Словенечкиот скокач Тими Зајц (455,1 поен) е победник на последното натпреварување од сезоната во ски-скокови во Светскиот куп кое се одржа на Планица.
Светскиот шампион на Планица пред 13.500 гледачи го победи сонародникот Анже Ланишек за само десетинка во финалето на 30-те најдобри на Светскиот Куп. Трет „слета“ Австриецот Стефан Крафт (445,1).
За 22-годишниот Зајц, кој пред само еден месец стана светски првак на големата скокалница во Планица, ова беше трета победа во кариерата. Севкупната победа во ски-летови ја обезбеди Крафт, кој ги искористи полошите летови на Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд на последната рунда од Светскиот куп за да го задржи врвот.