Одржувањето на трката за Големата награда на Монако може да биде под знак прашалник. Во Франција продолжуваат протестите во врска со усвојувањето на пензиската реформа, па во оваа насока, во земјата се одржуваат масовни протести и меѓу синдикатот CGT Energie, кој работи во енергетскиот сектор. Меѓу овие акции, се очекуваат прекини на струја на големи настани како Ролан Гарос и Големата награда на Монако. Од CGT Energie истакнаа дека не ја исклучуваат можноста овие настани да „завршат во темница“. CGT Energie веќе ја презеде одговорноста за прекините на електричната енергија на аеродромот во Монпеље и во училиштето во Еро кое…
Author: saso
Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси вчера напладне ги изненади сите со слетувањето на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона. Светскиот шампион со Аргентина година пристигна со семејството и најблиската придружба. Ѕвездата на светскиот фудбал доби неколку дена одмор и ја искористи можноста да се врати во градот. Сепак, медиумите посочија дека Меси слетал со 15 куфери, што остава прашање дали тој се сели во Барселона. Договорот на Меси со ПСЖ истекува на лето. Претседателот Лапорта и тренерот Чави бараат решение за да му обезбедат нов договор и враќање на Камп Ноу.
Барнли е под истрага на ФА на Англија за потенцијално местење натпревари. Станува збор за натпреварот одигран на 15 април против Ридинг. Натпреварот заврши 0-0, а менаџерот Винсен Компани изведе резервен состав на теренот и реши да одмори седум главни играчи. Ова се случи на натпревар откако Барнли и математички обезбеди враќање во Премиерлигата. Проблемот го пријави Хадерсфилд, тим кој се бори за опстанок заедно со Ридинг и е лут што Барнли му подари бод на големиот ривал. Според медиумите на Островот, Барнли би можел да биде казнет со голема парична казна, но и со губење на бодови.
Маурицио Покетино ќе биде нов менаџер на Челзи, објваи британски „Телеграф“. Тод Боели веќе одржал неколку состаноци со аргентинскиот стручњак. Според информациите, водечките фактори во Челзи се импресионирани од идеите на Покетино за развој на клубот. Токму поради оваа причина Покетино ќе ја добие довербата пред Нагелсман и Енрике. Се очекува во следните две недели разговорите да се интензивираат, па веќе на почетокот на мај Челзи да ја официјализира соработката со Покетино, кој ќе пристигне на крајот од сезоната.
Денеска во просториите на Универзитетот Скопје беше одржана прес-конференција пред промоцијата на документарниот филм за животот и кариерата на нашата голема фудбалска ѕвезда, Дарко Панчев. Творците на документарниот филм „Патот на Кобра до ѕвездите“, го најавија овој филмски документ со историска вредност за македонскиот спорт кој е во соорганизација и копродукција на Спорт клуб телевизија, Спортско радио 90,3 и Спорт нетворк продукција. На прес-конференцијата, присуствуваше Дарко Панчев, рекоторот на Универзитетот Скопје, Аце Миленковски, како и преставниците на ко-продуцентите, Спорт Нетворк од Белград и регионалната спортска телевизија Спортклуб. „Создадовме еден филм за детството на Дарко, неговиот раст и фудбалски развој се…
Големото фудбалско дерби во Србија меѓу екипите на Партизан и Црвена звезда ќе се игра пред празни трибини. Ова го одлучи Дисциплинската комисија на Српскиот фудбалски сојуз. Партизан и Звезда се среќаваат во второто коло од плејофот за првенството на Србија во среда од 18:30 часот. Поради инцидентите со навивачите на натпреварот на Партизан против Чукарички, домаќините беа казнети следниот меч да го одиграат на домашен терен без публика, а следниот домашен меч на „црно-белите“ е токму овој против Звезда.
Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, се сретна со претставници на Барселона оваа недела за да разговараат за двајца одбранбени играчи од Каталонците. „Нероаѕурите“ веќе работат на трансфер пазарот за следната сезона, откако Милан Шкрињар најверојатно со слободен трансфер ќе се пресели во ПСЖ. Интер е во потрага и по напаѓач, бидејќи вчера беше објавено дека Ромелу Лукаку ќе биде вратен во Челзи. Според каталонскиот весник „Спорт“, Аусилио зборувал за Клемент Ленгле и Самуел Умтити. Првиот игра на позајмица во Тотенхем, а вториот во Лече.
Бразилскиот напаѓач од екипата на Арсенал, Габриел Жесус по мечот со Саутемптон (3:3) изјави дека не се согласува со зборувањата дека неговиот тим ја загубил шансата да ја освои титулата во англиската Премиер лига. „Не сакам да зборувам негативно, бидејќи треба да останеме позитивни. Имаме неверојатна сезона. Ова е Премиер лига. Овде е многу тешко. Се натпреварувате со силни тимови како Саутемптон. Доаѓаат кај вас, се обидуваат добро да се одбранат, а потоа во контранапад да погодат. Примивме рано гол што ни го уништи планот, но мислам дека освен тоа, одигравме многу добро, ги почувствувавме и навивачите. Ова е тешко…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека веќе размислува за следната сезона, апелирајќи тимот да ги искористи преостанатите натпревари за да изгради силна основа. Ливерпул оваа сезона имаше разочарувачка серија во Премиер лигата, а тимот на Клоп е осми на табелата, со слаби изгледи за Европа. „Значи, иднината веќе започна, дозволете ми да го кажам така, но додека сме тука, мора да ги победиме натпреварите. Доколку не се квалификуваме за некое европско натпреварување, очигледно ќе биде големо разочарување, но мораме да се погрижиме да не губиме време во овој период. Се надевам дека можеме да земеме некои работи од оваа…
НБА лигата и официјално, по вторпат, за тренер на годината го прогласи предводникот на Сакраменто, Мајк Браун. Две од трите досега доделени награди му припаднаа на некој од редовите на Сакраменто Кингс. Диерон Фокс е најдобар „клач“ играч, а сега неговиот „командант“ од клупата Мајк Браун е прогласен за најдобар тренер. Браун веќе доби признание за овогодинешните резултати, но од Здружението на тренери во НБА, додека ова е гласање на новинарите. Инаку, ова не е првпат Браун да добива награда. Првиот пат беше во 2009 година на клупата на Кливленд Кавалирс во првиот мандат на Леброн.
