Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Маркез скрши прст, нема да вози на ГН на Аргентина
    Меѓународен микс

    Маркез скрши прст, нема да вози на ГН на Аргентина

    sasoBy saso27/03/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Осумкратниот светски шампион во МОТО ГП, Марк Маркез нема да вози на трката за ГН на Аргентина поради фрактура на метакарпалната коска на десната рака.

    На трката за Големата награда на Португалија, возачот на Репсол Хонда предизвика инцидент и го закачи Хорхе Мартин на Прамак Дукати во вториот круг од трката на патеката во Алгарве, а потоа го турна Мигел Оливеира. Маркез ја прифати целосната вина за инцидентот и истакна дека тоа се случило затоа што му се закочило предното тркало, а не затоа што се обидел да претекне во речиси невозможна позиција.

    Поради тој инцидент, Маркез беше казнет со двоен долг круг на трката за ГН на Аргентина. Веднаш по трката било констатирано дека Маркез има скршена коска на раката, поради што лекарскиот тим објавил дека не смее да вози.

    „Операцијата помина без компликации. Донесовме одлука да ја пропуштиме втората трка од сезоната за да може целосно да се фокусира на закрепнувањето и да се соочи со следните предизвици во најдобра можна состојба“, велат од неговиот тим.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Почина човекот кој прв истрча 100 метри под 10 секунди

    05/06/2023

    Верстапен убедлив во трката за ГН на Шпанија на патеката „Каталуња“

    04/06/2023

    Вегас поведе во финалето на НХЛ лигата

    04/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Здравков: Брегалница покажа квалитет, имаме големи мотиви и за следната сезона
    • Гасперини останува во Аталанта и следната сезона
    • Состојбата на Рико и натаму е сериозна
    • 30 години од смртта на кошаркарскиот Моцарт
    • Јувентус преговара со Реал за Лукас Васкез
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.