Author: saso

Попладнево од 15 часот ќе се одиграат полуфиналните дуели од националниот фудбалски Куп. Во Тетово и Струга ќе се водат големи битки за место во финалето, затоа што годинава се игра само по еден меч на патот до финалната разврска. Бранителот на трофејот од минатата сезона, екипата на Македонија ЃП пред себе ја има силната Шкендија, која е во серија од четири победи во домашниот шампионат, а покрај тоа ќе игра и на свој терен. Во Струга, пак, освојувачот на Купот од пред две сезони, Силекс, ќе се судри со најдобриот тим во ПМФЛ оваа сезона. Стружани се надеваат на…

Read More

Синоќа било жестоко во соблекувалната на Баерн (М). Баварците испаднаа во четвртфиналето од Купот откако со гол од пенал во 94. Минута Фрајбург ги совлада на гостински терен, По мечот фудбалерите се заклучиле во соблекувалната, а најгласен во викотниците бил Џошуа Кимих. „Навистина сум гневен што го загубивме трофејот на ваков начин! Фрајбург немаше ниту една шанса, а постигнаа два гола. Еден од далечина, еден од пенал. Тоа покажува дека ние сме вниновниците. Додека тие (Фрајбург) гореа од желба за победа, ние мислевме дека сами ќе се предадат во Минхен. Затоа повторно ни се случи она што се случува многу…

Read More

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека ремито против Интер во првото полуфинале на Купот на Италија е реално. Тој по мечот синоќа се остврна и на инцидентот кој се случи на крајот на средбата. „Не знам точно што се случи по завршувањето на натпреварот, бидејќи веднаш отидов во тунелотот. Настана хаос. Самиот натпревар беше изедначен. Знаевме дека ќе биде тешко. Интер е во тежок период, но не одигра лошо. Разочарани сме, но средбата е завршена. Требаше да притиснеме повеќе. Филип Костиќ требаше да постапи попаметно, да биде поблизок со Дамфрис. Потоа дојде наивната грешка. Генерално, резултатот е фер“, призна…

Read More

Ракометарите на Е. Пелистер со една нога зачекорија кон завршната рунда од СЕХА лигата. Во првото четвртфинале со Татран Прешов, битолчани дојдоа до висока победа од 8 гола разлика, што причини задоволство и на трибините и на клупата на битолчани. „Имавме одличен ангажман во фаза на одбрана, бевме агресивни, ги затворивме сите нивни акции, што ни донесе лесни голови во транзиција. Голема благодарност до играчите за ангажманот и желбата за победа што ја покажаа против квалитетниот ривал. Исто така, сакам да искажам благодарност до публиката што дојде во толкав број. Но, би сакал да ги замолам и да им кажам…

Read More

Португалската ѕвезда во дресот на Милан, Рафаел Леао, е близу да потпише нов договор со „росонерите“ и тоа со едногодишно продолжување на соработката. Според најавите, тој ќе добие зголемување на платата и ќе стане еден од најплатените фудбалери на Милан. Италијанскиот првак не сака да чуе за продажба на Леао, иако веќе стигнаа понуди и од 100 милиони евра за напаѓачот. Преговорите меѓу двете страни за нов договор продолжуваат, а наскоро ќе има и конечен договор. Според информациите, понудата на Милан е актуелниот договор кој истекува во јуни 2025 година да се продолжи за 12 месеци до јуни 2026, а…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер направија голем исчекор кон завршницата во регионалната СЕХА лига откако вечерва на домашен теренс лавеа со убедливи 37-29 против словачки Татран Прешов. Уште во првиот дел битолчани покажаа дека се решени да дојдат до висока победа. До пред крајот на полувремето веќе имаа разлика од 7 гола, која за жал поради падот во играта се спушти на само +3 до полувреме (20-17). Во вториот дел домашните беа далеку подобар тим и сосема заслужено ја наполнија гостинската мрежа. Костески заврши со 10 гола, Хенеберг додаде осум, а Кисум заврши со шест гола. Влачеслав Касаткин со 9 гола…

Read More

Александар Митровиќ од Фулам доби суспензија од осум натпревари од независната регулаторна комисија поради неговото однесување кон судијата во поразот на Фулам од Манчестер Јунајтед во ФА Купот минатиот месец. ФА ги потврди санкциите за Митровиќ кој откако веќе отслужи еден натпревар од казната, сега ќе ги пропушти и следните седум натпревари на Фулам. Во соопштението на ФА се вели: „Стандардната казна која инаку би важела за Александар Митровиќ за прекршокот за насилно однесување што го направил кон судијата на натпреварот околу 72. минута беше очигледно недоволна. Напаѓачот одделно призна дека неговото однесување било непристојно, навредливо и заканувачко, а Регулаторната…

Read More

Хозе Рохо „Пачета“ од денеска повеќе не е тренер на шпански Ваљадолид. По катастрофалниот пораз од Реал Мадрид со 6-0 на „Сантијаго Бернабеу“, клубот денеска реши да се раздели со стратегот кој го врати Ваљадолид во елитата. „Ваљадолид го цени периодот кој тренерот го помина на кормилото и го врати клубот во Ла Лига. Ова е тешка одлука поради сето она што значи Пачета за нашиот клуб. Во неговите 75 официјални натпревари тој изгради спортски и приврзан однос со Ваљадолид кој ќе остане засекогаш како дел од историјата“, се вели во клупското соопштение. Засега нема официјално назначено негов заменик. Отказ…

Read More

Мартинез Мунуера е судијата кој е делегиран да го суди реваншот од полуфиналето на Купот на Шпанија меѓу Барселона и Реал Мадрид на „Камп Ноу“ во среда. По првиот натпревар Каталонците имаат предност од еден гол. Судијата од Валенсија има 13 натпревари оваа сезона, вклучувајќи две средби на кои му судеше на Реал Мадрид и еден на Барселона. Покрај тоа, Мартинез Мунуера го судеше и претпоследното „Ел Класико“ во Ла Лига минатата сезона на „Бернабеу“, кое избраниците на Чави го добија со убедливи 4-0.

Read More

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Љупчо Савевски, денеска ќе ја има првата прозивка на репрезентативките пред бараж мечот со Украина за пласман на Светското првенство 2023 година. На оваа репрезентатива акција Савевски повика 20 ракометарки. Последна во стројот ќе се приклучи Сара Ристовска, која поради меч со ЦСКА Москва треба да биде на располагање веќе утре. Македонија е домаќин на првиот меч со Украина на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот. Реваншот е закажан за три дена подоцна во унгарскиот град Кишварда.

Read More