Перо Антиќ доби уште еден мандат за претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. На денешното Собрание, Антиќ ја доби довербата на 40 делегати кои гласаа „за“ од вкупно 41 делегат. Поранешниот репрезентативец беше реизбран за прв човек на македонската кошарка и ќе биде еден од ретките кои во два мандата биле претседатели на КФСМ. И пред Собранието беше јасно дека нема да има противкандидат поради што постапката заврши многу брзо. Антиќ е претседател на Кошаркарската федерација од мај 2019 година кога го наследи Петар Наумоски, а и тогаш беше единствен кандидат за претседателската функција. Пред да биде реизбран Антиќ, Собранието…
Author: saso
ФИА ќе направи промени во големината на стартните боксови на гридот по неодамнешните инциденти во кои беа вклучени Фернандо Алонсо и Естебан Окон. Оваа сезона веќе двајца возачи – прво Окон, а потоа и Алонсо – добија казни за неправилно позиционирање на нивните болиди на стартот пред трките од Ф1 шампионатот. Во исто време, возачите се жалат дека, поради дизајнерските карактеристики на новите болиди, речиси е невозможно јасно да се видат границите на почетниот грид, исцртани со бели линии.
Актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти останува најсериозен кандидат за селекторското место во репрезентацијата на Бразил. Веста ја потврди и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Едналдо Родригез. „Анчелоти е едногласно почитуван меѓу играчите. Не само кај Роналдо или Винисиус, туку и од сите што играле за него“, изјави претседателот на Федерацијата. Бразил е без селектор од декември, по разочарувањето од настапот на Мундијалот во Катар, поточно елиминацијата во четвртфиналето.
Македонската фудбалска репрезентација денеска че одигра пријателски меч против Фарски Острови од 18 часот во Скопје и тоа ќе биде прв меч во историјата меѓу двете селекции. По успешниот старт на квалификациите за ЕП 2024 и победата над Малта (2:1), избраниците на селекторот Благоја Милевски денеска ќе имаат уште еден тест пред јунското продожение на квалификацискиот циклус во кој не чекаат две исклучително тешки средби со Украина и Англија. Денешниот ривал во Скопје доаѓа по ремито на гости кај Молдавија (1:1) со кое го почнаа ицклусот квалификации за следното Евро 2024. За денешниот меч нема да бидат во комбинација Муслиу,…
Барселона во следниот период ќе инсистира на продолжување на договорот со Алекс Балде. Според шпански извори, клубот сака да му понуди на 20-годишниот дефанзивец договор до најмалку 2027 година со изгледи за зголемување на платата и клаузула за заминување во висина од 1 милијарда евра. Сепак, ограничувањето на платите поради финансиските проблеми на Барселона може да биде пречка за продолжување на договорот. Актуелниот договор на Балде со Барселона е до јуни 2024 година.
Осумкратниот светски шампион во МОТО ГП, Марк Маркез нема да вози на трката за ГН на Аргентина поради фрактура на метакарпалната коска на десната рака. На трката за Големата награда на Португалија, возачот на Репсол Хонда предизвика инцидент и го закачи Хорхе Мартин на Прамак Дукати во вториот круг од трката на патеката во Алгарве, а потоа го турна Мигел Оливеира. Маркез ја прифати целосната вина за инцидентот и истакна дека тоа се случило затоа што му се закочило предното тркало, а не затоа што се обидел да претекне во речиси невозможна позиција. Поради тој инцидент, Маркез беше казнет со…
Англсикиот репрезентативец Фил Фоден изненадувачки ја напушти репрезентацијата на Англија во пресрет на вчерашниот натпревар со Украина во квалификациите за Европското првенство. Офанзивниот играч за врска на Манчестер Сити имал итна операција на слепо црево. Англиските медиуми објавија дека тој одеднаш се почувствувал лошо на еден од тренинзите. Прегледите откриле дека му е потребна итна операција. Сега младиот 22-годишен напаѓач ќе мора да мине извесен период надвор од терените.
Рускиот тенисер Данил Медведев може да му направи услуга на Новак Ѓоковиќ и да го врати на првото место на АТП листата по Мастерсот во Мајами. Имено, петтиот светски рекет со евентуалното освојување на Мастерсот во Мајами ќе направи скок на 4. место на АТП листата, а од врвот ќе го симне младиот Шпанец Карлос Алкараз. Доколку ја освои титулата Медведев ќе му овозможи на Ѓоковичќ враќање на врвот на светската ранг-листа, а Алкараз тогаш ќе мора да се спушти на втората позиција.
Англиски Тотенхем синоќа и официјално го отпушти менаџерот Антонио Конте. Италијанскиот стратег заминува од северен Лондон по само 16 месеци на чело на Спарс. Конте го напушта Тотенхем од четвртото место во Премиер лигата со 49 бода и заминува по неодамнешните лоши резултати, како и неговата неславна прес-конференција на која зборуваше и против играчите и против управата на клубот по ремито 3-3 со Саутемптон. Тотенхем објави дека помошникот на Конте, Кристијан Стелини, ќе остане на работа и ќе го води тимот до крајот на сезоната, а негов помошник ќе биде Рајан Мејсон. Веќе утрово пристигнуваат првите информации за името на…
Продажбата на англиските фдубалски клубови продолжува со несмален интензитет. Второлигашот Хадерсфилд од вчера е сопственост на американска компанија, објави клубот. Во изминатите 14 години, Хадерсфилд беше во сопственост на Дин Хојл, кој имаше 75% од акциите, пред да го продаде клубот на американската компанија. Комплетирањето на зделката е прашање на правни и менаџерски процедури, по што зделката треба да биде официјализирана. Хадерсфилд се чини беше приморан на ваков потег, откако клубот се соочи со забрана за трансфери овој месец поради доцнење во обезбедувањето на нивните годишни сметки. Хадерсфилд моментално е на 22. место во Чемпионшип со 36 бодови.
