НБА лигата и официјално, по вторпат, за тренер на годината го прогласи предводникот на Сакраменто, Мајк Браун.
Две од трите досега доделени награди му припаднаа на некој од редовите на Сакраменто Кингс. Диерон Фокс е најдобар „клач“ играч, а сега неговиот „командант“ од клупата Мајк Браун е прогласен за најдобар тренер. Браун веќе доби признание за овогодинешните резултати, но од Здружението на тренери во НБА, додека ова е гласање на новинарите.
Инаку, ова не е првпат Браун да добива награда. Првиот пат беше во 2009 година на клупата на Кливленд Кавалирс во првиот мандат на Леброн.