Извршниот директор на шкотски Абердин, Алан Бароус, ги предупреди клубовите кои се заинтересирани за нашиот репрезентативец Бојан Миовски дека ќе мора да издвојат големи пари доколку сакаат ова лето да го добијат нашиот голгетер. Абердин плати 550.000 фунти за Миовски при трансферот од МТК, но неговата цена по одличната сеозна во шкотската елита е многу поголема. „Кога играчите работат добро, другите тимови се интересираат за нив. На некој начин, тоа е комплимент за клубот. Ако некој ги сака нашите најдобри играчи, особено оние како Дук и Миовски кои имаат долги договори со клубот, ќе мора да излезат со големи понуди…
Author: saso
Актуелниот тренер на германски Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, според германскиот и холандскиот печат е еден од најсериозните кандидати за менаџерското место во англиски Тотенхем следната сезона. За Алонсо не се заинтересирани само „мамузите“, но тие имаат предност во преговорите, велат добро упатени извори. Баер (Л) се обидува да го убеди Шпанецот да остане кај нив и следната сезона, но Германците се светсни дека доколку Тотенхем му понуди екстра приходи, Алонсо има огромна веројатност да си замине од „Бај Арената“.
Сем Алeрдајс наскоро и официјално ќе стане тренер на Лидс Ј., објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според него, официјално е постигнат договор, а документите се направени и во блиска иднина ќе бидат потпишани. Алeрдајс ќе биде менаџер на Лидс Ј. до крајот на сезоната во обид да го обезбеди опстанокот во англиската елита. Претходно, искусниот тренер водеше многу различни англиски тимови, меѓу кои Њукасл, Сандерленд, Евертон и Вест Бромвич.
Даниел Алтмаер и Јан-Ленард Штруф се пласираа во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид како најголеми изненадувања, иако и двајцата загубија во квалификациите, но завршија на главниот турнир само поради тоа што други играчи се повлекоа. Така, за првпат во историјата на АТП (од 1990 година), двајца среќни губитници завршија дури во четвртфиналето на Мастерсот. Сега Штруф ќе се соочи со Стефанос Циципас, а Алтмаер со Борна Чориќ во битка за нови изненадувања.
Станува се поизвесно дека голем број играчи на Челзи ќе го напуштат клубот во претстојниот преоден рок. Сопственикот Тод Боли планира да го редуцира бројот на фудбалери во тимот, а новиот менаџер, кој најверојатно ќе биде Маурисио Покетино, веќе дал „зелено светло“ за продажба на дел од постоечкиот играчки кадар. Мејсон Маунт е меѓу имињата што се очекува да заминат ова лето. Покрај него Челзи ќе се ослободи и од Рубен Лофтус-Чик и Тревох Чалоба, а голема е веројатноста за продажба и на Армандо Броја, кој е надвор од терените поради долготрајна повреда. Рис Џејмс се поврзува со Реал Мадрид,…
На Барселона и требаат само уште два бода за да ја освои шпанската Ла Лига. По синоќешниот пораз на Реал и победат ана каталонците претходно на мечот со Осасуна, Барселона е на врвот на табелата со 82 бода, додека „кралскиот клуб“ има 68 бода. До крајот на сезоната има уште 5 кола, а 83 е максималниот број на бодови што Реал Мадрид ќе може да ги освои во случај на пет победи на следните натпревари. Така избраниците на тренерот Чави треба да освојат само уште два бода за и математички да ја освојат шампионската титула.
Џоел Ембид од Филаделфија и официјално е прогласен за најкорисен играч во НБА лигата (МВП), пред центарот на Денвер, Никола Јокиќ и Јанис Антетокунбо од Милвоки. Ембид беше прв во изборот со 73 гласови, Јокиќ добил 15, а гркот од Милвоки – 12. Ембид беше двапати најдобар стрелец во лигата, со просек од 33,1 поени. Тој оваа сезона одигра 66 натпревари и во моментов се бори со повреда на коленото во плеј-офот серијата. Ембид е првиот кошаркар на Филаделфија кој ја освоил наградата за МВП по Алан Ајверсон во 2001 година и само вториот Африканец кој е прогласен за најкорисен…
Кошаркарите на Њујорк израмнија на 1:1 против Мајами во полуфиналето од плеј-офот на Источната конференција во НБА лигата, откако победија со 111:105 во дуелот одигран синоќа. Никс ги предводеше Џејлен Бренсон со 30 поени, пет скока, две асистенции и две украдени топки, а Џулиус Рендл постигна 25 поени, со 12 скока и осум асистенции. Екипата на Мајами во отсуство на својот најдобар играч Џими Батлер поради проблем со десниот зглоб, најефикасен беше Кејлеб Мартин со 22 поени и осум скока. Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс поведоа против Голден Стејт во полуфиналето од плеј-офот на Западната конференција, откако победија на првиоот…
Тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти побара од своите фудбалери поголема сериозност и да се избегнат грешките кои ги направија во синоќешниот пораз од Реал Сосиедад со 2:0. „Се боревме во првото полувреме, но потоа примивме гол и имавме исклучување. Се стана компилицирано. Не разговарав со Карвахал, па не знам точно што се случи. Сега доаѓа многу важен период кога мора да бидеме подготвени и обврзани да ги анулираме грешките кои ги имавме во последно време. Мора да играме посилно во следните два натпревари. Кога губиш вака, е многу непријатно. Но, мора да гледаме напред бидејќи финалето на Копа дел…
ПСЖ денеска го суспендираше Лионел Меси, затоа што не се појави на тренингот вчера заедно со остатокот од тимот по поразот од Лориен во неделата со 1-3. Меси без дозвола на клубот отпатувал со семејството во Саудиска Арабија на краток одмор, поради што го навлече гневот кај претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи. Денеска од ПСЖ се огласија за непромислениот потег на Аргентинецот, кој во период од две недели ќе биде под суспензија. „ПСЖ го суспендираше Лионел Меси на две недели, а казната стапува во сила веднаш. Се се случи бидејќи тој отпатува во Саудиска Арабија без дозвола”, пишуваат странските…
