Ахмад Магомедов освои бронзен медал за Македонија на Европското првенство во борење за сениори кое се одржува во Загреб, Хрватска. Тој синоќа го совлада Арман Авагјан од Ерменија со 7:4 и успеа да дојде до првиот медал за Македонија на ова првенство. Денеска шанса за медал добива и Расул Шапиев кој иако беше поразен во првата борба во категоријата до 74 килограми од Словакот Салказанов, поради тоа што противникот обезбеди финале, успеа да се протне во репасажот каде што ќе се сретне со Храјар Алиханјан од Ерменија.
Author: saso
Челзи синоќа загуби од Реал Мадрид со 0:2 иво реваншот од 1/4 финалето на Лигата на шампионите со што ги заврши своите настапи во ова натпреварување. менаџерот на тимот, Френк Лампард, стана првиот менаџер во 118-годишната историја на сините кој ги загубил првите четири натпревари на клупата. Претходно лондончани загубија од Брајтон (1:2), Реал Мадрид (0:2) и Вулверхемптон (0:1). Лампард стана привремен менаџер на Челзи на 6 април, а претходно ги водеше „сините“ од јули 2019 до јануари 2021 година.
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети му честиташе на Милан за пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите, но вели дека Наполи загуби само поради неискуството од ваквите големи натпреварувања. „Не требаше да го примиме тој гол. Игравме одлично, имавме целосен посед на топката. Милан постигна гол по единственото вистинско влегување во шеснаесетникот, ние не можевме да го сториме истото. Мислам дека имаше пенал врз Лозано. Имаше директен удар во скочниот зглоб, тоа многу јасно се гледа на снимките. Тоа беше чист пенал. Тоа не е контакт, тоа беше удар. Сега повторно ќе речат дека се жалиме, но тоа е вистината“,…
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше многу среќен и горд на пласманот на неговиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите по ремито со Наполи. „Наполи ќе стане шампион на Италија на апсолутно заслужен начин, но ние сме горди што елиминиравме толку силен противник. Тоа беа два многу изедначени натпревари. Можевме да создадеме повеќе шанси во вториот дел, но сепак е добро. Ова ќе ни даде голема самодоверба, откако веќе го елиминиравме Тотенхем. Ова му дава сила на тимот, доверба во нашите квалитети, способност да се справиме со притисокот“, вели Пиоли, кој вели дека сега мора да размислуваат и на…
По одигрувањето на синоќешните последни дуели од плеј-ин делот во НБА лигата, веќе се познати компетните двојки за првата рунда од НБА плеј-офот. Возбудувањата ќе почнат уште вечерва во 19 часот со првиот меч меѓу Филаделфија и Бруклин, а веднаш по нив од 21.30 часот во Бостон ќе се сретнат домашните Селтикс и екипата на Атланта. Во продолжение комплетните плеј-оф двојки од првата рунда во двете конференции: НБА ПЛЕЈ-ОФ Запад: Денвер – Минесота, Феникс – ЛА Клиперс, Сакраменто – Голден Стејт Мемфис – ЛА Лејкерс. Исток: Милвоки – Мајами, Кливленд – Њујорк, Филаделфија – Бруклин Бостон – Атланта
Хорхе Сампаоли кој пред извесно време беше отпуштен од Севиља е новиот тренер на бразилски Фламенго. Аргентинскиот стручњак доаѓа на местото на Португалецот Витор Переира, кој доби отказ по сензационалниот пораз од Маринга со 2-0 во Купот на Бразил. Договорот на Сампаоли со Фламенго е до крајот на 2024 година. Аргентинецот има искуство во бразилската Серија А каде ги водеше Сантос и Атлетико МГ. Викендов започнува новата сезона во Бразил, а првиот натпревар на Фламенго е на домашен терен со Коритиба.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, наводно добил полициска заштита поради зголемените тензии меѓу него и дел од навивачките групи на клубот. Ултрасите од Неапол молчеа при поразот од Милан со 4:0 минатиот викенд во Серија А, протестирајќи поради цените на билетите на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и строгото спроведување на безбедносните мерки за транспаренти и знамиња. Како што пренесува АНСА, Префектурата на Неапол одлучила да му додели полициска заштита на Де Лаурентис поради заканите кој тој ги добива секојдневно.
По вчерашното реми со Гостивар во дербито на колото во Втората македонска фудбалска лига, најверните навивачи на македонската фудбалска гордост Вардар, популарните „Комити“ им подариле симболична финансиска помош на фудбалерите. Во информацијата која ја објавија на социјалните мрежи се вели: „По натпреварот против Гостивар, дознавме дека “директорот” на клубот, Слободан Крстевски – Цобе, на фудбалерите не им ги исплатил ветените мининални финансии. Човекот кој во секој сегмент ја изневери нашата и довербата на фудбалерите, нема да го коментираме. Не е достоен за коментар! Би сакале само да ја информираме јавноста, дека како група одлучивме, во пресрет на најголемиот христијански празник…
Американски инвестициски фонд тврди дека купува удел во Манчестер Јунајтед. Според Скај њуз, фондот „Карлајл Груп“ дал понуда за стекнување на малцински удел во англискиот клуб. Инвеститорите во моментов преговараат. Извор близок до клубот рече дека интересот на „Карлајл“ е „сериозен“, додавајќи дека преговорите биле во тек веќе некое време. Клучните детали за понудата на Карлајл, вклучително и износот на капиталот што би сакал да го собере за клубот и структурата на договорот, допрва треба да се договорат.
Џуд Белингем без сомнение ќе биде едно од најизборуваните имиња во летниот преоден рок. Неговите одлични настапи привлекоа многу гиганти кои го сакаат неговиот потпис, но за да го добијат очигледно ќе мора да инвестираат голема сума на пари. Борусија постави цена од околу 140 милиони евра за својот играч. Покрај тоа, самиот играч сака плата од 15 милиони евра по сезона, што дополнително ги кочи сите клубови кои го посакуваат. Во редот за англискиот репрезентативец беа Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен. Први што ја напуштија конкуренцијата беа „црвените“ од Ливерпул, кои не можат да си…
