Author: saso

Англиски Њукасл во моментов работи на продолжување на договорот на бразилскиот централен играч за врска Бруно Гимараеш. Фудбалерот кој пред година и пол настапуваше за францускиот Лион, па се пресели во Англија, сега е алфа и омега во тимот на Еди Хау. 25-годишниот фудбалер кој има 36 настапи за Њукасл сезонава, постигнувајќи четири гола и пет асистенции е приоритет околу кого ќе се гради шампионскиот тим на Њукасл. Челниците на тимот одлучија дека клучниот играч веќе заслужува подобрена понуда за нов договор, а покачувањето на платата ќе му овозможи да остане уште две дополнителни години во англискиот клуб (до 2028…

Read More

Со победата над Силекс од 3:0 вчера во рамките на 31. коло од домашното фудбалско првенство, екипата на Струга ТЛ е нов шампион на Македонија. Стружани кои оваа сезона од првото до последното коло се на врвот на табелата, сосема заслужено за првпат во историјата ќе го кренат шампионскиот пехар во своите раце. Струга ТЛ на две кола до крајот ја освои шампионската круна и стана првиот град по Скопје и Тетово кој од 2007 година, па наваму,има свој фудбалски првак.

Read More

По вчерашниот пораз од екипата на Тиквеш на домашен терен со 4:1, Александар Васоски повеќе не е тренер на Академија Пандев. Како што и самиот потврди на социјалните мрежи, веднаш по мечот понудил оставка, која клубот ја прифати. „По денешниот пораз и во разговор со управата , поднесов неотповиклива оставка која беше прифатена. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“, напиша Васоски. Струмичкиот состав по последниот пораз е на 4 бода од зоната за испаѓање на табелата.

Read More
NBA

Кошаркарите на Феникс на домашен терен го победија тимот на Денвер со 129:124 и со тоа изедначија на 2:2 во полуфиналето од плеј-офот на Западната конференција. Ниту одличната партија на Никола Јокиќ, кој постигна 53 поени, не беше доволно за Нагетс да обезбедат трета победа во плеј-од серијата. Девин Букер и Кевин Дурент ги предводеа Санс до победата со по 36 поени, додека Лендри Шамет додаде 19 поени, вклучувајќи четири важни тројки во последната четвртина. Синоќа Филаделфија израмни на 2:2 во полуфиналето на Источната конференција откако по продолжение го совлада Бостон со 116:115. Најдобар учинок во домашниот тим имаше Харден…

Read More

Двократниот светски шампион Макс Верстапен синоќа триумфираше на трката за Големата награда на Мајами, петта трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. На улиците на Мајами, возачот на Ред Бул ја забележа третата победа сезонава, а вкупно 38-ма во кариерата. Веднаш зад него финишираше неговиот тимски колега Серхио Перез, додека Фернандо Алонсо од Астон Мартин се најде на третото место. Верстапен сигурно ја извозе најдобрата трка сезонава, откако на стартот загуби една позиција и падна на 10. Место, но пото аимаше брилијантно возење кое го донесе до новата победа. Џорџ Расел со Мерцедес заврши четврти, додека Саинц и тимскиот колега…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс веќе подолго време е на листата на голем број водечки клубови од Премиер лигата кои го посакуваат во своите редови следната сезона. Според ESPN, лондонскиот клуб е подготвен да го продаде својот лидер, но за него ќе бара 100 милиони фунти. Се вели дека Арсенал моментално води во трката за играчот, но во трка за играчот се и Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи и Њукасл. Претходно беше објавено дека е познат буџетот на Арсенал за летните трансфери, а на Артета му требаат само врвни играчи, меѓу кои и Рајс.

Read More

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да настапи ниту на Мастерсот во Рим затоа што повредата на мускулот на левата нога сè уште не му дозволува настап. Иако се чувствувал подобро, сепак 37-годишниот тенисер реши да паузира уште некое време од тенисот. „Поздрав до сите, жалам што морам да се откажам од настап во Рим. Сите знаете колку ме боли што ги пропуштам овие турнири. Но и покрај тоа што се чувствувам подобро деновиве, сепак немав избор“, кажа Надал.

Read More
NBA

Феникс го победи Денвер со 121:114 и намали во серијата од плеј-офот во НБА лигата на 2:1, а вечерта повторно ја одбележа српскиот центар Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар го заврши натпреварот со трипл-дабл од 30 поени, 17 скокови и 17 асистенции и стана првиот играч во историјата на НБА кој имал 25+ поени, 15+ скокови и 15+ асистенции во еден натпревар од плеј-офот. Најрасположен во редовите на победничкиот тим беше Букер кој постигна 47 поени, Дурант додаде 39.

Read More

Лука Модриќ ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид. Веста денеска ј потврдија повеќе шпански извори. Според информациите, Хрватот ќе остане во Реал уште една година. Тој вече ги договорил сите услови со клубот каде настапува од 2012 година. Модриќ освои сѐ што може да се освои со Реал и стана вистинска легенда на екипата.

Read More

Денеска во Битола, треба да го добиеме одговорот на прашањето кој ќе биде новиот ракометен шампион на Македонија. Вардар на гостувањето кај Еурофарм Пелистер ќе ја брани титулата, а домашните се надеваат дека, конечно, ќе ги симнат „црвено-црните“ од тронот. Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде преполна, билетите се распродадоа за само 17 минути од пуштањето во продажба и тоа е најава за одлична атмосфера. На врвот на табелата Вардар и Еурофарм Пелистер се израмнети со по 33 бода, а Алкалоид има шест помалку. Алкалоид од 18 часот денекса гостува кај Бутел во вториот меч од ова 12 коло во домашниот…

Read More