Кошаркарите на Њујорк израмнија на 1:1 против Мајами во полуфиналето од плеј-офот на Источната конференција во НБА лигата, откако победија со 111:105 во дуелот одигран синоќа. Никс ги предводеше Џејлен Бренсон со 30 поени, пет скока, две асистенции и две украдени топки, а Џулиус Рендл постигна 25 поени, со 12 скока и осум асистенции.
Екипата на Мајами во отсуство на својот најдобар играч Џими Батлер поради проблем со десниот зглоб, најефикасен беше Кејлеб Мартин со 22 поени и осум скока.
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс поведоа против Голден Стејт во полуфиналето од плеј-офот на Западната конференција, откако победија на првиоот меѓусебен дуел со 117:112.
Ентони Дејвис ги предводеше Лејкерси со 30 поени, 23 скока, пет асистенции и четири блокади, а Леброн Џејмс додаде 22 поени со 11 скока. Во тимот на актуелниот шампион најефикасен беше Стивен Кари со 27 поени. Вториот натпревар ќе се игра ноќта меѓу четврток и петок, а домаќин повторно ќе биде Голден Стејт.