Author: saso

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид би можел да прифати понуди за францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени ова лето, откако играчот не успеа да се избори за редовен првотимски статус оваа сезона. Арсенал и Ливерпул се споменуваат како најзаинтересирани за 23-годишната екс-ѕвезда на Монако, која минатото лето пристигна во Мадрид. Чуамени се пресели во Мадрид за 100 милиони евра од Монако, откако од трката за него извисија Ливерпул и Арсенал, кои сега го враќаат интересот за Французинот. Младиот играч за врска во последните неколку месеци почесто се појавува од клупата. Англичаните првично имаат понуди од по 90 милиони евра за Чуамени,…

Read More

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ќе има само уште три натпревари да си ја спаси работата, пишува „Газета дело спорт“. „Нероаѕурите“ го забележаа третиот последователен пораз во Серија А откако синоќа со 1:0 беа поразени дома од Фиорентина. По поразот, иднината на Инзаги е сериозно ставена под знак прашалник. За Интер следуваат тешки пресметки со Јувентус во Купот на Италија, со Салернитана во Серија А и со Бенфика во 1/4-финалето на Лигата на шампионите. „Има само еден спас за Инзаги, а тоа е Лигата на шампиони. Потенцијален триумф може да ги „искупи грешките“. Финалето не е незамисливо и ваквото достигнување…

Read More

Манчестер Сити го осуди нападот на автобусот на Ливерпул по завршувањето на вчерашното дерби во Премиерлигата. Возилото на „црвените“ беше погодено со камења откако тимот на Јирген Клоп загуби на гостувањето кај Манчестер. Инцидентот се случил околу 15:40 часот по локално време, а добрата вест е што нема повредени членови на тимот на Ливерпул. Манчестер Сити започна истрага за инцидентот. На својот официјален сајт „граѓаните“ напишаа: „Знаеме дека кон автобусот полетал предмет. Ваквите инциденти се тотално неприфатливи и најостро ги осудуваме постапките на сторителите. Ќе и помогнеме на полициската истрага колку што можеме“.

Read More

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на денешната Формула 1 трка за Големата награда на Австралија. Холанѓанецот ја освои 37-та победа во кариерата на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн. Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес, а на подиумот се искачи и Фернандо Алонсо од Астон Мартин. Четвртото место му припадна на Ленс Строл од Астон Мартин, Серхио Перез од Ред Бул заврши на петтото место, додека возачот на Мекларен Ландо Норис ја мина целта како шести. Верстапен ја започна трката од првото место, зад него беа возачите на Мерцедес Џорџ Расел и Луис Хамилтон, а Алонсо…

Read More

Ливерпул ја предводи трката за потписот на Мејсон Маунт ова лето, бидејќи шпекулациите за иднината на ѕвездата на Челзи продолжуваат – но тој нема да биде евтин. Според „Атлетик“, Маунт не е блиску до договор со Челзи и постои „растечки сомнеж“ дека ова ќе биде негова последна сезона во клубот во кој игра од шестгодишна возраст. Има многу клубови заинтересирани за 24-годишниот играч, но наводно Ливерпул е во пол-позиција. Сепак, тие може да се соочат со битка со Баерн Минхен откако поранешниот тренер на „сините“ Томас Тухел беше назначен за нов тренер на германскиот гигант. Се тврди дека Челзи ќе…

Read More

На два дена до големото дерби со Ливерпул, Ерлинг Халанд не беше присутен на тренингот на Манчестер Сити денеска, откако со повреда го напушти репрезентативниот собир минатава недела. Според англиските медиуми, Халанд ќе биде во трка со времето за да биде подготвен за мечот в сабота. „Бомбардерот“ мораше да го напушти таборот на норвешката репрезентација со повреда на препоните.

Read More

Денеска протекоа документи во јавноста кои покажуваат дека поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович, тајно го финансирал холандскиот клуб Витесе за време на неговиот мандат на чело на „Стемфорд Бриџ“. Финансиските информации во досиејата „Олигарх“, потекнуваат од кипарскиот давател на офшор услуги MeritServus, откриваат дека најмалку 117 милиони евра биле тајно финансирани од Абрамович во преземањето на Витесе. Според „Гардијан“, документите покажуваат дека парите „течеле низ низа ентитети регистрирани во офшор даночни раеви“. И Витесе и Абрамович постојано негираа дека Русинот е вмешан во холандскиот клуб, а врските првпат беа обелоденети во времето на нивното преземање во 2010 година.

Read More

Откако ја доби довербата на делегатите и повторно беше избран за прв човек на македонската кошарка, претседателот Перо Антиќ потенцираше дека во новиот мандат целта е да се работи подобро од претходниот и да се задржи подемот на мак-баскетот кој е присутен, посебно кај сениорскиот тим. „Ние не гледаме на годините и на мандатите, сакаме само да работиме и да продолжиме да создаваме услови. На стартот на првиот мандат имавме проблеми со коронавирузот, но сега сме на нозе, поискусни и знаеме на каде се движиме. Кошарката е во подем, ние мора да создадеме подобри услови и на тоа работиме. Секако,…

Read More

Алекс Фергусон и Арсен Венгер се примени во Куќата на славните во Премиер лигата. Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед и поранешен менаџер на Арсенал станаа првите луѓе кои беа примени во Куќата на славните во англиската лига во 2023 година. Куќата на славните во Премиер лигата е основана во 2021 година. Покрај Фергусон и Венгер, во него се вклучени Алан Ширер, Тиери Анри, Ерик Кантона, Рој Кин, Френк Лампард, Денис Бергкамп, Стивен Џерард и Дејвид Бекам, Пол Сколс, Дидие Дрогба, Винсент Компани, Серхио Агуеро, Патрик Виеира, Вејн Руни, Јан Рајт и Питер Шмајхел.

Read More

Французинот Ерве Ренар синоќа го имаше последен натпревар како селектор на Саудиска Арабија во поразот од 2-1 од Боливија во Џеда. 54-годишниот стратег по мечот ја предаде својата оставка до ФА на Саудиска Арабија, која се согласи да го раскине неговиот договор, кој требаше да истече во 2027 година. Ренар ја предводеше Саудиска Арабија до историската победа над светскиот шампион Аргентина на Светското првенство во Катар. Според француските медиуми, сега е прашање на денови кога француската ФА ќе го назначи Ренар за нов селектор на женската репрезентација на Франција.

Read More