Author: saso

Еден од најдобрите фудбалер на Арсенал оваа сезона, Мартин Одегард призна дека неговиот тим сега веќе „нема надеж“ да ја освои титулата во Премиер лигата. „Топчиите“ загубија со 3-0 од Брајтон и го ставија Манчестер Сити на прагот на титулата, на кој му е потребна само една победа во последните три натпревари за да ја одбрани шампионската титула и оваа сезона. „Сега ќе биде многу тешко, мора да бидеме искрени“, рече капитенот на Арсенал. „Не е добро чувството во моментов. Начинот на кој игравме, особено во второто полувреме, не знам што се случи да бидам искрен. Сега се чувствувам како…

Read More

За првпат откако се појавија гласините за негово заминување од Баерн (М), се огласи и ветеранот во составот на баварците, Томас Милер. Напаѓачот на Баерн Минхен јавно ги коментираше гласините за негово можно заминување од тимот, велејќи дека не размислувал за тоа и планира следната сезона да игра за Минхен. „Дали му кажав на раководството дека следната сезона ќе играм за Баерн? Да. Барем нашиот разговор оваа недела помина на позитивен начин. Ние зборуваме за тоа цело време. Понекогаш дури и на масата во кујната. Но, овој пат тоа беше во канцеларијата на Оливер Кан. Разговаравме за ситуацијата во клубот…

Read More
NBA

Кошаркарите на Бостон синоќа се пласираа во финалето на плеј-офот на Источната конференција во НБА лигата, откако во седмиот решавачки натпревар од полуфиналето ја совладаа Филаделфија со 112:88. Џејсон Тејтум имаше неверојатна вечер и ги предводеше Селтикси со 51 поен, 13 скока, пет асистенции и две украдени топки. Тој е единствениот играч во историјата на лигата кој постигнал повеќе од 50 поени во седмиот плеј-оф натпревар. Во победата свој придонес имаа и Џејлен Браун со 25 поени и шест скока, а Малколм Брогдон постигна 12 поени. Во тимот на Филаделфија најефикасен беше Тобијас Харис со 19 поени и пет скока,…

Read More

Тетовска Шкендија и досегашниот тренер на тимот Ќатип Османи, по вчерашниот последен меч ПМФЛ ја завршуваат соработката. По мечот со Работнички, Османи во изјава за клупскиот сајт истакна дека овој меч за него беше последен како тренер на Шкендија. “Ова беше мој последен меч како тренер на Шкендија. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, за сета поддршка што ја имав од играчите, фановите, рајоводството и спонзорот. Им благодарам“ изјави Османи. Од клубот го потврдија неговото заминување. Инаку, Османи ја презеде Шкендија во август минатата година.

Read More

Марко Безеки од Италија е победник на денешната трка во Мото ГП која се возеше на патеката Ле ман за ГН на Франција. По многу излетувања и незгоди, на крајот само 13 мотоциклисти успеаја да ја минат целната рамнина. Второто место на подиумот беше резервирано за уште двајца возачи на Дукати – Хорхе Мартин кој заврши со заостанување од +4,256, а трет на „домашната патека“ беше Жоан Зарко со заостанување од +4,795. Ова беше јубилејна 1000-та трка во историјата на Мото ГП шампионатот, а воедно беше најгледаното Гран при во историјата.

Read More

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, не успеа да ја освои ИТФ титулата на турнирот во Куршумлијска Бања во Србија откако денеска во финалниот меч загуби од седмиот носител на турнирот, Французинот Клемен Табур. Французинот славеше со 2:1 во сетови (6:4, 3:6, 6:2) и ја оправда фаворитската улога во финалниот меч. Ивановски направи се за да дојде до првиот трофеј оваа година, но шансата ќе ја чека во некоја друга прилика. Мечот траеше два часа и 39 минути.

Read More
NBA

Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс може да биде именуван во тимот на САД за претстојното Светско првенство во 2023 година, кое започнува кон крајот на август. „Тој би можел да игра на Светското првенство во 2023 година за тимот на САД пред Олимпијадата во 2024 година“, објавија извори од клубот. САД на Мундобаскетот се дел од групата Ц. Тие ќе се соочат со Грција, Јордан и Нов Зеланд.

Read More

Раководството на шпански Атлетико Мадрид планира да отпочне преговори со тренерот Диего Симеоне за обновување на неговиот договор, пренесува локалниот весник Ас. Планот на клупските газди е тоа да се случи по завршувањето на сезоната. И покрај несигурниот почеток на 2022 година, кога пласманот во Топ 4 изгледаше тешко остварлив, тимот успеа да ги врати своите позиции и моментално е трет на табелата во Ла Лига со 69 бодови, но и натпревар помалку од второпласираниот Реал Мадрид кој има 71 бод. Според „Ас“, за да биде убеден да потпише нов долгорочен договор, Симеоне ќе мора да добие поддршка за активни…

Read More

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората ќе се пресели во Милан, објавија извори блиски до клубот. Според информациите, раководството на „росонерите“ е сериозно заинтересирано да ангажира играч кој има искуство во Серија А, а Мората веројатно е повеќе о ддобра опција. Мората двапати играше за Јуве – од 2014 до 2016 година и од 2020 до 2022 година. 30-годишниот Шпанец оваа сезона забележа 42 настапи за „јорганџиите“ и постигна 15 гола и забележа 3 асистенции. Милан веќе имал првични разговори со Шпанците, но не е јасно дали е постигнат некаков договор.

Read More

По вчерашниот срамен испад на еден од полицајците во салата „Билјанини Извори“ на ракометното куп-финале, кога со палка го удри ракометниот репрезентативец на Македонија и член на Вардар, Филип Талески, денеска од МВР потврдија дек е оформен предмет за случајот. Во соопштението објавено во јавноста се вели: „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет во врска со случувањата на финалето на КУП на Македонија. По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид…

Read More