Author: saso

Австрискиот фудбалски стратег Ади Хитер е голем фаворит за менаџерското столче во англискиот премиерлигаш Кристал Палас. Според шпекулациите, поранешниот тренер на Ајнтрахт (Ф) и Борусија (М) е во преговори со челниците на лондонскиот клуб да го преземе клубот по завршувањето на сезоната. Кристал Палас е без менаџер по отказот кој го доби Патрик Виеира, па на клупата се врати Рој Хоџсон за да ја заврши сезоната. Од клубот бараат трајно решение во јуни. „Моја голема цел е Премиер лигата и работиме на тоа. Може да се појави една или друга опција. Минатата година имаше неколку интересни понуди, вклучително и од…

Read More

Авицена Женската трка, единствената спортска манифестација посветена исклучиво на понежниот пол ќе се одржи на 9 април. Огранизаторот на трката, Сојузот на спортови на Скопје, денеска најави дека со бројката од 2500 пријави е урнат рекордот на пријавени натпреварувачки. И оваа година, победничките во генералниот пласман ќе добијат награди, додека награди ќе има и за учесничките во 7 возразни подкатегории. Овој спортски настан има за цел да го промовира значењето на физичката активност, особено трчањето и пешачењето, за здравјето на женската популација како примарна превенција, но и добро дружење, зајакнување на женската солидарност преку активизам, поддршка и мотивација. Дополнително, оваа…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по победата над Ваљадолид со 6:0 рече дека ќе остане во тимот до 2034 година. Сепак, договорот на Карло истекува во 2024 година и неговата иднина е нејасна. „Уверен сум поради играчите кои ги имам и поддршката од клубот. Веќе ја разјаснив мојата иднина. Мојот договор истекува во 2024 година и имам намера да го дочекам до крај. Ако сите во Реал се задоволни, можам да останам и до 2034 година“, изјави Анчелоти. 63-годишниот стручњак го презеде Реал Мадрид во летото 2021 година. Ова е негов втор ангажман како тренер на „кралскиот клуб“.

Read More

Маурицио Покетино, Зинедин Зидан, Марко Силва и Јулијан Нагелсман се имињата кои најчесто се споменуваат како можни кандидати за преземање на клупата на Челзи. Пред лондонските гиганти да го решат тоа прашање, мораат да се справат со заминувањето на Потер, со кого потпишаа скапо петгодишно партнерство. Според „Sky Sports“, Челзи постигнал договор со Потер и нема да мора да плати отпремнина што би претставувало невидено скапа разделба меѓу менаџерот и клубот. Се проценуваше дека Челзи ќе треба да плати околу 50 милиони фунти за да се ослободи од Потер, кој добиваше 12 милиони фунти годишно. Сепак, тоа нема да се…

Read More

Новак Ѓоковиќ од денеска повторно е тенисер број еден во светот. Поразот на Шпанецот Карлос Алкараз во полуфиналето на Мастерсот во Мајами од Италијанецот Синер значеше дека српскиот тенисер се врати на чело на АТП листата. Алкараз мораше да го одбрани трофејот во Мајами за да остане на првото место, но на крајот трофејот замина во рацете на рускиот тенисер, Данил Медведев. Новак сега има 7.160 поени, точно 380 повеќе од младиот Алкараз. Трет е Гркот Стефанос Циципас со 5.770 бодови, а Русинот Медведев по четвртата титула сезонава се проби на четвртото место со 5.150 бодови. Каспер Руд падна на…

Read More

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше презадоволен од начинот на кој го одиграа мечот со Наполи синоќа. Тој ги повика фудбалерите да го задржат истиот став како и на натпреварот против Наполи. „Задоволен сум од победата, но ова е само првиот чекор. Претстојат уште 9 натпревари во првенството, кои мора да се одиграат со истиот став. Ни побегнаа премногу бодови. Денешниот резултат нема да влијае на натпреварите во Лигата на шампионите, тоа е сосема поинаков турнир со друга атмосфера. Ние внимателно ќе ја проучуваме оваа игра и ќе размислиме за следната. Важно беше да победиме и да останеме лидери во…

Read More

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети го оправда поразот на Наполи од Милан со замор на играчите. „Заморот влијаеше на нас. Многу играчи играа за своите репрезентации и даваат се од себе. Играчите се враќаат уморни. Но, и Милан ја има истата ситуација. Делумно причина за поразот е заморот, делумно е тоа како одлично играше Милан. Не настапивме на вообичаеното ниво. Малку и немавме среќа. Се надевам дека по денешниот натпревар некои работи ќе ги промениме“, изјави тренерот на Наполи.

Read More

Челзи доцна синоќа и официјално му врачи отказ на досегашниот предводник на тимот, Греам Потер. Клубот објави соопштение во кое се вели дека 47-годишниот стратег се согласил потпишат заемна согласност за раскин на договорот. Потер го презеде Челзи во септември 2022 година, оставајќи го Брајтон со петгодишен договор. Под негово водство, тимот одигра 31 натпревар, постигнувајќи 12 победи, 11 порази и 8 нерешени средби. Според најавите од клубот, во позиција на в.д. менаџер ќе биде Бруно Салтор. Разрешувањето на Греам Потер од функцијата менаџер на Челзи беше 13-тиот отказ од почетокот на сезоната во Премиерлигата што е нов рекорд на…

Read More

Словенечкиот скокач Тими Зајц (455,1 поен) е победник на последното натпреварување од сезоната во ски-скокови во Светскиот куп кое се одржа на Планица. Светскиот шампион на Планица пред 13.500 гледачи го победи сонародникот Анже Ланишек за само десетинка во финалето на 30-те најдобри на Светскиот Куп. Трет „слета“ Австриецот Стефан Крафт (445,1). За 22-годишниот Зајц, кој пред само еден месец стана светски првак на големата скокалница во Планица, ова беше трета победа во кариерата. Севкупната победа во ски-летови ја обезбеди Крафт, кој ги искористи полошите летови на Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд на последната рунда од Светскиот куп за да го…

Read More

Британскиот боксер Ентони Џошуа го победи Американецот Џермејн Френклин со едногласна одлука по 12 рунди од борбата во тешка категорија во О2 арената во Лондон. Ова беше прва победа за Џошуа по двата последователни порази од Украинецот Олександр Усик. Џошуа во оваа борба влезе како голем фаворит според букмејкерите, додека Френклин го забележа вториот пораз во кариерата по оној од Дилијан Вајт. Џошуа сега се врати во игра за појасите и ова беше негова 25-та победа во кариерата, со три порази.

Read More