Author: saso

Катар ќе биде домаќин на Светското првенство во кошарка во 2027 година. При донесувањето на одлуката, Централниот одбор на ФИБА бил импресиониран од понудата, а особено од елементите околу компактната географска природа, уникатната флексибилност со распоредот на местото на турнирот за подобро да им служи на навивачите. Сите натпревари ќе се играат во Доха, по примерот и на светското првенство во фудбал кое се одржа оваа зима. Интересно, сите шест сали во кои ќе се играат натпреварите се веќе изградени.

Read More
NBA

Кошаркарите на Бостон се пласираа во полуфиналето на плеј-офот на Источната конференција на НБА лигата, откако на гостински терен славеа против Атланта со 128:120 и со тоа ја добија серијата со 4:2. Бостон ќе игра во полуфиналето против Филаделфија. Џејлен Браун ги предводеше Селтикси на овој меч со 32 поени, Тејтум забележа 30 поени и 14 скока, Маркус Смарт додаде 22, додека Ал Хорфорд мечот го заврши со десет поени и 12 скока. Тре Јанг беше најефикасен кај Атланта со 30 поени и десет асистенции, но во последните две четвртини промаши 12 од 13 шута. Деандре Хантер постигна 20 поени,…

Read More

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, изјави дека сонува да стави крај на 11-годишното чекање на клубот за титула во Бундеслигата. 19-годишниот играч е клучен во тимот на Един Терзиќ кој моментално има бод предност пред Баерн Минхен на врвот на табелата, на пет натпревари до крајот на сезоната. „Никој во нашата соблекувална не сонуваше да биде прв по 29 кола. Сонот е да бидеме први по 34 коло. Мораме да победуваме на секој натпревар до крајот на сезоната. Без разлика дали Баерн го победил Мајнц или загубил, ние имаме наша задача. Сакаме да сонуваме, но прво треба да се…

Read More

Менаџерот на Манчестер Ј., Ерик тен Хег беше лут на своите играчи поради тоа што ја прокоцнаа предноста од 2:0 синоќа на мечот со Тотенхем. „Некои мислеа дека се е готово. Знам дека тие не се роботи и заморот е проблем, но мора да дадете сè во секоја прилика. Тоа е основата. Забавивме и тоа беше нашиот проблем. Разочарани сме. Имавме предност од 2-0. Имавме шанси да направиме 3-1 но не искористивме. Не бевме добри во 90-те минути, не одигравме брилијантно. По полувремето со 2-0 моравме да постигнеме уште еден гол“, вели Холанѓанецот.

Read More

Македонската ракометна репрезентација, вечерва од 20.15 часот против Луксембург ќе го игра петтиот и претпоследен натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024. Избраниците на селекторот Кире Лазаров ја имаат фаворитската улога, а истата треба да ја оправдаат на гостински терен. Со одлука на селекторот, во луксембург заминаа 17 ракометари меѓу кои и Никола Митревски. Од списокот отпаднаа Мартин Томовски и Едвин Омерагиќ, а поради повреди ќе отсуствуваат Костадин Петров и Марко Стојковиќ. Македонија по четири кола во квалификациската група „1“ е зад Португалија која има осум бодови, а ние и Турците имаме по четири.

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го критикуваше еден од неговите главни играчи, Винисиус Жуниор, поради преголемиот број на картони што ги добива. Бразилецот доби жолт картон и во синоќешниот пораз од Џирона со 4-2, што беше негов 14-ти картон оваа сезона. „Премногу за играч на неговата позиција. Разговарав со Винисиус за тоа неколку пати“, изјави Анчелоти. Анчелоти искажа незадоволство од дефанзивниот настап при поразот од Џирона, каде ја гледа и главната причина за вчерашниот тежок пораз.

Read More
NBA

Кошаркарите на Денвер и Феникс се пласираа во полуфиналето на плеј-офот на Западната конференција во НБА лигата. Утрово во петтиот натпревар од првата рунда на плеј-офот во Западот, Денвер ја совладаа Минесота со 112:109 и со тоа ја доби серијата од првото коло од плеј-офот против Минесота со 4:1. Во полуфиналето на Западната конференција Денвер ќе игра против Феникс, кој во петтиот натпревар го совлада Лос Анџелес Клиперс со 136:130 и исто така ја доби серијата со 4:1. Кошаркарите на Атланта го победија Бостон со 119:117 и намалија на 2:3 во серијата од првото коло на плеј-офот на Истокот.

Read More

Нејтан Аке кој е еден од редовните стартери во составот на Манчестер Сити во текот на оваа сезона, нема да може да им помогне на своите соиграчи на дуелот со Арсенал, кој може да биде и одлука за новиот англиски шампион. Аке се повреди на мечот со Баерн (М) во Лигата на шампионите и вечерва нема да му биде на располагање на Пеп Гвардиола за дуелот со „топчиите“. „Се надевам дека Аке ќе може да се врати наскоро, но против Арсенал нема да игра. Сè уште не знам за натпреварот против Реал Мадрид. Мора да го најдеме вистинскиот играч кој…

Read More

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, размислува да остане со Мануел Нојер како стартен голман по враќањето од повредата, што ќе значи дека за актуелниот голман на баварците Јан Зомес следната сезона нема да има место во дресот на баварците. Капитенот на Баварците моментално се опоравува од скршеницата на ногата и се очекува да биде фит за стартот на следната сезона. Зомер нема да се сложи да остане во сенка на Нојер, па затоа голема е шансата тој летово да си замине. Швајцарскиот интернационалец беше доведен од Борусија Менхенгладбах оваа зима, откако Нојер се повреди. За него Баерн плати 10…

Read More

Аргентинскиот плејмејкер Факундо Кампацо од следната сеозна ќе биде нов/стар играч на Реал Мадрид, пишува шпански „Релево“. Како што пренесува мадридскиот весник, се било договорено на 17 март во Барселона, кога Звезда и гостувала на истоимениот тим во Евролигата. Во текстот се вели дека Хуан Карлос Санчез, директорот на кошаркарската секција на Реал Мадрид и Алберто Хереро, спортскиот директор, отпатувале во Барселона за да постигнат договор со поранешниот играч. Враќањето во Реал беше првата желба на Кампацо кога Далас Маверикс го ослободи на крајот на минатата година, но тогаш тоа не беше остварливо поради клаузулата од 6.000.000 евра. „Релево“ наведува…

Read More