Менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола, беше импресиониран од дефанзивните перформанси на неговиот тим во победата од 3-0 над Баерн Минхен. Како поранешен тренер на Баерн, Пеп рече дека знае што да очекува од атмосферата на „Алијанц Арената“ следната недела. „Ова беше меч на два врвни тима. Дефинитивно беше израмнето. Постигнавме одличен гол преку Родри, но не можевме да го контролираме просторот. Гнабри и Коман тешко се контролираат. Шанси имаше и Сане. Малку ги сменивме работите и во последните минути дадовме голови. Знам како ќе биде во Минхен. Мора да пробаме нешто ново. Тие ќе ја имаат топката и ќе…
Author: saso
Задоволен од одличниот резултат на првиот четврфинален меч со Бенфика, тренерот на Интер Симоне Инзаги, откри дека тој и неговиот тим учат од критиките на јавноста, но не смета дека победата синоќа е клучна за пласман во полуфиналето. , бидејќи има уште 90 минути од битката која следува во Италија. „Сигурно играчите одиграа голем натпревар на многу жежок стадион. Задоволен сум од борбата. Тоа е само прво полувреме, но во Европа покажавме дека можеме да играме добро. Свесни сме дека имаме аванс, но ништо не е готово. Немавме успех на последните натпревари, но игравме добро. Има многу замор кај играчите,…
Тренерот на Бенфика, Роџер Шмит, смета дека неговиот тим не заслужил да загуби со 2-0 од Интер во првиот натпревар од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите. „Беше тежок натпревар и мислам дека двете екипи имаа свои шанси. За жал, не ги искористивме нашите. Останавме во игра, играчите дадоа се, а потоа примивме гол од белата точка. Немавме среќа со судиските одлуки. Не верувам дека беше пенал, требаше да имаме и ние барем еден во наша корист. Верувам дека можеме да победиме во Милано“, прокоментира Шмит.
Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, верува во победа над Манчестер Сити во реваншот и покрај синоќешниот тежок пораз во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. „Граѓаните“ го добија првиот натпревар со 3:0 и зачекорија кон полуфиналето. „По таков пораз веројатно ќе звучи глупаво, но сите видовме дека е реално да се победи Сити во реваншот. Верувам во себе и во мојот тим. Способни сме да го направиме тоа во реваншот“, изјави Кимих.
Женската ракометна репрезентација на Македонија не успеа да дојде до посакуваниот резултат ниту на реванш мечот против Украина во баражите за пласман на СП 2023. На гостувањето во Унгарија, Украина не прегази со 31:22. Гичевска со десет погодоци беше најефикасна, зад беа беше Ристовска со пет гола, Мицевска имаше осум одбрани. Македонија го загуби и првиот меч во Скопје, но најавата за егал меч во Кишварда не се оствари. Украина беше двојно подобар тим од Македонија и сосема заслужено е меѓу патниците на Мундијалот.
Во натпревар со две различни полувремиња, ракометарите на Вардар не дозволија пораз во Нови Сад во реванш мечот од четвртфиналето на СЕХА лигата. Иако губеше по првото полувреме, македонскиот шампион во вториот дел заигра како што треба и забележа убедлива победа од 32-26 со која го потврди своето емсто на завршниот турнир. Вардар го доби и првиот меч во Скопје со 13 разлика па реваншот и се најавуваше како чиста формалност. Сепак, домашните имаа желба да му нанесат пораз на двократниот европски шампион, па во првиотд ел влегоа со предност од 16-11. По паузата Вардар заигра многу посериозно и брзо…
Претставниците на Интер наводно веќе започнале преговори со можниот наследник Симоне Инзаги. Според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, првите луѓе на италијанскиот состав се заинтересирани за тренерот на Порто, Серхио Консеисао. Португалскиот клуб не планира да се раздели со својот стратег што ќе биде проблем плус во неговото доаѓање во Милано. Консеисао има договор со „нероауирите“ до летото 2024 година. Симоне Инзаги кој моментално е главен тренер на Интер најверојатно нема да го води тимот и следната сезона.
Женската ракометна репрезентација синоќа беше поразена на првиот меч со Украина од баражите за пласман на СП 2023. Една од најискусните ракометарки во нашиот тим, Елена Ѓоргиевска, вели дека клучен за поразот беше првиот дел од мечот. „Не сум задоволна. Се подготвувавме да бидеме концентрирани во текот на целиот меч, но не беше така. Ова е еден ривал кој е наш квалитет, шансите се 50-50, но очигледно оние грешки на почетокот и промашени зицери го направија своето. Се надевам дека тоа ќе го поправиме до следниот меч и да одиме во вториот меч со добра игра како во второто полувреме…
Трката која е посветена на припадничките на понежниот пол – Авицена Женска трка, денеска го одржа своето 11то издание со над 3000 учеснички, што е нов рекорд на натпреварувачки. Оваа трка уште еднаш покажа дека жените без разлика на нивната возраст, имаат спортски дух и здравите навики ги користат секојдневно. „Со денешната 11та Авицена Женска трка, со поставен рекорд од 3000 учеснички, припадничките на понежниот пол покажаа дека се грижат за себе, своето тело и здравје. Исклучително сум среќна што оваа трка од година во година привлекува сѐ поголем број натпреварувачки. Ги поканувам сите заинтересирани да се пријават и земат…
По поразот на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ од Виљареал со 2:3, уругвајскиот играч за врска на „кралскиот клуб“ Федерико Валверде го нападнал гостинскиот фудбалер Алекс Баена. Уругваецот луто реагирал на наводните погрдни зборови кои Баена ги кажал за неговото неродено дете. Конфронтацијата се случила на паркингот пред клупскиот автобус каде Валверде го чекал Баена и му рекол да го повтори тоа што го кажал на теренот. Пресметката меѓу Валверде и Баена датира од средината на јануари, кога во натпреварот од Копа дел Реј во кој Реал победи со 3:2, Баена му рекол на Валверде „плачи затоа што твоето дете…
