Author: saso

Тенискиот свет моментално го тресе нов голем скандал со наместени натпревари. Според францускиот „Л’Екип“ ова е веројатно најголемиот ваков скандал во историјата на тенисот. Властите истражуваат 375 натпревари одиграни помеѓу февруари 2014 и јуни 2018 година, во кои се вмешани 181 тенисер. Главниот човек на операцијата наводно е 32-годишниот Григор Саркисјан, познат како „Мајстор“, мафијаш поврзан со ерменската мафија. Тој е обвинет за поткуп на тенисери и местење натпревари. Во најголем дел од натпреварите учествувале тенисери кои биле под 200. место на АТП-листата. Француските играчи Мик Лескур и Жил Окала, тенисери за кои веќе беше потврдено дека биле дел од…

Read More

Со голот на синоќешниот меч со Италија во Неапол, Хари Кејн веќе е најуспешниот фудбалер во историјата на „Гордиот Албион“ според бројот на постигнати голови. Вториот гол на натпреварот беше дело на Кејн, со кој напаѓачот на Тотенхем стигна до бројка од 54 гола за националниот тим. На овој начин тој сега има еден гол повеќе од легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни. „Овој рекорд ми значи се. Бев толку возбуден што го облеков дресот на Англија, влегов на теренот и ја започнав кампањата за следното Европско првенство. Магичен момент“, изјави возбудениот Хари Кејн.

Read More

Синоќа се појави вест дека Баерн Минхен решил да го раскине договорот со тренерот Јулијан Нагелсман, а на негово место клубот ќе го ангажира Томас Тухел. Веста одекна како бомба во фудбалскиот свет, а очигледно беше изненадување и за самиот Нагелсман. Оваа промена е вистински шок ако се знае дека Баерн е во игра за уште три трофеи, но по поразот од Леверкузен од 2:1, управата се реши на радикален потег и донесе „тешка одлука“. Членот на Управниот одбор, Хасан Салихамиџиќ по поразот од Леверкузен беше бесен од настапот на тимот, велејќи дека ретко видел ваква млака и неагресивна претстава…

Read More

Аргентина синоќа го одигра првиот натпревар како светски првак по СП во Катар. „Гаучосите“ победија со 2-0 во пријателскиот натпревар против Панама на преполниот „Ел Монументал“. По убиствениот притисок, домашните поведоа во 78. минута. По еден слободен удар, Лионел Меси ја упати топка кон голот, ја погоди пречката, топката се одби до најприсебниот Тиаго Алмада кој ја смести во празната мрежа. Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, со гол од слободен удар потоа ја доведе Аргентина и до водство од 2:0 што беше негов јубилеен 800-ти гол во кариерата. https://www.youtube.com/watch?v=VogTPu2XrCk

Read More

Елиф Елмас со гол во 66. минута, синоќа и донесе водство на Македонија на мечт со Малта. По мечот тој изјави дека очекувал тежок меч. „Знаевме дека ќе биде тешко. Тешко е кога се игра прв меч во квалификации. И Малта има добри играчи, ја играат нивната игра, ние не сме навикнати да ја гледаме вака Малта добро да игра. Најважно беше вечерва да ги земеме тие три бода, и успеавме во тоа. Се знае што значи да почнеш со победа еден квалификациски циклус. За нас сега почнуваат квалификациите, за нас секој меч е тежок. Во јуни не очекуваат два…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа од 2:1 над Малта ја почна квалификациската група за пласман на ЕП 2024 година. Во натпревар во кој одлуката падна во второто полувреме, селекторот Милевски не го дочека крајот на мечот, откако доби црвен картон во финишот. На прес-конференцијата по средбата тој вака го оцени дуелот со Малтежаните. „Честитки за момците, за енергијата, желбата и тактичката дисциплина што ја покажаа на овој натпревар. Ваквите мечеви како со Малта се најопасни. Од меч во меч се подобро играме. Треба време за да се создаде хемија меѓу играчите. Се повеќе личиме на тим каков што сакам.…

Read More

Македонската фудалска репрезентација денеска (20.45 ч) ги почнува квалификациите за пласман на Евро 2024 година. Прв ривал на избраниците на Благоја Милевски е селекцијата на Малта, во силната конкуренција во групата, каде со нас се и Англија, Италија и Украина. Малтежаните се одлична селекција како за старт на нов квалификациски циклус, а поради фактот што отвораме на домашен терен, секако дена победата е императив. Низ историјата Македонија и Малта играа само во еден квалификациски циклус заедно и тоа за ЕП 1998 година, кога на двапати ги совладавме. Дома славевме со 4:0, а на гости со 2:1. За денешниот меч Македонија…

Read More

Хрватскиот фудбалер Шиме Врсаљко одлучи да стави крај на својата играчка кариера на 31 година. Врсаљко во својата богата играчка кариера настапуваше за повеќе клубови: Динамо, Локомотива, Џенова, Сасуоло, Атлетико Мадрид, Интер и на крај грчки Олимпијакос. Тој беше еден од најдобрите хрватски играчи на Светското првенство во Русија 2018 година, каде што „коцкестите“ го освоија среброто. За хрватската репрезентација имаше вкупно 52 настапи, а дебитираше на 9 февруари 2011 година. Минатата година се повлече од настапи во националниот тим.

Read More

Тами Абрахам може да се врати во Челзи по две години минати во главниот град на Италија во тимот на Рома. Англискиот напаѓач има клаузула која му овозможува на Челзи да го врати на „Стемфорд Бриџ“ за сума од 80 милиони евра. Во Рим се подготвени да ја продадат англиската ѕвезда, со оглед на тоа што оваа сезона тој не постигнува редовно голови како пред една година. Но, двата клуба, Рома и Челзи, размислуваат и за една сензационална размена во летниот преоден рок. „Волчицата“ е подготвена да го испрати Абрахам во Лондон, но во замена го посакува потписот на Ромелу…

Read More

Првиот човек на косовскиот фудбал, Агим Адеми ќе остане во притвор 48 часа откако наводно го злоупотребил буџетот на Фудбалската федерација на Косово. Во 24-часовниот полициски извештај се потврдува дека Адеми е осомничен за сторени кривични дела „повреда на доверба“ и „даночно затајување“ поврзани со Фудбалската федерација. Првиот човек на косовскиот фудбал поради лошата здравствена состојба ноќта ја минал во Универзитетскиот клинички центар на Косово, поточно на Клиниката за торакална хирургија.

Read More