреварот против Оклахома Сити Тандер. Засега нема официјални информации за тежината на повредата, но некои американски медиуми пишуваат дека сезоната за Џорџ е завршена.
Ако тоа се покаже како точна информација, тогаш со оваа повреда на Џорџ завршува и сонот на Клиперс за битка за титула оваа сезона. Оваа сезона Пол Џорџ со просек од 23,9 поени, 6,1 скока и 5,1 асистенции по натпревар беше најдобриот кошаркар на Клиперс.