По поразот од Виљареал, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека не е премногу загрижен во пресрет на мечот од Лигата на шампионите против Челзи. „Ова беше тежок натпревар. Не можевме да дојдеме до топката и не се браневме добро. Можевме и моравме да бидеме подобри“, изјави стратегот на Кралскиот клуб. Во текот на оваа седмица, во Лигата на шампионите Реал (М) го очекува четвртфиналниот дуел со Челзи, но Анчелоти е убеден дека ќе изгледаат многу подобро на оваа средба.
Author: saso
Женската ракометна репрезентација на Македонија попладнево во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ (19 ч.), ќе го одигра првиот бараж-натпревар со Украина, за пласман на Светското првенство 2023, што во декември треба да се одржи во Норвешка, Данска и во Шведска. Нашите ракометарки се надеваат на добар резултат, пред реваншот кој за неколку дека ќе се одигра во Кишварда, Унгарија. Македонија досега петпати настапила на СП, последен пат во 2007 година (12-то место), а најдобриот пласман го оствари во 1997 година, со пласманот на седмото место. Украина седум пати била дел од мундијалите, најдобриот пласман ѝ е четвртото место во 2003…
Напаѓачот на Баерн Минхен, Ерик-Максим Чупо-Мотинг најверојатно ќе го пропушти првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Средбата е закажана за во вторник. Камерунецот беше надвор од терените поради повреда на коленото по натпреварот од Купот на Германија против Фрајбург. „Ќе бидеме во трка со времето, иако мислам дека има мали шанси Чупо-Мотинг да ни помогне против Манчестер Сити“, изјави Тухел.
Играчот од средниот ред Арон Ремзи го продолжи договорот со Ница, објавија денеска француските медиуми. 32-годишниот Велшанец веќе одигра доволно натпревари оваа сезона за да може да остане во францускиот клуб следната сезона, според клаузулата за автоматско продолжување на соработката. 32-годишниот Велшанец веќе одигра доволно натпревари оваа сезона за да може да остане во францускиот клуб следната сезона, автоматски добивајќи нов договор. Раководството на Ница сака да го задржи поранешниот играч на Арсенал и по летото 2024 година. Арон Ремзи оваа сезона постигна еден гол и имаше една асистенција на 23 натпревари во Лига 1.
Вториот тениски рекет во светот Карлос Алкараз се врати на тренинзи по повредата на мускулите на раката и грбот. Младиот Шпанец во петокот без проблеми тренираше со максимален интензитет во комплексот на тенискиот клуб Реал Мурсија. Неодамнешниот светски рекет број еден ќе се врати на терените на турнирот од АТП серијата 500 во Барселона на 17 април. Таму Алкараз ќе ја брани титулата. Алкараз во последно време се мачи со повреди. Тој го пропушти Австралија опен, а потоа имаше многу добра американска турнеја, освојувајќи го Мастерсот во Индијан Велс, додека стигна до полуфиналето на Мастерсот во Мајами.
Усман Дембеле и неговите агенти ги прекинаа преговорите со раководството на Барселона за обновување на неговиот договор. Актуелниот договор меѓу двете страни истекува за една година, а иднината на Французинот останува нејасна. Дембеле моментално се опоравува од повредата и отсуствува речиси два месеци. Откупната клаузула од 50 милиони евра значи дека тој лесно може да заврши во друг клуб доколку не го продолжи договорот со Барса. Агентите на Дембеле не се задоволни од тоа што Барселона не може да ја зголеми платата на играчот и затоа решија да ги прекинат преговорите.
Веќе нема дилеми, Криштоф Галтие ги брои последните недели или денови како главен тренер на Пари Сен Жермен. Повеќе од јасно е дека тој нема да биде на клупата на тимот следната сезона. Поради катастрофалните резултати на тимот под негово водство, газдите на ПСЖ почнаа да бараат нов тренер. Последните информации од Париз наведуваат дека раководните фактори во клубот веќе започнале преговори со Јулијан Нагелсман, младиот германски тренер кој до пред две недели беше на чело на Баерн Минхен. 35-годишниот стручњак пред неколку дена беше изненадувачки отстранет од функцијата, но се чини дека нема уште долго да биде без работа,…
Александар Чеферин доби нов мандат како претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). 55-годишниот Словенец беше единствениот кандидат за претседател на 47. Конгрес на УЕФА во Лисабон. Како и Џани Инфантино на чело на ФИФА минатиот месец, така и Александар Чеферин доби нов мандат и ќе ја води една од најсилните спортски организации во светот до 2027 година, период кога европскиот фудбал ќе претрпи одредени реформи. Поранешниот адвокат дојде на чело на УЕФА во 2016 година по принудното повлекување на Мишел Платини, кој доби забрана за фудбалски активности поради финансиски злоупотреби. Во својот прв мандат, Чеферин беше избран во септември 2016…
На денешната редовна седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, Управниот одбор донесе одлука за утврдување премија за женската сениорска ракометна репрезентација за евентуален пласман на Светското првенство кое ќе се одржи на крајот на оваа година. Доколку избраничките на Љубомир Савевски обезбедат пласман на СП по бараж-двомечот со Украина, РФМ ќе ги награди ракометарките со сума од 2,5 милиони денари (40.000 евра). Премија ќе има и за мажите. Сениорите се на чекор до пласман на ново големо натпреварување – Европско првенство 2024 година. Управниот одбор одлучи за пласман на ЕП 2024 година во Германија, ракометарите да добијат…
Раководството на Нотингем Форест наводно размислува да го отпушти Стив Купер и да го замени со Патрик Виеира како главен тренер на клубот. Според информациите, раководството на премиерлигашот размислува да го отпушти 43-годишниот Велшанец и да го замени со поранешниот тренер на Кристал Палас. Нотингем Форест синоќа претрпе пораз од Лидс со 2-1, а клубот моментално е на 17-то место во Премиер лигата.
